Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МЕДИУМСКА МАНИПУЛАЦИЈА ВО ТЕКОТ НА ИЗБОРНИОТ МОЛК КОРУПТИВЕН ВИДЕО СПОТ ШТО ГИ ЧИНЕШЕ ГРАЃАНИТЕ 1,1 МИЛИОН ЕВРА

July 21, 2020 Filed Under: Македонија

Видео-клип платен од државниот буџет со зделка од 2016 г. која е под истрага за корупција беше објавен на Јутјуб и користен за мобилизација на гласачите преку огласи на Фејсбук во текот на изборниот молк меѓу 13 и 15 јули 2020 г.

СЕКВЕНЦА ОД ВИДЕО СПОТ Автори на спото се од фантомската Јадран филм Скопје а пеомоцијата одеше преку јутјуб каналот

Клипот насловен „Налеј, налеј – Македонија е љубовна приказна“ беше објавен на Јутјуб на 12 јули на каналот „Macedonia TV series“ и во наредните денови беше промовиран на социјалната мрежа Фејсбук преку многубројни платени огласи од неколку различни страници.

Целта на оваа пропагандна операција беше недвосмислена – да се предизвикаат емоции кај гласачкото тело преку потсетување на патриотски теми со цел да се гласа за партија која го присвојува историското наследство на револуционерната борба од почетокот на XX век. Така, една од „спонзорираните“ објави на Фејсбук повикуваше:

„Да се наежиме и со љубов и со пенкало да си ја вратиме татковината!! Да му покажеме на светот како изгледа вистинскиот  референдум за Македонија!!“

Текстот прави директна алузија на изјавата на политичкиот противник Зоран Заев по изборите од 2016 година дека „режим падна со пенкало“ – односно преку мирно гласање.

СЕРИЈА КОЈА ЈА НЕМА За креаторите на овој спот и авансот од кој не излезе ништо Мими Ѓоргоска заработи тешко обвинение

Спотот е единствената снимка од несудената играна серија „Македонија“ која продуцентската куќа Јадран Филм ДООЕЛ Скопје ја  има направено достапна до јавноста. За серијата од државниот буџет било договорено да се исплатат 4,6 милиони евра.

Според истражувањето на Призма од ноември 2017 година, за серијата до тогаш биле потрошени 1,1 милион евра народни пари. Таа година продуцентот требало да покаже дека парите се наменски потрошени со тоа што до септември ќе ја емитува првата сезона од 14 епизоди.

Но, освен краток трејлер и една сцена од нецела минута, на официјалниот канал на Јутјуб во наредните скоро три години не е објавено ништо друго од серијата.

Содржината на трејлерот е слична на содржината на спотот објавен од истата фирма и промовиран во текот на изборниот молк – сцена во кафеана од 1903 година при која присутните ја пеат народната песна „Налеј, налеј“, која е дел од легендата за гемиџиите.

НААЛЕЈ, НАЛЕЈ Песната која се врзува за солунските атентатори „Налеј, налеј“в е искористена за будење на националните чувства

Во декември 2017 година Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција почнало истрага за случајот, за во февруари 2020 г. Основното јавно обвинителство – Скопје  да поднесе обвинителен акт против поранешната директорка на Агецијата за филм за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување со цел на Јадран Филм ДООЕЛ да му прибави „значителна имотна корист од 68.000.000 денари“.

За потребите на промоција на спотот беа користени постоечки и новоотворени страници на Фејсбук. Една од нив, насловена „Наша татковина Македонија“ беше отворена на самиот ден на изборите 15 јули, искористена за лансирање огласи, а по завршувањето на гласањето угасена, веројатно во обид да се прикријат финансиските траги за овој дел од изборната кампања.

Од неодамна, Фејсбук промовира поголема транспарентност за страниците на нивната платформа. Тоа ги опфаќа и страниците кои се избришани, за кои сепак останува трага дека постоеле.

(Мета)

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet