Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!

October 8, 2026 Filed Under: Македонија

Просечната плата не ја кажува целата вистина. Просекот е аритметичка категорија, а сиромаштијата е животна состојба

БИТИЌИ Во домаќинство што располага со една минимална плата, ова поскапување апсорбира 78 отсто од целото номинално зголемување на најниската заработувачка.

Во август 2024 година, минималните месечни трошоци за храна и пијалаци за едно четиричлено семејство изнесуваа 22.317 денари, а во август годинава достигнаа 25.032 денари. Основната исхрана за две години поскапе за 2.715 денари, односно за 12,2%. Во домаќинство што располага со една минимална плата, ова поскапување апсорбира 78 отсто од целото номинално зголемување на најниската заработувачка. Тоа е реалната слика за куповната моќ.

Кога на храната ќе се додадат и трошоците за образование, само овие две основни потреби чинат 32.224 денари, односно 6.178 денари повеќе од целата минимална плата. Во оваа пресметка сè уште нема струја, вода, лекови, хигиена, превоз и домување. Не зборуваме за луксуз, туку за основните потреби и достоинството на човек што работи полно работно време.

Затоа просечната плата не ја кажува целата вистина. Просекот е аритметичка категорија, а сиромаштијата е животна состојба. Инфлацијата не ги погодува сите граѓани подеднакво: за некого поскапувањето значи помала месечна заштеда или одложено викенд патување, а за друг значи поскапа храна, неплатена сметка, прескокната терапија или дете што нема да оди на училишна екскурзија.

Ако Владата тврди дека сме меѓу најбрзорастечките економии во Европа, тогаш работниците имаат право да прашаат зошто тоа не го препознаваат во сопствената плата. Економскиот успех се мери според тоа колкав дел од создадената вредност стигнува до луѓето што ја создаваат. Затоа го браниме предлогот минималната нето-плата да се зголеми на 36.960 денари, со финансиска поддршка за придонесите и преоден период за приспособување на работодавачите.

Економија заснована врз евтин труд не станува конкурентна. Таа ги губи квалификуваните работници, ја намалува мотивацијата и ги охрабрува компаниите да опстојуваат со ниски плати наместо со иновации. Повисоката плата сама нема да ја запре емиграцијата, но без достоинствено вреднуван труд ниту една стратегија за задржување на луѓето нема да биде веродостојна.

Цената на повисоката плата може да се пресмета и плати од Буџетот, но цената на испразнетата држава ќе нема кој да ја плати.

Погледнете го целиот мој говор на комисиската расправа за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата.

 

Filed Under: Македонија

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД
ЛОШИ ПЕРСПЕКТИВИ: ГЕНЕРАЦИЈАТА Z САКА МИЛЕН ИУМЦИТЕ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ ЗА ДА ИМААТ РАБОТНИ МЕСТА
ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД МЕМОРАНДУМОТ НА САНУ: СРБИЈА НА ПАТ ИЛИ НА ЗАОБИКОЛЕН ПАТ

Најново

  • МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
  • МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
  • ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet