Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МЕШОВИТИОТ КОМИТЕТ МЕЃУ НАС И ГРЦИЈА ВИКЕНДОТ НАД КАРТИТЕ НА МЕГАЛО ДРЖАВИТЕ

March 25, 2019 Filed Under: Македонија

На стартот на преговорите кои се обврска од Преспанскиот договор се гледани учебниците на улениците од основно училиште

ЗА УЧЕБНИЦИТЕ Практично интердисциплинарен комитет сега дури започнува со конкретните прашања

Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, формиран согласно обврските од Договорот од Преспа, викендот во Скопје ќе го одржи вториот состанок.

Од грчкото МНР соопштија дека заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, кој воедно е и на чело на комисијата од грчка страна, за викендот престојуваше во Скопје, а присуствуваше и на приемот што го организира грчката Канцеларија за врски по повод 25 Март, националниот празник на Грција.

И од македонска страна беше потврдено дека викендот се одржала дводневната средба на експертските тимови на двете држави.

Грчката делегација што учествува во комитетот ја сочинуваат професорите Спиридон Сфетас, Николаос Заикос, Иаковос Михаилидис, Атина Скуларики, Атанасиос Лубас и советникот од грчкото МНР, Ефтимиос Харлавтис.

Македонскиот тим го предводи амбасадорот Виктор Габер, а во негов состав се и професорите Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе.

Во контекст на одржувањето на втората средба, амбасадорот Габер за МИА изјави дека во фокусот на разговорите кои се практично први суштински, да се отвори темата за учебниците по историја и географија за основно образование.

– Даваме предност на разгледување на наведените карти и симболи во овие учебници што кај младите формираат мислење, а со тоа сакаме тие да имаат прифатлива реалност за соседот, рече Габер.

МАРКОС БОЛАРИС Дојде во Скопје на чело на грчката делегација

Напорите од нашата, а верува и од грчката страна, ќе бидат да дојдеме до резултати што на двете земји ќе им пружат една нова атмосфера во односите што се однесува до воспитувањето на новите генерации.

-Значи не станува збор за бришење нешто, туку за адаптирање што ќе биде во интерес на зближување на двата народа, двете држави, нагласи Габер пред средбата.

Она на што ние инсистираме, вели амбасадорот Габер, е да се земе предвид меѓународното искуство, особено она што е кодифицирано во меѓународните документи како Совет на Европа и УНЕСКО, бидејќи тоа е наведено и во самиот договор и она што е современо ниво на научни сознанија во врска со третманот на оваа материја.

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Боларис, во интервју за грчка новинска агенција дадено минатиот месец ги изнесе трите барања што ги доставиле до македонската страна на првата средба во Солун: наставниците и професорите да избегнуваат материјали што содржат иредентизам и ревизионизам, од учебниците да се исфрлат антички грчки симболи и да се отстранат картите на голема Македонија.

-Како од грчка страна така и од страна на Северна Македонија комисиите се формирани од извонредни експерти, кои целосно ја разбираат работата што треба да ја направат, темелно ја познаваат историјата на двата народа, ги почитуваат меѓународното право и европското законодавство и се во позиција да донесат правда и да ја прикажат историската вистина, отстранувајќи ги пропагандните потточки, илустрациите и мапите што ги модифицираа учебниците во последните децении, вели Боларис.

ИСКУСТВА Виктор Габер, шефот на нашата делегација вели да се користат меѓународните исуства кај вакви спорови

Првиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања се одржа во Солун, на 2 ноември, минатата година. Се очекува средбите во иднина да се интензивираат заради постигнување на роковите одредени со Спогодбата од Преспа веќе од следната учебна година да се отстранат од наставните програми и од учебниците спорните точки и карти и илустрации.

 

Filed Under: Македонија

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet