Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИКИ СЕКУЛОВСКИ Е ВИДЕН КАКО ПЕЈАЧ НА ГОЛЕМИ, СКАПИ СЦЕНИ

February 28, 2024 Filed Under: Ревија

Овој велешанец влезе суверено во седмиот круг на шоуто на Гранд продукцијата а во меѓувреме и пред финалето неговата менторка Цеца Ражњатовиќ го зеде како дел од своите музички каравани

ЅВЕЗДА ВЕДНАШ Секуловски не згреши што си ја проба среќата во ова гледано шоу

Кога на стартот на најновата Гранд продукција на натпреварот за млади пејачи се претстави пред жирито со својот моќен глас оние кои го оценуваа останаа занемени. „Шефот на парадата“ – Саша Поповиќ (70) го праша од каде доаѓа. Одговорот е – од Велес. Дали имаш куќа, следеше ново прашање. Имам ама не е доградена, постои како габарит. Ако останеше во ова шоу му рече Поповиќ, инаку човекот кој ја исфрли Лепа Брена во орбитата и кој е косопственик на Гранд продукцијата, ти бргу ќе имаш три куќи. Потоа беше прашан што работел во последниоте години а тој изјави дека времето на короната го минал во Брисел, каде работел како конобар, професија која заради контактите и епидемијата била доста опасна и веројатно мепштаните ја одбегнувале а нему, со сиот ризик му носела некаквазаработувачка.

Потоа дел од белградскиот печат го нарекуваше конобарот од Велес, но сосема е јасно дека тој ќе биде голема ѕвезда на ова шоу. Кај некои од жирито – да речеме традиционалниот „непријател“ на натпреварувачите од Македонија – Драган Стојковиќ Босанац. Затоа пак најобјективниот опценувач во жирито, Марија Шерифовиќ на последниот негов настап реќе дела кога го гледа него (Мики) гледа некога голема и скапа музичка сцена!

Мики Секуловски (36) е несомнено искусен натпреварувач, кој од настап до настап прави „хаос“ во епизодите од „Ѕвездите на Гранд“. Да се потсетиме дека Мики на сцената излезе со песни од „Бјело дугме“ и Дадо Топиќ и ја освои публиката додека од жирито доби 6 гласови. Тој настапи во дуел со младиот Инел Нукиќ (17) за кого жирито тврдеше дека немал среќа што се натпреварува против еден ваква „ламја“ каков што е Секуловски кој веќе има големо искуство зад себе. Ѓорѓе Давид беше воодушевен до настапот на Мики, па покрај тоа пто цело време играше, на крај и го бакна пејачот.

Овој велешанец кој во нашата земја е познат и по неговото учество во македонскиот „Идол“, каде во младоста ги воодушеви сите со неверојатниот талент за пеење, како и по неговите песни кои се уште се вртат по нашите радио станици, по долги години реши да си ја проба среќата и во ова популарно шоу и тоа очигледно беше паметен избор.

Дури шест години работел во странство како келнер, за да може да му помогне на своето семејство, но се испробал и во белгиското издание на познатото музичко натпреварување „The Voice“.

Кога настапуваше во „Македонски  идол“ имал 22 години и навистина за него, вели тој во едно интервју, тоа било едно прекрасно искуство.

–  Поради проблемите што ги имаше телевизијата која го снимаше „Македонски Идол“, останавме без договорите кои ни беа ветени и бевме оставени сами на себе да се снаоѓа кој како знае и умее. Имав изработено неколку музички проекти после шоуто, но навистина е тешко сам и без поддршка да ја работиш оваа професија. Последниве 6 години од мојот живот заминав во странство и таму работев како келнер, но поради мои семејни причини и не сакам многу да зборувам за ова. Не доживеав разочарување туку такви беа приликите, во тој период му бев потребен на моето семејство и морав да бидам со нив. Само што можам да кажам за ова е дека ако се врати времето повторно би го направил истото. Во овој контекст, мојата втората професија „келнер“ за мене воопшто не е понижувачка како што некои коментираат. Јас мислам дека кога човек има потреба не би бирал работа и не е срам чесно да заработуваш. – смета тој.

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet