Фронтменот на Ролингстоу пролетва имаше операција на срцевите залистоци. Ја откажа турнејата која беше закажана за летово и залегна а песоците на Мајами. Вистинско место за пензионер и згора – прадедото
Сер Мајкл Филип „Мик“ Џегер на 26 јули го послави својот 76 роденден.
Зад него е доста проблематична пролет. Имено, тој на самиот почеток на април дозна дека мора под хируршки нож Тоа сознание го затекна кога дошол во Мајами и заседнал на плажите на овој секогаш топол град, заедно со последната девојка Мелани Хемрик и ќерката Џорџи Меј. Папараците го беа веќе фатиле и испраќале фотки по агенциите.
На фотографиите се гледа дека е добро расположен и насмеан. Но се испостави дека Џегер сепак се консултирал со хирурзите (4 април) и иако првата изјава беше дека имал само рутински преглед, фактот дека се откажани концертите за летово кажувале многу.
Мик Џегер дсет дена потоа отиде на операција на срцев залисток. Тој заради операцијата замина во Њујорк.
„Многу е исфрустриран. Сака да се врати на сцената и сега се чувствува одлично. Секако дека го слуша советот на докторот, но и обично внимава на себе и се чувствува здраво. Оптимист е и се надева дека нема долго да мирува , но се одмора на Мајами.“ изјави неименува извор за британските таблоиди.
Последен пат Стоунси ја откажаа турнејата низ Австралија и Нов Зеланд во 2014 , поради самоубиство на тогашната девојка на Џегер , а пред три години фронтменот на Ролинг Стоунси го откажа настапот во Лас Вегас поради силен ларингит.
„Мик Џегер беше советуван од лекарите да не оди на турнеја, бидејќи, му е потребен третман. Сепак, лекарите очекуваат тој целосно да заздрави и да се врати на сцена“, кажа претставник на групата.
Турнејата која е одложена е дел од поголема која се нарекува „Без филтер“ и та требаше да почне на 20 април и притоа беа планирани 17 настапи во САД и Канада.
Сер Мик Џегер стана татко, и тоа пред две и пол години. Рокерот од Ролинг Стоунс – кој веќе има седум деца од претходните врски – го дочека раѓањето на неговото прво дете со американска балерина Мелани Хамрик..
Портпаролот на Мик Џегер вели за Мелани: „Таа е многу бистра, интелигентна, жива и знае што сака да прави во животот. Таа знае колку се добри односите на Мик со сите негови деца и едвај чека да го види пак како татко.“
Мик и Мелани првпат биле забележани заедно во јули 2014, кога биле видени како се милуваат на балкон во неговиот хотел во Цирих. Мик има четири деца со бившата партнерка Џери Хол, која сега е мажена за медискиот могул, 85-годишниот Руперт Мурдок. Со 71-годишната Бјанка Џегер, Мик има една ќерка, а исто така и со пејачката Марша Хант, додека со бразилската манекенка Лусијана Гименез Мора има син.
Мик Џегер неодамна стана прадедо, но ете, слободно може да се каже дека е сѐ уште активен маж.
Не многу одамна Мик наводно започнал да „тренира“ на сцената ама внимателно, како што вели.