По речиси, четири месеци, од кога со следната фаза од реотворање на Вирџинија по олеснување на рестриктивните мерки поради коронавирусот е дозволено да се следат фудбалски натпревари, и други спортски настани – во затворениот дел
ЈАНЕ БОЈАЏИЕВСКИ
Како изгледаат новите прописи за следење спортски настани – во паб
Со маски, или без, само за седење, и без громогласно навивање на навивачи. Како е да се следи фудбалски натпревар по американските барови и пабови, во новата фаза на реотворање во Вирџинија, кога се овозможува гости и во затворениот дел.
А ваква е деновиве, по речиси, четири месеци, од кога со следната фаза од реотворање на Вирџинија по олеснување на рестриктивните мерки поради коронавирусот е дозволено да се следат фудбалски натпревари, и други спортски настани – во затворениот дел.
Како изгледаат новите прописи за следење спортски настани – во паб?
Пријатнма беше атмосферата при постигнување гол во ирскиот пуб во Арлингтон – Ireland`s Four Courts (Ајрланд Фор Кортс), кога последен пат го посетивме на крајот од февруари за време на фудбалски меч…
А таква е атмосферата и деновиве, по речиси, четири месеци, од кога со следната фаза од реотворање на Вирџинија по олеснување на рестриктивните мерки поради коронавирусот е дозволено да се следат фудбалски натпревари, и други спортски настани – во затворениот дел.
„Ова ми е прв натпревар што ќе го гледам во затворен паб откако отворија. Ме интересира колку луѓе ќе дојдат да гледаат. Вообичаено, доаѓаат многу обожаватели на Челзи да гледаат натпревари, но разбирам ако многумина од нив не се чувствуваат се уште комфорно да влезат во пабот, вели Алисон Кејсик, навивачка на Челзи.
Кејсик нема проблем со новите прописи во Вирџинија.
„Сите се радуваат дека спортот се враќа. Ако треба да носам маска или седам оддалечено, не ми е проблем“.
А, за атмосферата во пабот влијае тоа што се точи пиво, се продаваат пијалаци, се носат заштитни маски, и се одржува хигиената нa повисоко ниво.
Рајан Кларк е политички консултант, навивач на Челзи.
„Мислам дека е одлично чувството. Фактот што се врати спортот по месеци отсуство е фантастично. Доаѓам да гледам фудбал веќе неколку дена. Супер е“, вели Кларк.
За Кол Малард, адвокат во Вашингтон, и навивач на Челзи, потребна е претпазливост и во релаксирани услови.
„Сите луѓе не се доволно внимателни. Лично, му верувам на персоналот дека прават доволно за да не заштитат, но што ако некој влезе во пабот што има симптоми, или е болен? – коментира Малард.
Фудбалот е поинтересен во паб, но загриженоста и натаму е присутна.
Дејв Кејхил е генерен менаџер на ирскиот паб – Ајрланд Фор Кортс во Арлингтон.
„Засега, немаме проблеми со новите прописи. Муштериите носат маски, ако се движат наоколу. Се враќа полека атмосферата, веќе една недела сме отворени и луѓето почнаа да се доаѓаат во паб и се навикнуваат на новите прописи“, оцени Кејхил.
Спортот се враќа на ТВ екраните, по пабовите во сојузната држава Вирџинија. Засега, со, ограничен број на посетители, ѝ важи правилото, кој прв ќе дојде, ќе биде услужен.