Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МЕМОВ: СТАБИЛИЗАЦИЈАТА НА ПИОМ БАРА ЕКОНОМСКИ РАСТ И НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

November 25, 2025 Filed Under: Македонија

Зголемување на пензиите ќе има согласно законот што беше донесен оваа година. Во март месец 2026 година предвидено е зголемување на пензиите од 1 000 денари и исто така законското усогласување коешто треба да се направи во септември 2026 коешто исто така е предвидено меѓу 3 и 5%“ 

МЕМОВ Работниците кои приватниот сектор ги посакува и после пензионирањето може да земаат и плата и пензија, на новатав плата ќе се плаќа придонес ама тој влгува во посебна ставка на Фондот

Мерката за линеарно зголемување или усогласување на пензиите владата ја донесе на барање на пензионерите. Вкупниот буџет за усогласување на пензиите практично е ист. Разликата е во тоа што сите добиваат линеарно, а практично проекцијата на буџетот за 2025 за усогласувањето беше проектирана на 4%. Вкупниот буџет е ист што се подели кај пензионерите – во висина од 1 000 денари на секој пензионер линеарно и тој се однесува заради ублажување на ценовните шокови, инфлацијата, зголемувањето на платите. Усогласување на пензиите е на ниво помеѓу 4 и 5%. Ова значи дека во Македонија ние имаме социјално-солидарен систем.  Исплатата на пензиите ја гарантира владата. За 2026 година предвиден е буџет во ФПИОМ од 152 или 153 милијарди денари. Тоа е скоро половина од вкупните приходи што ги има државата во буџетот за 2026 година. Финансиската кондиција на на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во одлична состојба. Учинокот на ЗНАМ, на ВЛЕН и на ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори начеше убедлива победа на владините партнери на овие избори. Во јавноста непотребно се пласира перцепцијата дека има некаков интерен конфликт меѓу ЗНАМ и ВЛЕН и дека на ЗНАМ се препишува некаков предзнак на албанофобство, вели Мемов.

„Кога станува збор за пензискиот систем во Република Македонија, многу е битно да бидеме прецизни. Мора да се прецизира на што се однесуваат трансферите што се прават од државата кон Пензискиот фонд. Вкупно за 2025 година планирани се исплати на трансфери од 53 милијарди денари или преведено во евра тоа се отприлика околу 862 милиони евра и тие транзициони трошоци, односно трансфери од владата кон ПИОМ, не се однесуваат само кон исплата на пензиите, туку се и однесуваат и на исплата за здравственото осигурување на пензионерите и за транзициони трошоци кон вториот столб. Така што буџетскиот дефицит во ПИОМ, односно во државата се однесува на овие три основни компоненти.

– Зголемување на пензиите ќе има согласно законот што беше донесен оваа година. Во март месец 2026 година предвидено е зголемување на пензиите од 1 000 денари и исто така законското усогласување коешто треба да се направи во септември 2026 коешто исто така е предвидено помеѓу 3 и 5%“, изјави за магазинот „Трилинг“, директорот на ПИОМ, Никола Мемов, прашан дали ќе има зголемување на пензиите – од кога и за колку.

„Мерката за линеарно зголемување или усогласување на пензиите владата ја донесе на барање на пензионерите. Вкупниот буџет за усогласување на пензиите практично е ист. Разликата е во тоа што сите добиваат линеарно, а практично проекцијата на буџетот за 2025 за усогласувањето беше проектирана на 4%. Вкупниот буџет е ист што се подели кај пензионерите – во висина од 1 000 денари на секој пензионер линеарно и тој се однесува заради ублажување на ценовните шокови, инфлацијата, зголемувањето на платите“, вели Мемов.

Прашан дали кога вели за ублажување на ценовните шокови, растот на цените, животниот стандард, смета дека е доволно зголемувањето на пензиите од 1 000 или 2 000 денари и дали знае во меѓувреме за колку посто се зголемени цените на производите, директорот на ПИОМ вели дека вкупното зголемување на пензиите е 25%.

„Од друга страна, усогласување на пензиите е на ниво помеѓу 4 и 5%. Ова значи дека во Македонија ние имаме социјално-солидарен систем. Разликите кај пензионерите, ова е мое лично размислување, кој колку уплаќал како придонес по основ на работниот стаж, разликите во уплатите завршуваат со денот на изготвувањето на решението за пензија. Вие сте уплаќале повеќе и имате поголема пензија на денот на пензионирањето, јас сум уплаќал помалку во Фондот и имам помала пензија.

– Ова зголемување на пензиите, односно усогласувањето се однесува на намалување на ценовниот шок, разликите во платите и инфлацијата. Инфлацијата или зголемувањето на цените се исти и за вас и за мене. Така што животниот стандард поскапува за сите пензионери подеднакво. Разликите остануваат во делот на денот на изготвувањето на решението за пензија и овој концепт, можам слободно да кажам, е исправен и праведен, затоа што концептот на пензискиот систем во Македонија е социјално-солидарен“, смета Мемов.

Прашан во каква финансиска кондиција е ПИОМ денес, бидејќи дел од упатените велат дека ако вака продолжи пензии нема да има, Мемов категоричен дека тоа не е точно.

„Исплатата на пензиите ја гарантира владата. За 2026 година предвиден е буџет во ФПИОМ од 152 или 153 милијарди денари. Тоа е скоро половина од вкупните приходи што ги има државата во буџетот за 2026 година. Кога велам дека владата ја гарантира исплатата на пензијата, влада ја гарантира исплатата на покачените пензии. Наредната година ќе бидат во март месец со вкупна вредност од 7.000 денари секој месец и за исплата на овие пензии владата за следната година определува 63 милијарди денари трансфери, за да може редовно да се исплаќаат и пензиите, да се исплаќа редовно здравственото осигурување на пензионерите и трансферите кон вториот столб.

– Основни параметри, фактори врз коишто се пресметува висината на пензијата, е висината на стажот и просечната нето плата што осигурениците ја земаат во својот работен век. Исто така како фактор може да влијае и висината на придонесите што секој од нас ги има уплаќано во Фондот. Ако сакате да знаете на кој начин може да се стабилизира финансиски ФПИОМ, тука мора да се земат предвид два фактора.

Едниот фактор е – државата мора да обезбеди стабилен економски раст и отворање нови работни места, затоа што државата почива на пет основни столбови – политички систем, каде што е целата државна управа, правосуден систем, економски систем, реален бизнис сектор, безбедносен систем каде што влегуваат војска и полиција, здравствениот систем којшто го опфаќа целото население и пензискиот систем кој што опфаќа 2/3 од населението и скоро половина од буџетот што ги уплаќаме ние како осигуреници внатре во буџетот.

– Мора да се гледа големата слика. Големата слика вика – не може да се стабилизира еден од овие столбови без да има влијание еден помеѓу друг. Поврзани се. Стабилизацијата на пензискиот систем значи и стабилизација на здравствениот систем, значи стабилизација на економскиот систем. Не може вие да зголемите придонеси за пензиско осигурување без соработка со бизнис заедницата и со стопанските комори, нагласува Мемов.

Прашан дали ова значи дека во скора иднина не може да се очекува стабилизација на ПИОМ, првиот човек на Фондот вели дека се етаблира отсекот за актуарство со помош и соработка на Светска банка, ќе се направат сите математички модели околу одржливоста на пензискиот систем на долг рок.

„Ова значи дека следната година ПИОМ ќе излезе со сериозна анализа до владата со насоките – во каква ситуација се наоѓа во моментот и кои се перспективите на овој бизнис модел, односно дали е тој одржлив на долг рок.

На директното прашање – во каква состојба во моментов се наоѓа ПИОМ, Мемов вели дека Фондот нема ниту една неплатена фактура кон економските добавувачи, исплатата на пензиите оди тековно.

„Финансиската кондиција на на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во одлична состојба“, вели Мемов.

Говорејќи за правото на пензионерите за дополнителна работа, првиот човек на ПИОМ вели дека се размислува за тоа. Работодавачите се расположени да ангажираат пензионери коишто се од различни профили а се дефицитарен кадар.

„Законот овозможува за професорите и докторите до 67 години да работат, но ова повеќе е насочено кон приватниот сектор и работодавачите се расположени ова да го финансираат. Значи пензионерите да добиваат дополнителна плата. На таа плата да бидат плаќани придонеси коишто ќе дојдат на некоја си заедничка сметка во Фондот за пензиско, без да имаат било какво влијание понатаму на висината на пензијата, бидејќи придонесите се уплаќаат на лична сметка, на лично име“, вели Мемов.

Одговарајќи на прашањето нали ПИОМ е легло за партиски кадри, првиот човек на ПИОМ вели дека од пет советници на директорот коишто се на ниво на државни советници, четворица од нив се декларирани поддржувачи на ДУИ.

„Во изминатиот период, кога дојдов минатата година во септември месец, наследив една ситуација каде што имавме дисбаланс на вработените во филијалите низ Македонија. Како пример – во филијалата Тетово во моментов имаме 55 вработени, што значи стопроцентна пополнетост на работните места по основ на систематизацијата. Слична е ситуацијата во Гостивар, Куманово, Дебар, Струга, а за разлика од нив, во Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци, Штип… имавме по пет до шест вработени. Значи ако земете предвид дека ДУИ 20 години управуваше со ПИОМ, одговорот на вашето прашање е – апсолутно да, вели Мемов.

(ова е сегмент од интервјуто чија цела содржина може да се прочита на сајтот triling.mk)

 

 

Filed Under: Македонија

КOС: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРОШИРУВАЊЕТО
ИСТЕЧЕ РОКОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА
СКЕПТИЧНО: ЗАПАДНА ЕВРОПА НЕ ГО ПРИФАЌА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА УКРАИНА, НО ДАЛИ ТАА Е ВООПШТО ПРАШАНА?
АВТОПОРТРЕТИ И НЕКОЛОКУ ПАЛЕТИ – ИНТРОСПЕКТИВНИОТ УНИВЕРЗУМ НА МИРО МАСИН
ПСИХОЛОГИЈА НА ЗЛОТО: КАКО Д-Р МЕНГЕЛЕ ИЗБЕГАЛ ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

Најново

  • КOС: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРОШИРУВАЊЕТО
  • ИСТЕЧЕ РОКОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА
  • СКЕПТИЧНО: ЗАПАДНА ЕВРОПА НЕ ГО ПРИФАЌА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА УКРАИНА, НО ДАЛИ ТАА Е ВООПШТО ПРАШАНА?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet