Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИС СТОН И МИС БРНС

August 25, 2020 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Прогонот и насилството со елементи на линч кон амбасадорката на најмоќната држава, како и врз Бејли и речиси сите американски амбасадори и амбасадорки, е израз на истата примитивна светогледност што на времето ја роди аферата Мис Стон

Пред малку го прочитав отвореното писмо на Алдо Клипан, пардон Климан, до американска амбасадорка Кејт Брнс.

Додека го потиснував срамот пред налетот на таа лавина од некултура, непристојност, глупост и неукост, измиксани со убеденост во неправдата, неправото и повредената национална гордост, што можат да се спојат само во мозокот на амбициозниот лудак од нацифашистички маштап, на ум ми дојдоа неколку клуча за читање на оваа пасквила:

Опасно е да продолжиме со таканаречената коректност или политичка деликатност и затоа мора да се каже дека тој текст е излезен од системот на терористичко насилство како пат за остварување на политички цели на вмро.

Прогонот и насилството со елементи на линч кон амбасадорката на најмоќната држава, како и врз Бејли и речиси сите американски амбасадори и амбасадорки, е израз на истата примитивна светогледност што на времето ја роди аферата Мис Стон.

Тие свињарии се дело на една партија, на едно движење на една идеологија која не малку луѓе ја носат како коњски капаци низ животот. Проблемот, меѓутоа, добива на тежина во тоа што тие поведенија фрлаат дамка врз целата нација како историски и актуелен субјект.

Тие нестварно глупави испади, ненормално ненормални искази, се израз на најниската примитивна свест која на Македонецот му причинува страшни проблеми во современата ориентација на ист начин на кој му причинуваше исти такви проблеми кога се беше јавила како главна причина да не формира своја држава и национална заедница кога другите балкански народи формираа.

Тоа е историјата на вмро.

Конечно, сите знаеме дека Клипан односно Климан и писмото и содржината на писмото, се алотропска духовна модификација на Жмицко. Тој и неговиот идеен свет, неговиот морален капацитет, неговиот политички кредо, се разбира и на негивата партија, се содржани во реденката на бесмислата, на пувлестата фраза со која обилува секое обраќање од централата на злото.

Но, како викаат, секое зло за добро: верувам дека писмото ќе биде сватено како откривање на нов слој за вистината за оваа злосторничка инсталација и во Македонија и во САД и во Европа.

 

Filed Under: Колумни

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet