Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИРА ДИЗЕЛ СЕКОГАШ НА ЧЕЛО НА РАНГ-ЛИСТ ЛИСТИТЕ

February 18, 2019 Filed Under: Македонија

Антикорупциска комисија ги објави имињата на вработените роднини на Стојчевска, Асани, Џафери, Мисовски….

АНТИКОРУПЦИСКА Многу работа уште на стартот

Антикорупциска комисија ги објави имињата на 18 роднини на јавни функционери за кој се поведува постапка за тоа како се вработени, беше објавено на втората седница од вториот состав. пренесува Слободен Печат.

За пратеничката Мира Стојчевска се разгледуваат три случаи – за тоа како е унапреден сопругот Илјо Стојчевски во Шумската полиција во Делчево, за нејзиниот син Виктор Стојчевски кој беше вработен во државната ЕЛЕМ и за нејзиниот брат Цветан Велевски вработен во РЕК Битола.

Објавено е и имието на Бесија Џафери во ЕЛЕМ, ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери. Објавен е и Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, а нововработен во Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Ја има и Хидаете Алили, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми која доби работно место во АД ЕЛЕМ.

МИРА СТОЈЧЕВСКА СО КОЛЕШКАТА Рекордерката по партиски вработувања сликана со Бети Рабаџиевска, една од оние кои зеле над 10 илјади евра за патни трошоци

Спомената е и Влора Бектеши, сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши, примена на работа во МЕПСО. Ја има и Фанија Костадинова, мајката на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, вработена во Централниот регистар. Марија Јосифовска, сестра на оратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, е евидентирана како вработена во уметничкото друштво „Мирка Гинова“.

Стојне Ѓорѓиев се вработил во МВР како син на пратеничката Милева Ѓорѓиева, а таму свое место си нашла и Мерсиха Рамчиловиќ, сопругата на Зекир Рамчиловиќ, Кога станува збор за независната пратеничка група, тука е и Сара Александрова, ќерка на пратеничката Емилија Александрова, вработена во Фондот за иновации и технолошки развој.пратеникот од независната група на ВМРО-ДПМНЕ. Државната секретарка на МВР, Магдалена Несторовска, е сопруга на Љубислав Несторовски, кој добил место во АД ЕЛЕМ.

СОМНИТЕЛНО Вработувањето на сестрата на министерот за култура Асаф Адеми под лупа

Ореостанати имиња на листата се Надица Делкова – сопруга на градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, вработена во ОУ „Гоце Делчев“ – Долно Дисан, Лила Пежевска – сопруга на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пежевски, вработена во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и Цвете Станојкоска – внука на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски, вработена во Општина Прилеп.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet