Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИНИСТЕРОТ ЉУТКОВ Е НАД ЗАКОНИТЕ И СУДОВИТЕ

January 13, 2026 Filed Under: Македонија

Платите во културата повторно мета на манипулации, се кршат колективните договори и првосилни судски одлуки, велат од Синдикатот на културните работници

ЉУТКОВ Министерот ќе бидепрдмет на судски постапки покрената од гранскиот синдикат

Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ) упати жестоки обвинувања до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, тврдејќи дека преку ново „Упатство“ свесно ги крши колективните договори и одбива да спроведе правосилни судски пресуди за зголемување на платите.

Според синдикатот, министерот со ова упатство повторно ја воведува формулата за пресметка на плати позната како „разлика меѓу август и септември 2023“, која судовите веќе експлицитно ја прогласија за незаконита и спротивна на Општиот колективен договор.

СУДСКИ ПРЕСУДИ НАСПРОТИ „МИНИСТЕРКА МАТЕМАТИКА“

Од СКРМ нагласуваат дека веќе постојат 15 судски пресуди кои недвосмислено потврдуваат дека платите во културата мора да се зголемат за 10% од основната бруто плата, согласно член 14 од Општиот колективен договор.

„Министерот самоволно и тврдоглаво ја воведува истата незаконита формула. Ова не е упатство, туку обид за поништување на правниот поредок во културата. Господинот министер си зема за право да измислува права, наместо да ги спроведува“, реагираат од Синдикатот.

Синдикалците посочуваат дека спорниот документ нема соодветни стандарди, ниту потпис од стручно лице кое го составило, туку го содржи само потписот на министерот, што според нив е доказ дека никој кој ги познава законите не сака да застане зад противзаконски акт.

СКРМ јавно го постави прашањето дали премиерот Христијан Мицкоски е информиран дека министерот донел вакво упатство без претходно да биде свикана Комисијата за толкување на Општиот колективен договор. Оваа обврска, како што велат од синдикатот, произлегува од владината информација донесена на 9 декември 2025 година.

НАЈАВЕНИ НОВИ ТУЖБИ И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ Синдикатот порача дека нема да дозволи платите да се пресметуваат по „министерска математика“ и најави активирање на сите правни механизми. Меѓу нив се и управни спорови за поништување на упатството. Потоа следи иницирање постапки за кривична одговорност поради одбивање на извршување на судски пресуди и пречекорување на овластувањата. Исто така и објавување на сите 15 добиени судски пресуди како доказ за правната основа на нивните барања.

„Ниту еден министер нема уставна или законска надлежност да ја преиспитува или релативизира судската одлука по сопствено убедување. Со вакво однесување директно се нарушува кредибилитетот на Владата“, заклучуваат од СКРМ.

Filed Under: Македонија

НА ВМРО ДПМНЕ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ПРЖИНСКИОТ МОДЕЛ ЗА ИЗБОРИ СО ТЕХНИЧКА ВЛАДА
ЕВРОПСКИ СТНДАРДИ И МАНЕВРИТЕ НА МИЦКОСКИ
СТИВЕН МИЛЕР И НЕГОВАТА ДОКТРИНА НА АГРЕСИЈА
ЏУЛИЈА РОБЕРТС: НЕ САКАМ ДА ГО МИНУВАМ ВРЕМЕТО ВО СТРАВ И ВОЗНЕМИРЕНИОСТ
СTРАЗБУР ГИ СПОРИ СМЕНИТЕ И „ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ“ ВО СУДСТВОТО (1)

Најново

  • НА ВМРО ДПМНЕ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ПРЖИНСКИОТ МОДЕЛ ЗА ИЗБОРИ СО ТЕХНИЧКА ВЛАДА
  • ЕВРОПСКИ СТНДАРДИ И МАНЕВРИТЕ НА МИЦКОСКИ
  • СТИВЕН МИЛЕР И НЕГОВАТА ДОКТРИНА НА АГРЕСИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet