Со промена на „фирмата“ три балкански држави прават отклон од европските термини кон една регионална форма. Формата ја дава и суштината: овој настан во Скопје е една форма на план Б
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Пред 11 години, токму на крајот на август, новинарот на „Економист“ – Тим Јуда (Џуда) предложи земјите што не се во Унијата а се кандидати за влез во неа да формираат заедница која би била пред се економска а која ја нарече Јuго сфера. Имињата кажуваат се’ – тој како прво потсети дека земјите од Источна Европа исто тска влегоа во заедница од тој тип и дека тоа беше некој вид на приемен испит дека можат да опстојат во далеку погголема заедница )денес е очевидно дека „професорите“ очевидно им попуштиле во оценката); новинарот, познат и признат балканолог, рече дека со Југо сфера би одело многу полесно: се работи за земји кои – со исклучок на изолационистичката Албанија од времето на Енвер Хоџа – долго живееле заедно и имаат многу културни врски и денес, по распадорт на Југославија и згора и јазична блискот. Лесно би се вклопиле во зоната без економски граници. По објавениот текст во Глобус, тогаш добив повик од официјалната влада, на ниво на повисоки службеници, кои звучеа по малку панично, кога тоа е објавено, во кој број на Економист и слично. По една недела – молк: текстот постоеше и имаше своја лична, но аналитичка проценка. Очевидно стравот беше дали ЕУ го форсира ова како иднина за Балканот или е тоа само индивидуален поглед!
Во разговор со тогашната пратеничка Радмила Шеќеринска сватив дека барем во тогашната опозициона партија, најпрво имаше неверување а потоа и внимателност – соговорничката рече дека ние си ја имаме ЦЕФТА и тука условите за економска соработка се добро поставени.
И реков дека нема слободен протиок на стока и тогаш. Тазе беше бојкот на овошје и производи од овошје во БиХ или бојкот на македонските градежници во Албанија, откако тие ја освоија оваа земја и ги поставија првите современи патишта таму.
Во суштина постоеше и психолошкки отпор на било какво споменување на зборот „југо“. Особено што тука требаше да влезе и Албанија а потоа и Косово, ако таму се екс-југословенски федерални единици.
Околу ова на недоамнешната скопска средба говореше токму албанскиот премиер – рече дека не се работи за творба од „удбашките подруми“ туку за една замена за преспората интеграција на Балканот кон Унијата. Засега се тоа јасно омеѓени процеси на соработка, кои треба да донесат предности за трите економии. Промената на „фирмата“ – претходно тоа беше мини-шенген, со што се нагласуваше дека се работи за паралелен процес во приближувањето до Унијата. Денес, кога веќе го имаме бугарското вето за Македонија (директно) и Албанија (индиректно) во промената на „фирмата“ – Отворен Балкан – може и да се гледа некаква дистанца од тој паралелен процес. Предност добива регионот, заради фактот и дека тој самиот нуди патишта за скок на БДП-то а веројатно и какви-такви европски инвестиции во некои од проектите.
Официјалните реакции на С.Македонија, Албанија и Србија потврдија „Отворен Балкан“ е резултат на добра соработка меѓу политичарите кои го послушаа гласот на бизнис заедницата. Отворените граници од први јануари 2023 година ќе ја зајакнат економската соработка и ќе придонесат раст на заедничката економија за 2,5 отсто. Лидерите на трите земји кои се обврзаа дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе стане реалност велат и дека бенефит подеднакво ќе имаат сите граѓани. Претставниците на стопанските комори сложни – идејата за отворени граници претставува нова ера на соработка меѓу политиката и бизнисот.
Претседателката на албанската стопанска комора Инес Мучостепа порача дека будно ќе ги следат чекорите кои се преземаат за да може потпишаниот договор целосно да се реализира.
„Ние веруваме дека ова претставува нова ера меѓу политиката и бизнисот. Многу е важно да бидеме одлучни и со целосна верба кон исполнување на овие цели. Западен Балкан е регион на договори, можности, регион на способни луѓе, бизнис заедницата се наоѓа пред важен момент со кој ќе се поттикне економскиот развој“ – рече Мучостепа.
Накусо, што предвидува „Отворен Балкан“ и кои би биле придобивките за економијата во трите држави?
– Нула минути чекање на границите за транспортерите на стоки и услуги, без царини и намалени административни трошоци;
– Слободно движење на граѓаните меѓу трите земји;
– Унифицирани регистри за пазарот на трудот како можност за размена на работна сила помеѓу земјите;
– Дозвола на граѓаните да работат трите земји;
– Организација на регионални саеми за промоција на производите и туризмот;
– Заедничка реакција на природни и други катастрофи.
Значи, придобивките од „Отворен Балкан“ ќе бидат раст и развој на економиите, привлекување на 80 проценти од странските инвеститори предвидени за Западен Балкан и поголема деловна соработка на бизнис заедницата.
Што сега треба да се стори понатаму?
Во наредниот период, државите ќе треба да сменат закони со кои би се олесниле дозволите за престој. Понатаму, законските решенија предвидуваат и споделување информации во врска со данокот на додадена вредност, со цел товарните возила да не се сопираат на границите. Се планира и креирање регистри за тоа што се бара на пазарот на труд во земјите.
„Ако за две години дојдеме дотаму да немаме граници меѓу нас и камионите и возилата да можат слободно да поминуваат, тогаш ми се чини дека сме постигнале нешто за кое мечтавме. Не сум сигурен колку сите ќе бидат пресреќни поради тоа во светот и Европа, но ние ќе бидеме среќни“, порача од Скопје претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ и Рама беас во дводневна посета на Скопје, по повод главниот настан што ќе се одржи денеска во соработка со стопанските комори: Економски форум за регионална соработка. Форумот веќе го доби епитетот „настан од исклучително значење“, во време кога земјите се соочуваат со бавен напредок или одложување на нивното пристапување кон ЕУ. Беше објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега неформално беше нарекувана „Мал Шенген“, според урнекот за слободно движење во рамките на ЕУ.
„Соработката помеѓу нашите три држави на граѓаните им носи огромни придобивки, а ќе најавиме нови иницијативи, ќе го објавиме името на овој нов балкански развој и ќе ја интензивираме соработката со потпишување на три договори од заеднички интерес“, најави премиерот Заев.
Тој во разговор за босански „Аваз“ изјавил дека Северна Македонија, Србија и Албанија во оваа инцијатива од самиот почеток се отворени и за сите други држави од Западен Балкан.
Вучиќ е уверен дека регионалната соработка ќе помогне да расте трговската размена, и смета дека ако се намалат оперативните трошоци – стопанствата може да се заштедат од стотина милиони до една милијарда евра.
„Одлично се разбираме, гледаме што можеме заеднички да направиме. Дo 15-ти октомври министрите ќе мора да исполнат одредени обрски по прашањето на договорот од Скопје. Пред крајот на годината ќе видите многу од тоа“, најави Вучиќ за српски медиуми.
Соговорниците имаат заеднички планови за развој на зелената агенда, идеи како да ја искористат индустријализацијата на своите земји за да привлечат поголем број инвеститори во единствен пазар на трудот, што ќе ги зајакне националните економии и ќе обезбеди подобар животен стандард на граѓаните. За тоа ќе се говори на Форумот на кој ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и други земји од регионот, како и претставници на меѓународни институции. Само од Србија на Економскиот форум ќе учествуваат 217 компании.
„Ако сакаме да привлечеме компании, мора да сфатиме дека ни треба повеќе работна сила. Веќе сега немаме занаетчии. Немаме бравари, дрводелци, водоинсталтери, и мора да наоѓаме нови патишта. Со обединување на пазарите можеме да ги надоместиме тие недостатоци“, смета Вучиќ.
Соговорниците имаат заеднички планови за развој на зелената агенда, идеи како да ја искористат индустријализацијата на своите земји за да привлечат поголем број инвеститори во единствен пазар на трудот, што ќе ги зајакне националните економии и ќе обезбеди подобар животен стандард на граѓаните. За тоа ќе се говори на Форумот на кој ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и други земји од регионот, како и претставници на меѓународни институции. Само од Србија на Економскиот форум ќе учествуваат 217 компании.
„Ако сакаме да привлечеме компании, мора да сфатиме дека ни треба повеќе работна сила. Веќе сега немаме занаетчии. Немаме бравари, дрводелци, водоинсталтери, и мора да наоѓаме нови патишта. Со обединување на пазарите можеме да ги надоместиме тие недостатоци“, смета Вучиќ.
Соговорниците имаат заеднички планови за развој на зелената агенда, идеи како да ја искористат индустријализацијата на своите земји за да привлечат поголем број инвеститори во единствен пазар на трудот, што ќе ги зајакне националните економии и ќе обезбеди подобар животен стандард на граѓаните. За тоа ќе се говори на Форумот на кој ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и други земји од регионот, како и претставници на меѓународни институции. Само од Србија на Економскиот форум учествуваа 217 компании.
„Ако сакаме да привлечеме компании, мора да сфатиме дека ни треба повеќе работна сила. Веќе сега немаме занаетчии. Немаме бравари, дрводелци, водоинсталтери, и мора да наоѓаме нови патишта. Со обединување на пазарите можеме да ги надоместиме тие недостатоци“, смета Вучиќ.
Едниот потпиошан меморандум се однесуваше на побрз проток на стоки и услуги меѓу трите земји, другиот за заедничко дејствување по прашањето на природните катастрофи, а третиот за создавање единствен
Отпори на удејката секако ќе има. Отворено таа ќе доаѓа од Приштина – косовските политичари се уште сметаат дека им треба иозолационизам, иако веројатно ќе има и мудри глави кои ќе посочат дека Косово само низн призмата на обединување ќе ја надмине покомотно својата затвореност! Јасно, ќе мора да заборави на честите царински војни со соседите (па и со нас, да си признаеме). И Сараево и Подгорица би направиле чекор понатаму во оваа статус кво ситуација.
Бугарија веројатно ќе биде противник на Отворен Балкан иако не толку гласен. Во оваа нивна конфузна внатрешно-политичка ситуација ним сепак им е јасно дека вредноста на нивниот отпор и уцена на Македонија сериозно девалвира. Идмната влада во Софија со време ќе го признае тоа.