Рамиз Мерко со години тврди дека тој нема на својот терен ниту една дивоградба. Сепак, сега прифаќа дека во неговиот „пашалак“ важат забелешките на Извештајот што се однесуваат на оваа материја
Градоначалникот, кој во повеќе наврати негираше дека во Струга има дивоградби, испратил допис до ДЗР дека за Општината се прифатливи забелешките од Извештајот за усогласеност во спроведувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти
Општина Струга да почне да се справува со дивоградбите, да го ажурира регистарот на бесправно изградените објекти и да ги зајакне градежните инспекциски служби – се дел од препораките на Државниот завод за ревизија објавени на 35 страници во конечниот Извештај за усогласеност во спроведувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Ревизорите во заклучокот наведуваат дека не се почитувале роковите предвидени со Законот, не се постапувало ниту по решенијата на градежните инспектори.
„Законски дадената можност за доставување на некомплетни барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кои најчесто се без геодетски елаборат и имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект, честите измени на законот, непочитување на утврдените рокови во Законот за преземање одредени дејства, кадровската неекипираност на градежната инспекција, непостапување по донесените заклучоци од градежните инспектори, сложеноста на процесот на донесување на планско урбанистичка документација, носење на одлуки за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистичко-планска документација и постапки и слабостите во делот на наплатата на надоместоците за регулирање на правниот статус на бесправно изградените објекти имаат влијание процесот на утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во општина Струга да не се одвива според потребната/очекуваната динамика што влијае на одолговлекување на процесот и непостигнување на целите на Законот,“ стои во заклучокот од ДЗР.
Во однос на дивоградбите ревизорите забележуваат дека Општината не ги отстранува.
„До денот на ревизијата во општина Струга има 4 040 одбиени барања за регулирање на правниот статус на бесправно изградени објекти, кои согласно со Законот за регулирање на правниот статус на бесправно изградените објекти и Законот за градење треба да бидат отстранети. Во периодот опфатен со ревизијата, Општина Струга нема спроведено отстранување на бесправно изграден објект, согласно со Законот за постапување со бесправно изградените објекти, а со исклучок на другите години (2011-2019), во текот на 2017 година, општината нема ангажирано надворешна фирма за отстранување на бесправно изградени објекти“ пишува во извештајот.
Ревизорите дообјаснуваат дека ваквата состојба не е во согласност со член 24 од Законот, каде што е регулирано дека бесправните објекти, кои нема да ги исполнат условите за издавање урбанистичка согласност, односно за кои ќе се донесе решение за одбивање на барањето за утврдување правен статус ќе се отстранат согласно со одредбите на Законот за градење.
Градоначалникот Рамиз Мерко, кој во повеќе наврати негираше дека во Струга има дивоградби, испратил допис до ДЗР дека за Општината се прифатливи забелешките од извештајот и наведува дека ќе постапи по нивните барања.
Општина Струга нема никаков проблем со заштита на природното и културното наследство и нема градби во заштитената зона, уверува градоначалникот Рамиз Мерко по најавите на министерката за култура и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска, дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање ингеренции на општините Охрид и Струга за, како што рече, немањето волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано на листата на УНЕСКО.
„Повеќе пати сум изјавил и сега истото го кажувам, дека ние немаме никаков проблем со заштита на природното и културното наследство. Целосно е запазена зоната покрај езерото да нема градби, ниту диви ниту со дозвола. Во тој предел и не смееме да дадеме одобрение за градење. Одговорни сме и во никој случај не го загрозуваме природното и културното наследство за зачувување на статусот во УНЕСКО“,
изјави Мерко.
Пред повеќе од една година, Општина Струга побара ослободување од ингеренциите во областа на урбанизмот, но од Министерството за транспорт и врски доби одговор дека за тоа не постои законска можност.
Министерката за култура Ирена Стефоска пак, пред неколку дена порача дека Владата треба да им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга во делот на заштитата на културното и природното наследство поради непридржување кон стандардите на УНЕСКО.
„Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини. Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство“, рече Стефоска.
Реагирајќи на градежните активности на објектот „Парк“ – Охрид, министерката за култура најави дека на одговорност ќе бидат повикани Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид и Управата за заштита на културното наследство
Владата треба да им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга во делот на заштитата на културното и природното наследство поради непридржување кон стандардите на УНЕСКО, смета мининистерката за култура Ирена Стефоска.
Таа најави денеска дека ќе иницира до Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие две општини, за што како повод ги посочува градежните активности на објектот „Парк“ – Охрид. Министерката најавува дека на одговорност ќе бидат повикани Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид и Управата за заштита на културното наследство.
„Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини. Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство“, се наведува во изјавата на Стефоска.
По информации за рушење на објектот „Парк“, „Охрид SOS“ поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат, поради, како што се посочува, прекршувања на одредби од Законот за градење. Иницијативата доби поддршка и од Асоцијацијата на архитекти.
„Охрид ЅОЅ“ бара итно сопирање на сите активности на ресторанот „Парк“, сè додека не се разгледа нејзината инцијатива за прогласување на објектот за споменик на културата. Од оваа НВО бараат итно постапување по нејзината иницијатива и ставање на објектот под привремена заштита. (360 степени)