БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи летното сметање на времето со кое режимот на Заев сака да му земе на Македонецот еден час од сонот. Без јавна расправа и спротивно на Уставот и на стручните укажувања на професорките Биљана, Сузана, Симона, Гордана, Катица и Керолајн, летното сметање на времето ќе предизвика хронична ненаспаност кај луѓето
Може ли летното сметање на времето да го загрози унитарниот карактер на Македонија!?
Може, се разбира!
И затоа од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат народот да си се врати во минатото!
ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи летното сметање на времето со кое режимот на Заев сака да му земе на Македонецот еден час од сонот.
Без јавна расправа и спротивно на Уставот и на стручните укажувања на професорките Биљана, Сузана, Симона, Гордана, Катица и Керолајн, летното сметање на времето ќе предизвика хронична ненаспаност кај луѓето, сметаат Христијанските бранители на загубеното време од ВМРО-ДПМНЕ.
Останавме без гравитационен центар, во идејна, вредносна и организациска смисла и сега лутаме како слободни радикали по социјалните мрежи и по телевизиските септички јами. Во културата која не може да функционира без авторитет во вид на господ, партија, лидер, или минимум морал, сега сме како муви на кои некој им ги скинал крилцата, на мачки со ошишани мустаќи или на термити без кралица и крал, господ го убивме ние, партиите не убија нас, на моралот му се покакавме, а лидерите сфатија дека нема смисла да ни се посветат нам, па си се посветија на себе.
Сите во власта
Изгледа дека во владината коалиција ќе влезе и партијата ОФАМАНАМАН. Лидерот Тричковски ќе ја преземе функцијата Специјален координатор за паранормални појави и евтаназија, а генералниот секретар, Аца Лукас, ќе биде декан на Академијата за специјални јавни обвинителки и пајкини усни “Керолајн”. До мај во власта ќе влезе и Кочани оркестра на Неат Велиов, така што без власт во Македонија ќе остане само злосторничката банда на врмо-дпмне.
Така и треба да биде.
Македонија ги прекинува преговорите за името и го известува светот дека ќе прифати какво било име што тие ќе го одредат.
Понудата важи до 31 март 2018.
Количествата на разум се ограничени!
Сношти ми се јави професорката Каролина Ристова Астеруд да ми каже дека според Законот за кармините на специјалните јавни обвинителки, предмет каков што е овој против Али и Груевски за пописот, не можела да го отвори обвинителка со темно црвен кармин што асоцира на крв! Малку по неа ми се јави и еден главен и одговорен уредник кој ме замоли да не му го откривам името пред јавноста, да ме предупреди дека и деколтето на Фетаи не било баш според прописите.
(од Фејбук статусот на авторот)