ВЕЉКО МИЛАДИНОВИЌ – СЕМ РОБЕРТС
За разлика од нејзиниот сопруг Слободан Милошевиќ, Мирјана Марковиќ не е илустрација на една од најдлабоките поделби и внатрешни битки во српското општество, онаа за која рововите се ископани во 90-тите. Иако често политичката слика за тоа време е толку испревртена па не се знае кој е каде и за кого работи, и последните протести во Белград покажуваат дека тие ровови не се најдлабоки и единствени („падна Милошевиќ, ќе падне и тој – Вучиќ“ велат демонстрантите).
Мирјана Марковиќ е далеку посложена појава. Родена е на 10 јули 1942 година во селото Брежане крај Пожаревац. Таа стана професор по социјалогија на Природно математичкиот факултет во Белград, каде се пензионираше ама беше попозната како влијателна сопруга на поранешниот претседател на СРЈ и на Србија Слободан Милошевиќ.
Беше и лидер на политичката партија Југословенска левица.
Нејзината мајка Вера Милетиќ била во партизаните а во 1943 година е уапсена, мачена и стрелана. Момо Марковиќ, таткото на едногодишната Мирјана, веќе бил политички комесар на Главниот штаб на НОВ на Србија па за девојчето се грижеле бабата и дедото. Познатата Даворјанка МИлетиќ, секретарка и љубовница на Тито е роднина на нејзината мајка. Татко и бил во највисоките органи на партијата после војната, но кусо – во 50-тите е истуркан од политичкиот живот. Но затоа неговиот брат Дража Марковиќ стигнува до политичкиот врв на Србија.
Мирјана и Слободан се двојка од гимназиски денови и тие бргу потоа се земаат и добиваат две деца – Марко и Марија.
Мирјана била врзана за убиената мајка, од неа ги влече своите иделолошки определби и го носи оној познат цвет во косата, бидејќи на една фотографија се гледа дека тоа го правела и нејзината родителка.
Предавала социологија на Француско-амриканскиот колеџ во Белград а имала научни врски со Универзитетот Ломоносов во Москва. Руските врски иовозможиле таа да живее во Москва долго, пред да умре неодамна. Интерпол издал потерница, ама руската полиција никогаш не ја уапсила. Двете нејзини книги („Ноќ и ден“ и Одговор“) и се објавени и на македонски. Умрела после операција на едната рака, по што во болницата се разболува од чир на желудникот а за време на неговото лекување добива пнеумонија, која не ја надминала. Била на лекување во Сочи. Нејзините посмртни остатоци (телото и е веќе кремирано) ќе биде закопано во Пожаревац. Имаше 76 години.
Во посмртниот текс за „Њујорк тајмс“, новинарот Сем Робертс ја нарекува Мирјана „балканска лејди Макбет“, заради нејзиното силно влијание врз сопругот и неговите крвави одлуки како што се на пример ликвидацијата на Иван Странболиќ и новинарот Ќурувија. Секако се работи и за предизвикувањето на граѓански, крвави војни на Балканот, при што животите ги изгубиле 200 илјади лица.
Слободан беше уапсен и изручен во Хаг во 2000 година а почина во ќелијата, без да добие пресуда, од срцев удар во 2006 година. Мира побгна во Москва во 2003 година, пред да биде уапсена.
Описот „балканска лејди Макбет“ всушност и го даде еден од нејзините биографи, новинарот Славољуб Ѓукиќ кој велеше дека Слободан бил заложник на сопругата. Дали е тоа точно се прашува американскиот новинар?
Таа и Милошевиќ беа толку неразделни, вели Михајло Црнобња, професор по дипломатија и политички науки, и во предговорот на книгата на Ѓукиќ напиша дека „можеби не е претерување да се каже дека неговата огромна и непоколеблива љубов кон неа, заедно со нејзината желба за моќ, беше несреќната комбинација што ги предизвика трагичните настани во поранешна Југославија “.
Како претседател, Милошевиќ поттикна антички етнички реки од крв во насилство кога, од 1991 година, Југославија се распадна на многу делови. Следуваше крваво етничко чистење, чија фаза официјално заврши кога Милошевиќ, очигледно со наговор на неговата сопруга, потпиша договор постигнат во Дејтон, Охајо, во 1995 година, во име на босанските Срби.
Но, во 1998 година, повторно се појави судир, можеби инспириран од Дејтон, кога косовските етнички Албанци побараа независност, што доведе до обвиненија за воени злосторства против Милошевиќ, кој до тогаш беше претседател на Сојузна Република Југославија.
Откако Милошевиќ изгуби изборите во 2000 година, новиот режим му го предаде на Трибуналот за воени злосторства во Хаг, каде што беше обвинет за геноцид во систематското убиство на Хрвати и муслимани во Босна и Албанците во Косово.
Случајот сакаше да умре во мигот кога после 20 години дојде и првата пресуда за извршителите на убиството врз новинарот Ќурувија. Два дека пред да биде убиен тој имал средба со Марковиќ, во нејзиниот стан – таа го убедувала да престане со неговите написи и го испратила до вратата со солзи во очите. Типично драмски, шекспиријански, како сцена која Ќурувија ја протолкувал како нејзино простување од него.