ЃОРЃИ СПАСОВ
Ќе се потресе ЕУ од заканите на еден балкански манипулант и уште еден популистички суверенист, кој измислил нова црвена линија која гласи: Ќе го смениме Уставот ама промената да важи со одложено дејство
Мицковски гарантира дека Македонија нема да се помести ниту милиметар кон членство на ЕУ
Е тоа е јака гаранција.
Ќе се потресе ЕУ од заканите на еден балкански манипулант и уште еден популистички суверенист, кој измислил нова црвена линија која гласи: Ќе го смениме Уставот ама промената да важи со одложено дејство.
И ако не се согласат со таа наша “генијална идеја” значи ЕУ е заложник на бугарскиот национализам и нас таква ЕУ не ни е потребна.
Сто пати од сите нивоа им е повторено дека од нас се бара само исполнување на превземена обврска и ништо повеќе и ништо помалку.Ама Мицковистите барем до локалните избори ќе лажат дека преговараат, дека се охрабрени, дека се оптимисти и на крајот ќе изјават дека се разочарани од ЕУ.
А откако со истите квазипатриотски слогани ” Не за бугарскиот диктат” и со парите од кредитот на Орбан ќе победат на следните локални избори, црвените линии ќе почнат да бледнеат или конечно ќе стане јасно дека почнале да гледаат кон Исток и Северо Исток а не кон Запад и тоа од чисто „патриотски причини”
Среќа е што не почнале се уште да ги апсат „националните предавници” кои прифатиле толку „штетен договор” за,Македонија и кои не обезбедиле гаранции дека Бугарија нема повеќе да не блокира какви што тие се надеваат дека ќе обезбедат со идејата, промената на Уставот да важи со одложено дејство. А и со Бугарите во Уставот и без нив ним им се загарантирани и ги уживаат сите права како и припадниците на сите други етнички заедници во Македонија.
Ама. Биди паметен па објасни им на сите оние што се палат на пропагандниот слоган: „ Не за бугарскиот диктат” кој за сега треба да се чита само како „Не за ЕУ”.
(Од ФБ статусот на авторот)