Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИЛЕСКИ: ГИ ОТКРИВАМЕ СКРИЕНИТЕ АТРАКЦИИ НА ДЕМИР ХИСАР

January 12, 2021 Filed Under: Македонија

Со европскиот проект тој објект ќе прерасне во мултифункционален Центар со простор за настани, сместување, сувенирница и Спомен-соба на великанот на македонскиот збор, Петре М. Андреевски, истакна министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на посетата во Слоештица

СЛОЕШТИЦА Меѓубародни средства за развој на демирхисарско

Со финансиска поддршка од ЕУ и Министерството за локална самоуправа, преку ИПА 2 Програма за Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, а во рамки на проектот „Откривање на скриените атракции“ комплетно се реконструира стариот Кооперативен Дом во демирхисарското село Слоештица.

Со европскиот проект тој објект ќе прерасне во мултифункционален Центар со простор за настани, сместување, сувенирница и Спомен-соба на великанот на македонскиот збор, Петре М. Андреевски, истакна министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на посетата во Слоештица.

-Општина Демир Хисар во партнерство со Општина Клос од Албанија интензивно работат на откривање на своите скриени атракции пред домашните и странски туристи. Во Клос се гради  етнографски и историски музеј во кој ќе бидат трајно изложени дел од загубените артефакти од богата историја на овој регион низ кој поминувала и делница од Виа Игнација. Валавиците во Слоештица и глацијалните езера на Балѓат покрај тоа што се фантастична можност за туризам, се дел од природното богатство на двете општини на чија промоција исто така работи проектот во вредност од  455.000 евра во рамките на ИПА 2 програмата и финансиска поддршка од 15 проценти на Министерството, посочи министерот Милевски.

Според него и двата микро-региони освојуваат со своите природни и културни атракции кои се недопрени и се уште неоткриени од туристите кои патуваат заради нови локални искуства и авантури во природа.

ИНТЕРЕС Литературата го држи отворен интертесот за селото Слоештица

-Овој проект е значаен за локалното население од двете страни на границата и интензивно е вклучено во креирањето на нови туристички атракции како офф роуд авантури, планинарење низ нови предели, јавање коњи, велосипедизам, готвење на заборавени локални специјалитети, собирање шумски плодови и подготовка на зимница во село заедно со тамошните жители, нагласи Милевски.

За време на посетата во Слоештица, министерот Милевски беше информиран дека инфраструктурните зафати се во полн ек. Со проектот Демир Хисар и Клос ќе бидат понудени на европскиот пазар за авантуристички туризам.

– Нашите најголеми атракции се недопрените села и автентичноста на луѓето. Со поддршка на ЕУ и Министерството за локална самоуправа првпат имаме шанса за двоен успех, а тоа е истовремено да го промовираме регионот пред потенцијалните туристи и да го вклучиме локалното население во бизнис активности поврзани со туризмот. Особено сум горд на изградбата на Мултифункционален центар во Слоештица, родното место на Петре М. Андреевски, каде ќе биде поместена и спомен-соба во негова чест, информира градоначалникот на Демир Хисар, Марјан Стојаноски.

Организациите Арт Поинт Гумно од Слоештица и ФЛАГ од Тирана, кои се партнери на проектот, работат со локалното население од двете земји за да ги оправдаат очекувањата на туристите во руралните места, но и го подигнат квалитетот на сместувањето и активностите кои луѓето ги нудат.

– Целта на прекуграничната програма е зближување на луѓето од двете страни на границата, креирање на релации и активности за решавање на заеднички проблеми. Овој проект „Откривање на скриените атракции“ навистина ја погодува оваа цел бидејќи луѓето и од Демирхисарско и од Клос се жедни за знаење како својот начин на живот да го презентираат пред туристите од урбаните центри и како да им понудат несекојдневна авантура во недопрените рурални предели. Нашата задача понатаму треба да биде фокусирана на оспособување на локалното население активно да се занимава со рурален туризам со што директно ќе придонесеме кон нови работни места и задржување на младите во регионот, истакна, менаџерката на проектот, Емилиа Ѓероска.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet