Потребна е подобра бизнис клима. За вредноста на инвестициите во 2024-та треба да се направи една анализа и структура. Голем дел на тие инвестиции – рекордни, над 1,2 милијарди инвестиции

Некаде крајот на јануари, почетокот на февруари, тие неколку дена кога границите на сите земји од Западен Балкан беа блокирани, ние како компании имавме големи штети. И затоа треба да се изнајде некое прагматично решение кое ќе ги задоволи сите оние безбедносни очекувања и ризици кои Брисел ги гледа, но истовремено и економски, бидејќи претежно овие компании кои се наши клиенти се лоцирани во ЕУ.
За вредноста на инвестициите во 2024-та треба да се направи една анализа и структура. Голем дел на тие инвестиции – рекордни, над 1,2 милијарди инвестиции, не беа само реални инвестиции, туку беа и меѓукомпаниски заеми кои на еден или друг начин беа вратени од сестринските компании. Ние како Совет за странски инвеститори активно не сме вклучени во тој процес на привлекување на инвестиции. За нас е многу поважно какви се, каква е бизнис климат, условите за водење бизнис или за потенцијално реинвестирање. Но можам да кажам дека во еден подолг временски период на еден или друг начин, мислам дека државата не се фокусира толку во привлекување на странски инвестиции како во некој изминат период. Сѐ уште не постои стратегија за привлекување на странски инвестиции. Лошо за било која држава е кога има повлекување на странски инвеститор, без разлика на причините и секогаш треба активно да се работи, вели за „Трилинг“ Виктор Мизо.
„Некаде крајот на јануари, почетокот на февруари, тие неколку дена кога границите на сите земји од Западен Балкан беа блокирани, ние како компании имавме големи штети. Како прво тој протест, односно тоа затворање на границите, од страна на нашите клиенти не беше прифатено како виша сила, што значи дека обврските за ние да ги доставиме нашите производи кон клиентите во Европа останаа на нас, и заради тоа имаше многу специјални транспорти, авионски транспорти, кои беа организирани за странските компании овдека да не го застанат производството на БМВ, на Мерцедес, на Фолксваген и многу други производители во Европа. Штетите, зависно од компанија, беа во стотици илјади евра, а за некои сигурно надминаа и над милион евра, бидејќи зависи од волуменот на производот.
– Начинот на кој оваа мерка е донесена, односно иако таа мерка подолго време е во сила, сега ќе има многу директно спроведување на истата. Тоа значи дека безбедносните проблеми се земени многу повеќе во обѕир, отколку она што значи трговските начини и критериуми помеѓу Западен Балкан и ЕУ, и она што значи со самиот Договор за стабилизација и асоцијација и отворањето на пазарите во Европа за производители во нашиот регион на кој начин приближувањето на нашите земји кон ЕУ е перцепирано.
– Ќе ви кажам еден пример, во автомобилската индустрија во Македонија, Србија и БиХ, околу 110.000 луѓе работат во т.н ТИР1 или ТИР2, добавувачи од таа индустрија. А доколку ова се повтори или потрае малку подолго од претходниот пат, можам со сигурност да кажам дека влијанието на европската економија, на сите оние локации каде што се произведуваат автомобили, без разлика дали е тоа Западна или Источна Европа, ќе бидат многу поголеми отколку она што се случи на почетокот на украинската криза или пак кога беше блокиран Суетскиот канал. И затоа треба да се изнајде некое прагматично решение кое ќе ги задоволи сите оние безбедносни очекувања и ризици кои Брисел ги гледа, но истовремено и економски, бидејќи претежно овие компании кои се наши клиенти се лоцирани во ЕУ“, изјави за „Трилинг“, претседателот на Советот за странски инвеститори и директор на странска компанија, Виктор Мизо, говорејќи за последиците од топло-ладно политиката на Брисел во однос на транспортот со суровините.
-Она што е важно е да се види која е структурата на тие компании. Дали тие компании кои инвестираат тука креираат додадена вредност или дали се тие компании, како во многу случаи, во недвижнини, во градење на шопинг молови, трговски центри и слично, бидејќи и тоа е странска инвестиција, но реално гледано додадената вредност е многу поразлична отколку ако имате некој производствен погон кој е извозно ориентиран, посебно со висока технологија или пак ако се некои сервисни услуги, но тие сервисни услуги можеби не се големи во вредносна инвестиција, но се големи во додавање на вредност“, смета Мизо.
(triling.mk)




