Колку е дилетантска тактиката на главната опозициона партија покажува времето на корона вирусот: место да носат маски и друга заштитна опрема, тие само го подместуваат воинствениот костум кој значи: победи го политичкиот противник или умри!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
На власта корона вирусот и се погоди – со оваа мисла еден од дисциплинираните извршители на пропагандната машинерија на ВМРО ДПМНЕ – Коле Чашуле, глодурот на Алфа телевизијата, ја отвори својата политичка емисија. Ова го стори кога веќе беше јасно дека земјата не може да се прави дека епидемијата не ни се приближува. Веќе сме далеку од датумот кога изборите се одложија, ама Чашуле го помниме дека тогаш беше разочаран: неговиот црно-бел пристап на работите едноставано му укажа дека како што ќе тече борбата со подмолната болест така ќе расте рејтингот на оние кои ќе ги засукаат ракавите. Тоа е секогаш реалната власт. Навистина, заради концептот на Пржинска влада и опозицијата има многу конкретни ресори во таа власт, па можеше да биде дел од еден сложен тим, кој го чува здравјето на нацијата. Ама, опозиционерите таа власт ја прифатија само како можност истата да ја злоупотребуваат, односно да се користи во јакнење на нивните позиции во одредени области (внатрешни работи и труд и социјала) кои би биле користени исклучиво во создавање на скандали како форма на оцрнување на своите политички опоненти.
ГЛЕДАНО ОД БАЛКОНОТ Една од димензиите на изјавата на Чашуле, сама по себе, покажува дека неговата партија однапред се определила да ја смета епидемијата само за сојузник на власта, односно себе да се дистанцира од „валканите задачи“. Или – не само што тој сегмент на македонската политичка елита себе си се става во позиција да биде несолидарен наблудувач од балконот, налик на некој политички стрвојадец, туку ја претвора пандемијата во свое клучна алатка за поправање на сопствениот лош рејтинг.
И одредени аналитичари проценуваат дека кризата кај нас е дојдено во миг на заострена предизборна реторика, без можност да стиснат на кочницата, па пандемијата станала само „отворање на нов фронт“. Овој факт е дотолку точен што најавените избори за датумот кој веќе измина (12 април) влијаеа што Македонија барем десет дена порано не го подигна штитот на одбраната од вирусот! Просто беше онаа ситуација „кој прв ќе трепне“, односно кој прв ќе побара одложување на изборите, бидејжи тоа би се сватило како еден вид на „положување на оружјето“, иако со валиден алиби, ама нели не е по она поумниот попушта, туку послабиот е тој кој го симнува надолу мечот! Требаше да се јави трет фактор – претседателот на Републиката, прво да побара од партиите одложување на изборите, за да свика Совет за безбедност и останатото се знае…
ПОЛИТИЧКИ ПЕТАРДИ Дали изборот на опозицијата, да парафразирам, да има дури две медицински екипи (!) ама да го условува нивното влегување во битката со невидливиот непријател е само форма на пропагандна петарда? Бидејќи, потоа и самата заборави на екиптите А и Б запоочна рафално, најчесто со идиотска реторика, да ја напаѓа власта што и да стори во овие тешки времиња не е само слика на тоа дека таа, кога треба да мисли на користење на заштитна опрема, само се препелка во гладијаторскиот костум што и го скрои одметнатиот Груевски. Истиот оној кој, нема двојба е клучниот „замешател“ во домашните чорби.
Затоа и во Палачинката од плоштадот на ВМРО донесоа уште еден последователен грешен чекор: место да се покажат кадри да прифатат солидарна одговорноста во најтешки моменти на државата, тие станаа само дежурни и злобни критичари, заборавајќи дека така однапред ја изгубија битката за јавното мислење. Прашање е сега колку од нивните некритички насторени гласачи се се’ уште со нив, бидејќи, обично во време на болеста и стравот, инстинктот на масата секогаш бара одлучна и пожртвувана власт. Мицковски, вообичаено „втор се сети“ на ова (или не му беше дозволено) па постојано го повторуваше она дека тој може многу да помогне (имам ама не давам – од медицинари, преку економски програми, па потоа „ни ја препишале нашата програма“) ама сеедно, таа „грамофонска плочќа“ не множе секогаш да биде од користист. Особено кога ВМРО ДПМНЕ не покажа ни ронка конкретна сомилост со жртвите на епидемијата Не во реторичка, туку во конкретна материјална смисла, особено заради тоа што и во редовите на опозиционата партија има многу богати луѓе, вклучувајќи го и Мицковски, кој очевидно не сака ни да говори за формите преку кои неговите политички опоненти конкретно ја покажуваат својата емпатија. Дури, во една од стотината небулози рече дека помошта за сиромаштијата која ја делел лиќно Заев влијаела за ширење на епидемијта! Така беше, да се потсетиме и во август 2016 година, по поплавите во дел од скопските населби и околни села кога само едната страна (онаа на тогаш опозициониот СДСМ) ги засука ракавите.
Грешките кои се прават во проценките опозицијата сега се обидува да ги поправа со инфлација на своите пропагандни пораки. Таа ја користи својата огромна предност во буквалното поседување на грото од медиумите. Или поинаку, ВМРО ДПМНЕ се ободува да ги истисне владините функционери од нивната позиција во обраќањето на јавноста „од балконот“ со што поапсурдни и погласни обвиненија. Има ли тука компензација? Аналитичарот Петар Арсовски овој манир на Мивцковски и екипата ја нарече „обид да останат во приказната“, но дека во овие моменти мнозинството од јавноста оваа критика ја смета за „опструкција“.
ПЕРМАНЕНТНО НА ЕКРАНОТ Каков е притисокот вз медиумите покажува и случајот со интервјуата на сега позитивниот со корона вирус Гоце Михајлоски. Тој направи во март дуел меѓу главние политички противници – Заев и Мицковски. Не помина многу време тој пак направи интервју со овие двајца лидери „сам по сам“. Би можеле да се кладиме дека дуелот од март не беше позитивно оценет во штабот на црвено-црните. Типично за нив е да бараат некаков коректив. На исто место и со ист водител (Гоце Михајлоски беше главен и одговорен уредник во сега „покојната“ телевизија на Кочан – „Нова“, што јасно го покажува неговиот политички профил) а Заев очевидно не сакал да биде тој кој одбива вакви ситуации, па на 2 односно 3 април дојде до тие последователни разговори во студио на Канал 5. Јасно, прво Заев, за во штабот на Мицковски да се изанализира следниот настап на нивниот лидер.
Знаеме што шпотоа се случи, ама паниката беше што сега Мицковски мораше да се јавува од дома (мораше?!) па се правеа додатни професионални гафови а пред се оние кои го пренесуваа (тука „се претера“ Телма) тој „театар в куќи“ покажуваа колкава е специфичната тежина на нивната зависност од нечија наследена волја и моќ.
Следниот чекор одеше до таму што се случи дури да се намалува тајмингот за официјалните прес конференции на власта на малите екрани, но не и за оние небулози кои ги истураше Мицковски од неговата дневна соба, претворена во студио! При тоа огромните лаги кои се кажуваа од вмроовската пропаганда (на пример дека македонските здравствени власти биле последни на Балканот по бројот на лица од кои е земен тест за вирусот, а подоцна илезе дека вистината е спротивна) ниту малку не беа барем повод за извинување, туку се продолжуваше со исто темпо со се поголеми лаги, слично на приказната за оној дамнешен топџија барон Минхаузен, кој постојано ги зголемувал лагите за да ги покрие претходните подбивања за поранешните сторени гафовви. Веќе споменатиот Арсовски ова однесување на вмроовците го нарекува – спирала на лагата.
Од изнсено е сосема јасно зошто многу политичари кои се во опозиција во својата земја, не се трудат да и наштетуваат на власта во тешките моменти за нивната земја. Опозиционерот Ципрас, на пример, не влезе во никаков ринг со Мицотакис, во нашето јужно соседство. Тој тоа разумно го објасни, беше свесен дека никаква критика во тие мигови не е добредојдена!
Но, да се очекува дека сите опозиицони лидери ќе имат барем малку приближен формат на Ципрас е секако залудно. Особено не кога се работи за нашиот Мицковски.