На 7 октомври 1946 година, од главниот град на Бугарија, значи пред 75 години, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија. При тоа говор одржа академик Тодор Павлов, и самиот со македонско потекло кој јасно истакна дека Делчев имал македонска национална свест, а не бугарска или српска. И на путувањето на останките низ Пирин, потоа низ сегашната држава биле построен, самоорганизирани граѓани
На 7 октомври 1946 година, со голема свеченост и со највисоки почести, од Софија биле испратени посмртните останки на кукушкиот војвода во Скопје, со што е исполнет неговиот аманет да почива во главниот град на слободна Македонија. Минувајќи низ Пиринска Македонија и низ повеќе градови на тогашна Народна Република Македонија, останките на Делчев, во дрвен саркофаг, со највисоки државни и воени почести биле пречекани во Скопје и положени во камен саркофаг во црквата „Св. Спас
Пренесувањето на моштите траело три дена, на 7, 8 и 9 октомври 1946 година, а тој чин бил проследен со огромна маса народ што му оддавал почит на великанот и на неговото испраќање од Софија и пристигањето во Скопје. Положувањето на коските во саркофагот во дворот на црквата „Св. Спас” било извршено на 10 октомври.
На испраќањето, Тодор Павлов, член на Бугарската Академија и регент на Бугарија, одржал говор во кој меѓу другото, истакнал:
„Гоце Делчев можеме слободно да го сметаме за основач на Македонскиот Народноослободителен Фронт кој во нашето време успеа да ја воспостави слободната и суверена Македонска Држава, која слободно и самостојно се определи да стане рамноправна република во Титова Федеративна Југославија. Гоце со целата своја револуционерна активност и мисла силно придонесе за основањето и развојот на македонската национална свест, македонска, а не бугарска или српска. Во едно од неговите писма Гоце напишал: „Како не се најде од мајка роден да напише барем една книга на македонски јазик“. Да беше Гоце сега жив, ќе му се наполнеше срцето да види дека денеска во Македонија се печатат многу книги, не само поезија, и не само историски книги напишани на литературен македонски јазик. Овој чин, пренесувањето на останките на Гоце Делчев во новата слободна престолнина на Македонската Држава ќе биде од огромно историско и симболично значење, зашто ќе помине низ Пиринска Македонија. Македонија може, треба, и ќе биде обединета во нејзините природни и историски граници. Така обединета, силна, еманципирана, суверена и во секоја смисла прогресивна, ќе стане моќна алка која ќе ги спојува балканските демократски народи. Да живее слободна, суверена, Народна Република Македонија, сонот на нејзиниот бесмртен син Гоце Делчев.“
Говорот Павлов го одржал во зградата на Народниот театар во Софија. Тој исто така рекол
„Гоце Делчев уште во младоста се оформи во голем стратег, тактичар и организатор на македонското национално револуционерно дело, поврзано и со други македонски национални револуционерни дејци: Јане Сандански, Никола Карев, Васил Главинов, Веле Марков, Димо Хаџи Димов и други… „Гоце навистина стана голема македонска легенда; она што Караџата, Левски и Ботев беа за бугарскиот народ, Гоце беше за македонскиот народ…
Гоце, со целата своја револуционерна дејност и сфаќања, практично, многу придонесе за формирањето и развојот на македонската национална (македонскословенска, а не бугарска и не српска) свест… Heму, се разбира, му беше позната и дејноста Теодосиј Гологанов и Партение Зографски, на Ѓорче Петров, Мисирков, Петар Попарсов и Лозарите… Желбите на Гоце, сега се историски факт кој со никакви извртувања и со никакви провокативни подметнувања и интриги од нашите бугарски реакционери, кои сакаат да го вратат назад тркалото на историјата, не може да биде ниту одречен, ниту омаловажен или потценет“. Тодор Димитров Павлов е според Википедија комунист, политичар и филозоф од Бугарија со потекло од Македонија! о светски рамки е познат како еден од главните застапници на теоријата на одразот.
По доаѓањето на Отечествениот фронт на власт во Бугарија, Павлов е еден од тројцата регенти на Царството Бугариjа во периодот 1944-1946. Потоа бил член на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија од 1957, член на Политбиро од 1966, двапати член на Президиумот на Народното собрание (1947-1954 и 1962-1971), претседател на Бугарската академиjа на науките (БАН) во периодот 1947-1962[1], по 1962 – почесен претседател на БАН, директор на Институтот по филозофија во БАН (1949-1952 и 1960-1977), почесен претседател на Сојузот на бугарските писатели..
Колоната која тогаш ги поврзуваше двата соседни народи еднострано се прекина. Само на едната страна.