Моделот по кој воено лице ќе раководи со полицијата го видовме на дело пред две години, И тогаш, во случајот со Чавков, имаше кршење на Уставот а видовме како заврши сето тоа на 27 април 2017 година. Сега, во април 2020 година одново имаме избори и можеби користење на полициските сили на начин кој не е „пристоен“ или нивно паивизирање кога е тоа потребно а зад кој модел стојат дури и поединци од правната наука
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Непосредно по сознанието дека „црвено-црните“ предложиле во време на времената (техничка влада) со ресорот за внатрешни работи да раководи Драган Ковачки, активен офицер во Армијата, напишав на Фејсбук дека со овој потег лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски сака да покаже неколку работи:
– не постојат никакви скрупули дури и кога е кршењето на Уставот во прашање само за да се „наградат“ одредени „заслужни лица“; експретседателот на државата Иванов во период кога не смееше го унапреди споменатиот Ковачев, но новиот претседател ја отповика таа одлука; јасно, тој респект е содржан во улогата која треба да ја има Ковачки, а која ја знае Мицковски а не во подобноста на офицерот, се работи за тоа дека партијата е посилна нели и од Уставот, дека ВМРО секогаш ќе ги наградува своите кадри каде сака, кои и да се тие и каде и да треба
– во наредниот период нема да постојат никакви пречки, па ниту правни, овие избори од статот да се направат нерегуларни и да се бараат изговори за поразот што може да се случи и да се тргне било каков граѓански шинел од тој процес
– ако треба да се спојат изборниот пораз на ВМРО, евентуалниот неможноста да се најде коалиционен партнер или „незадоволството на народот“ добро е нели да се најде „свој човек“ со искуство во менаџирање со можни немири….
Впрочем, не требаше многу да се чека на потврда на тие проценки. Еве, Мицковски не го повлекува предлогот(!), а во јавноста се појави писмо на единицата „Волци“ со кој „несакајќи политички да се инволвираме, но чуствувајќи должност да го изразиме нашето лично и поединечно мислење како граѓани на нашата земја Македонија, сакаме да го потенцираме следново … “ и следува поддршка, што е незапамтено за еден нормнален, демокртски систем. Ама, кога ќе се крши правната држава еднаш, како кај Чавков, влегуваме во серија на такви кршења, што, да го земеме и ова писмо, кој знае каде ќе завршат!
Еве, по „истрчувањето“ на претседателската кандидатка Гордана Давкова, универзитетска професорка, дека тоа е место само за цивил, дојде брза „корекција“ во стилот „ако некогаш принципот е прекршен…./“ Та зарем така им се предава за Уставот на студентите, човек ќе се запраша?
Впрочем, овој модел со „исклучоци“ го има само во африканските земји. Малку – малку некој полковник (баш такви) ќе ја преземе власта, ама без учество на парламентарците, туку со воен удар. И затоа модерните устави бараат со земји кои имаат војска и полиција со нив да раководат цивили. Нашиот устав одредил тоа лице да биде најмалку три години надвор од униформата, како додатно отклонување на опасноста од идиаминизацијата.на државата.
Навистина, Европа познава еден таков „исклучок“ – тоа е поставувањето на генералот Јарузелски на функција на самото чело на државата. Негова улога беше да го спасува стариот режим од евентуална промена, која дојде дури кога тој даде отставка и беа распишани првите демократски избори. Значи, знаеме сите во какви времиња и што тој требаше да брани. И барем избраникот беше генерал!