Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ПРАВИ ЈАВНА РАСПРАВА ИЛИ ПРИВАТНА ЗАБАВА?

December 14, 2021 Filed Under: Македонија

На невладиниот сектор и на новинарите не им се дозволи да ја следат а првите и да учествуваат во расправата за еден важен закон – Новинарските екипи на „Слободен печат“ и на „Утрински брифинг“ исфрлени од јавната расправа за легализација на канабисот

РАСПРАВА Дрес кодот на водителката на „настанот“ е навистина како за приватна забава

Медиумите и граѓанскиот сектор беа оневозможени да следат настан кој на социјалните мрежи беше најавен како Јавна расправа за законот за легализација на канабис. Настанот беше најавен точно на пладне во амфитеатар на Медицинскиот факултет, но организаторките одбија да ја почнат расправата додека не излезат екипите на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“.

Несогласувањето прво почна со невладините организаци кои се уште одбиваат да ја напуштат салата, а потоа продолжи со медиумските претставници на кои им беше кажано дека ќе сносат последици доколку продолжат да снимаат. Откако бевме замолени од страна на производителите на канабис да го напуштиме амфитеатарот за да може да се одржи расправата, излеговме, а претставниците на невладините организации и понатаму одбиваат да ја напуштат салата.

Во неколку наврати организаторите им се обратија на медиумските претставници со закана дека ќе сносат последици доколку излезат снимки или фотографии од „јавната расправа”. Организаторката дури и телефонски повикуваше обезбедување.

На ваквиот скандалозен однос на организаторките реагираше и адвокатот и активист Јанаки Митровски кој исто така е во салата и одбива да ја напушти.

Во овој момент во амфитеатарот во организација на Министерството за здравство на Медицински факултет се одржува наводно јавна расправа а всушност приватна забава за Законот за контрола на опојни дроги на кој се обидуваат да не избркаат мене, браќата Масларковски и Филип Достовски со образложение дека не било јавна расправа туку затворен состанок. Ние не си одиме и еве не почнуваат дур не си отидеме, напиша Митровски на фејсбук.

Од Министерството за здравство, иако состанокот беше најавен како јавна расправа, реагираат дека расправата всушност била работен состанок меѓу претставници на Министерството и производителите на канабис.

Денешниот инцидент каде што медиумските работници повторно беа оневозможени да следат настан е уште еден доказ дека конечно е време некој да преземе одговорност за попречување на работата на новинарите.

Имаше реакција од ЗНМ. Во ракцијата стои – настанот се случи во просториите на Медицинскиот факултет во Скопје, за време на јавна расправа за законот за легализација на канабис. Како што известуваат новинарските екипи на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“, организаторот одбил да ја почне расправата се додека екипите на овие на медиуми не ја напуштат просторијата.

ЈАНАКИ МИТРЕВСКИ Одби да го напушти состанокот

ЗНМ повикува на расветлување на деталите во врска со овој инцидент од страна на надлежните институции и бара почитување на правото на информирање на граѓаните, посебно кога станува збор за јавни расправи како горнаведената.

Според Кодексот на новинари, новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација има право за тоа да ја информира јавноста.

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet