Во својата книга „Слобода“ поранешната канцеларка не спомен ува буквално ниту еден друг политичар од Балканот!
Давајќи кус осврт на поглавјето за Западен Балкан од писанието наречено „Слобода“, германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во својата објава на Икс пишува дека Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната канцеларка експлицитно го споменува во своите мемоари
Храбар и решителен. Вака поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го опишала македонскиот експремиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во своите мемоари од над 700 страници.
Давајќи кус осврт на поглавјето за Западен Балкан од писанието наречено „Слобода“, германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во својата објава на Икс пишува дека Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната канцеларка експлицитно го споменува во своите меморари.
Меркел, како што пишува германскиот новинар, не ги спомнува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов, ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ.
„Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц не се споменува. Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, исто така. На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’“,
пишува германскиот новинар Михаел Мартенс во својата објава на Икс.
Мемоарите на Ангела Меркел насловени како „Слобода“ беа промовирани вчера во Берлин, речиси три години откако таа ја напушти функцијата. Во книгата таа дава осврт на својот живот, од детството и младоста во Германската Демократска Република (ГДР), преку обединувањето на Германија, нејзиниот политички подем во Сојузна Република Германија, сè до крајот на нејзината 16-годишна канцеларска кариера во есента 2021 година.