Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во гостувањето на Утрински брифинг се осврна нанеделниот отчет на ВМРО-ДПМНЕ кога најголемата опозициска партија се пофали со сработеното на нивните градоначалници во првите 100 дена.
„Вчера за мене се случија два настани – едниот настан е покажувањето на едно нетрпение кон критиките, портпарол на опозициона политичка партија да излезе и да прекине прес-конфренција на било кој граѓанин, особено пратеник и да изврши вербален напад што е еднакво на напад на 8.000 граѓани е невидено. Не можете во оваа демократска држава да упаѓате во говор и да не дозволите некој да го изкаже своето мислење. Тоа е невиден преседан и срам. Замислете како тие луѓе ќе се однесуваат ако дојдат на власт. Тој истиот човек после половина час е експерт за локална самоуправа“, изјави за Утрински брифинг министерот за локална самоуправа и лидерот на ЛДП Горан Милевски, коментирајќи го упадот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилоковски на прес конференцијата на пратеникот од СДСМ Дарко Каевски.
Тој нагласи дека во 2017 година во која што доминираа градоначалниците од СДСМ, наследија долг од 100 милиони евра од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата врати 50 насто од долговите. Сега тие долгови дел од градоначалниците успеаја да го вратат. Сега нели треба да се запрашаат градоначалниците од кого се долговите. Нели го прашале нивниот советник Ставревски кој ги направил тие долг“ – вели Милевски/ Тој се наврати на едно израелско сценарио по кој терк, верува дека опозицијата ја води кампањата против власта и се служи за манипулација со јавноста.
– Ова израелско сценарио предвидува на јавноста постојано да и се повторува „криминалци, криминалци“ за да добиете слика дека навистина во оваа влада нешто лошо се случува, дека е неспособна, а од друга страна да се фалат градоначалниците дека се многу успешни. Направиле 1.000 проекти. Читам градоначалникот на Радовиш обезбедил милион евра од ЕУ за еколошки проект. Прво тоа е проект од пред локалните избори на Делегацијата на ЕУ, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада. Тоа е работа која ја завршил нивниот претходник во Радовиш. Или, во Битола стадионот го изградиле. Тие немаат таму шајка заковано. Не може за 100 дена да проектитра улица, да распишете тендер и ја направите улицата. Тоа им го обезбеди градоначалничката на Битола – дециден е Милевски и додава „навистина е безобразно да манипулирате со јавноста, да се китите со туѓи перја и потоа да обвинувате дека струјата ви ја исклучиле на отчетот“.
Тој рече дека проектите кои сега се водат се популистичи и опозицијата која сега управува со голем дел од локалната самоуправа, во наредниот период ќе биде казнета од граѓаните.
– Не може да си припишувате заслуги за нешто што не е ваша заслуга, да се фалите со нивелирање на шахти или чистење на диви депонии. Не е поентата само да ја исчистите, треба таа дива депонија да ја направите парк или простор каде утре нема да се фрла ѓубре и да им обезбедите на граѓаните кои имаат градежен шут, кои имаат кабаст отпад да има каде да го депонираат. Ако сето тоа е регулирано, никој нема да фрла на дива депонија. Ако беа фер требаше на нивната трибина да поканат вработени од министерството за локална самоуправа да ги слушнеме нивните забелешки и што може да се имплементира да се направи, а што е популистички да се каже отворено. Очигледно ова е насилие за оние што не мислат исто, ако лажеме сега додека сме опозиција како ќе лажеме кога сме на власт. Треба да има опозицијата реални проекти и нивна реализација, а не да манипулираат, рече министерот Милевски.
Премиерот Димитар Ковачевски не е задоволен од работата на градоначалниците бидејќи, како што денеска изјави, ветувањата дадени за време на изборната кампања, воопшто не се реализираат.
– Доминантно, власта во локалните самоуправи ја освои опозицијата и тие мора да бидат свесни за својата одговорност. Од она што можам да го видам е дека ништо не се прави во општините. Јас живеам во градот Скопје каде што гледам дека ветувањата што беа давани во текот на кампањата воопшто не се реализираат. Единствено нешто што добиваме од градоначалниците е барања за помош, меѓутоа од другата страна не постои никаква иницијатива од нив да се вклучат во справувањето со енергетската и економската криза, изјави Ковачевски.
Одговарајќи на новинарски прашања по денешното закројување на лозјата во Росоман, Ковачевски упати критика до градоначалниците кои во време на криза ги правеле буџетите на општините без притоа да предвидат кризни програми за справување.
– Дополнително на тоа, барањата доаѓаат од градоначалници кои доаѓаат од партија која гледаме дека наместо да им помага на граѓаните, вчера организираше целодневни настани со снимање на скапи видеа и со организирање во скапи сали каде што презентираа проекти од кои дел се започнати од градоначалниците од СДСМ, а другиот дел се тотално непостоечки и би кажал некакви стелт технологија проекти коишто никој не ги гледа и никој не ја гледа нивната имплементација, рече Ковачевски.
Инаку, во неделата, додека пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски држеше прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и повикуваше на одговорност и оставки на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, после признанието на вина од страна на обвинети во судскиот процес „Титаник“, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски упадна на прес конференцијата и почна да му поставува прашања на Каевски.
Ова не прв скандал на овој потпарол, бидејќи на 30 јуни 2020 година истиот господин упадна на прес на носителот на листата во Првата изборна единица Наум Стоилковски, упадна во прес-конференцијата на носителот на СДСМ во Првата изборна единица, Никола Димитров, пред Јавното обвинителство за да го наруши она што министерот го кажуваше околу владеењето на правото. Димитров зборуваше за стапувањето во сила на новиот Закон за јавното обвинителство, кога Стоилковски со повишен тон го прашуваше за новата аудио снимка поврзана со еден црнгороски бизнисмен.
„Кога погодувате точно во сржта, во нервот, вака изгледа. Овој театар е уште еден доказ којшто најпластично покажува дека опозицијата прави шум со цел јавноста да не ја дознае вистината за нивните криминали. Овој упад покажува уште еднаш дека основната кауза на опозициската ДПМНЕ е да бега од правда. Драго ми е што ја потсетија јавноста за начинот на нивното справување со вистината и благодарам што им дадоа уште една причина на граѓаните да гласаат против симболот на неказнивоста“, реагираше на ова Димитров. Тој побара оштета од упаѓачот од 6.000 евра. Не е позната судбината на пријавата!