Филипче му даде „голема нула“ на Мицкоски за владеењето, тој пак му се закани со апсења. Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери, за кои плаќа за да ги сликаат голи, е за во сферата на невроспихологија, рече Филипче за манирот секоја година да се објавуваат фотографии од летувањето на Зоран Заев кој очигледно е мета на незаконско следење

Жесток вербален дуел меѓу лидерот на СДСМ, Венко Филипче и премиерот Христијан Мицкоски се случи денес на седницата за пратенички прашања во Собранието. Филипче го обвини Мицкоски дека резултато од неговото двегодишно владеење е „голема нула“ и дека сѐ што ветил не остварил, на што Мицкоски возврати со „јахтата во Паљури“ и се закани дека нема повеќе поранешни функционери да уживаат додека граѓаните чекаат да ги апси.
„Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од ветувањатa не исполнивте? Вашиот резултат после две години е една голема нула, нула за реформи, за зголемување на платите, за мерки за младите, за поддршка на земјоделците, нула за европскиот пат. И сега моето прашање е просто, едноставно – кој е виновен за овие неисполнети ветувања? Кој е виновен, премиере, за овие две изгубени години? Пола мандат помина. Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од овие ветувања не исполнивте“, рече Филипче.
Тој потсети на ветувањата на Мицкоски и ВМРО за благосостојба која не ја испорача.
„И во вашата програма 1198, и во вашето експозе, тука кога ја формиравте владата, едноставно ветувавте мед и млеко. И сега помина половина од мандатот. Две години. А, денес вистината е сурова. Ниту едно од овие ветувања не испорачавте. Граѓаните не добија подобар живот, не добија повисок стандард, не добија функционални институции, не добија правда и не добија европска иднина“, истакна Филипче.
Единственото што граѓаните го добиле е поскап живот и разочарување, додаде тој.
„Што добија? Поскап живот, празни паричници, празни фрижидери, презадолжена држава, партизирани институции, тендери, лаги и изолација. Ни 10 отсто од ветеното во програмата нема исполнето. Само лаги, изолација и партиски тендери. Ветивте поголем животен стандард. Животниот стандард е намален. Сиромаштијата е зголемена. Ветивте поголеми плати… И ова не го исполнивте. Нема 600 евра минимална плата. Не само што нема, не сакате да слушнете, да дискутирате за тоа“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој ја коментираше и, како што рече, опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа за да ги сликаат голи што ја смести во сферата на „невропсихологија“.
На тоа Мицкоски возврати дека причината поради која дел од граѓаните размислуваат да ја напуштат државата не е недостатокот на перспектива, туку чувството дека правдата не е еднаква за сите.
„Велите секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што гледаат таму како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се во затвор и да дадат одговор зошто се таму. Е, затоа се разочарани луѓето. Кога ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе бидат среќни и задоволни затоа што правдата дошла“, изјави Мицкоски.
Премиерот додаде дека ја прифаќа одговорноста што, како што рече, поранешни функционери сè уште не се соочиле со правдата.
„Јас признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете тоа е желбата на народот“, рече Мицкоски.
Индикативно е дека вечерта, во програмата на МТВ 1 во трминот кој го има независната емисија „360 степени“ беше емитувана т.н дебатна емисија за двегодишното владеење на ВМРО ДПМНЕ и колациијата. Очевидно се беше некако видливо дека е набрзина креирана алиби – претстава која требаше да ги препокрива тешките гафови кои премиерот на последната седница на Собранието, кога место да го брани ребалансот и гафовите во владеењето се вклучи во највалкано критикување на начинот на кои опозицијата го креира своето летување и се закани дека ќе апси!
Така, по помалку од осум часови Мицковски пред камерите на МТВ глумеше пристоен политичар, кој знае што е независно правосудство (!). Нагласуваше дека напротив – ги слуша забелешките на третата власт па дурии се сигласил да им ги зголеми и платите, иако рече дека не е сигурен од каде ќе се најдат пари за таа намена и накверојатно ќе се земе од некаде тие пари биле планирани да отидат (!?).
Јасно, тоа го говреше пред пробрана публика а не вистински полемичари, инаку тешко дека и би застанал пред камерманите. Дебата немаше инаку некој ќе го потсетеше на неговите се уште постоечки во воздухот закани кон опозицијата од тој ден. Или на тоа дека кога неодамна говореше за обвинителството истакна дека „трпението му е при крај“, што значи таму треба да се држат до она што муго ветиле а што во претходното општество значеше „а сега секој на своите задачи“ или она „судии не се држите до законот како пијан до оградата“.изречени од првиот човек на државата!
Дебата не може да има во таковб состав во ниту еден случај. На пример решението што го потпишал за назначување на генерален директор на МИА самиот Мицковски веројатно се” уште не осушено. Дарко Јаневски е класичен десничар кој занаетот го печеше во неделникот „Фокус“ во неговото најжестоко провмроовско опстојување, некаде до влезот на оваа партија на власта, пишуваше во сличен стил во „Дневник“ кога тоа и требаше на ВМРО, па беше во „Нова Македонија“, па ТВ „Алфа“ и да не редиме повеќе. Вечерта се покажа дека новинарот се уште живее во ерата на груевизмот и инсистираше кај Мицковски на своевидно „диференцирање“, отворајќи ја темата на „осуммината предавници од ВМРО“ кои ја издале каузата, па глаале за влез во НАТО (!), заборавајќи дека премиерот колку вчера се жалел до НАТО на некои постапки од официјална Бугарија (не била заштитен интегриритетот на неговот семејство додека се скијале на Пампорово). Прв човек на МИА кој е толку залутан во времето што не ги помни ниту вчерашните вести секако дека не е пример за тоа каква екипа треба да се има за да се оценува двегодишното работење на владата. Се чини дека тој беше единствен кој е дојден надвор од матичната куќа. Разгворот го водеше Стојан Трпчевски, главниот уред на политичката редакција а учествуваше и сегашната главна уредничка на радиото Наташа Андреевска, порано позната од работа во Втората програма и како дел од тимовите за порелаксирачки теми.
(Р.Г.)




