ВЕСНА КОСТОВСКА
Вмровската мисла е и силната потреба на слабиот да припаѓа на нешто ,,големо”
Постојат различни мислења, погледи, различни правци, вкусови, стилови, дефиниции, решенија, со кои треба човек да се соочува, да ги прифаќа или да ги отфрла, и со кои треба да го нивелира сопственото мислење.
Но она вмровското, не е мислење. Тоа е подгревана мисловна фикција, ко стопати подгревана устојана манџа.
Тоа е фиктивна мисла, произлезена од простотилакот, од искомплексираноста, од ограничените умствени можности, од конзервативноста, од насилството наречено храброст, од очајната потреба за моќ, за потчинување на масата за да ти се восхитува, затоа што самиот носиш длабоката лична непотврденост. И затоа и имаш потреба на потчинети, покорни под себе.
Од друга страна, вмровската мисла е и силната потреба на слабиот да припаѓа на нешто ,,големо”, зашто самиот е празен, немоќен, несреќен, потпросечен и не знае и не може да се прифати и да се реализира во нормалноста и просечноста. Стопувајќи се во таа подгревана мисла се чувствува прифатен, силен во масата со кутлеш-знамиња, од сличните на себе. Во масата што се идентификува со Александар Македонски, зашто бил освојувач и покорувач. А ете, и нас се’ некој не’ освојува и покорува, ама тоа друго е?!
Вмровската мисла е да си прифатен во масата што образованоста и културата ги смета за арогантност, чесноста за наивност, а авангардноста за налудничавост.
Вмровската фиктивна мисла е да пали контејнери, да предизвикува пожари, да поттикнува граѓанска војна, да измислува платформи, да бојкотира, блокира. Имам чувство, дека таа, вмровската мисла, да може атомска бомба ќе ни фрли, само да владее.
Со нив, во позиција или опозиција, никогаш нема да се создаде можност за нормална власт. Зашто и сега како опозиција, тие немаат намера да го сопрат криминалот на власта. Само сакаат повторно да се власт, за да на раат си го тераат својот криминал и да се чувствуваат силни.
По цел свет има такви структури, но тука се премногу… во однос на процентот на нормалноста…
(Од ФБ статусот на професорката)