Антонијо Милошоски ќе одговара за измама и за злоупотреба на службена положба, а на листата на обвинети се и имињата на неговиот татко Милош, и на екс-претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Советот кој вршеше оценка на обвинителениот акт, поднесен од Основно јавно обвинителство, а во јавноста познат како „Моќник“ против 13 лица, донесе решение со кое како неосноцани се одбиваат приговорите на обвинетите и во изсто време обвинението се одобрува во целост.
Потврдата за веста која се однесва на случајот наречен „Моќник“ доаѓа од кривичниот суд, од каде и информација дека предметот, преку систем, ќе биде распределен кај судија, а дури потоа ќе биде закажан термин за старт на судскиот процес.
Како што неодамна пишувавме се работи за обвинителен акт кој се однесува на три лица и обвинителен предлог со кој се товарат уште 10 – мина други.
Според наводите на диспозитивот на обвинението, продажба на државен имот, во селото Ижиште, започнало во 2011 година Антонијо и неговиот татко Милош Милошоски, но и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, заеднички, ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод. Тие, со лажно прикажување, но и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба, ги навеле советниците да изгласаат одлука за оттуѓување на недвижен имот за кој сметале дека е поранешниот задружен дом, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157 метри квадратни и дворно место од 3.920 метри квадратни, во Ижиште, а која што ја користела општината Пласница. Со продажбата на објектот тие и нанеле штета на државата во висина од 1.795.800 денари или околу 30.000 евра, а со продажбата на земјиштето дополнитело уште 1.176.000,00 денари или 20.000 евра.
Во целата оваа трансакција учество замал и Антонијо Милошоски кој ја искористил својата функција со тоа што вршел континуиран притисок врз органите на државната управа, односно кон Државното правобранителство и судовите, а се со цел да не биде поништена продажбата, која била спроведена без јавно надддавање и за цена од 100 денари за метар квадратен, иако реалната цена била 400 денари за метар квадратен.
Делот кој се однесува на Комисијата за утврдување на фактите, односно Комисијата за лустрација, е поврзан со иницираната постапка за судија од Кичево. Имено, Антонијо Милошоски, со умисла го поттикнал, Томе Аџиев, како претседателот на Комисијата за утврдување на фактите, од кого побарал да отвори повторна постапка за лустрација за судијата. Томе Аџиев и другите деветмина отвориле постапката за лустрација која завршила со времено оддалечување на судијата од неговото работно место.
Инаку, со обвинителниот акт, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле едно кривично дело измама, а Антонијо Милошоски измама и злоупотреба на службената положба и овластување, додека членовите на Комисијата за лустрација ќе одговараат за сторена злоупотреба на службената положба и овластување.