Партијата на Мицковски се јавува како контраш на сите фронтови на кои сјме сите во многу тешки времиња. Таа не само што е солидарна, туку е вистински организиран непријател што не обидува сите да не влече назад, наспроти сите изгубени битки во последните четири години
Секоја влада во светот, во ерата на се’ позабрефтаниот кој знае кој по ред бран на ковид-19 има на располагање неколку мерки кои можат да добиваат во својата острина или да се попуштаат, но се’ на се тоа се чекори во кои надлежните имаат дебели ортоми на нозете при нивното користење. Политичката опозиција во тие земји, секоја за себе, обично бара поригорозни мерки или пак, обратно, негодува заради острината во примената на тие мерки, но тешко дека може да најде споредба со нечија посебно успешна политика во практиката на борба со ова зло кое му натежна на светот.
НЕМА ИЗБОР НА МНОГУ МЕРКИ Мерките со кои една економија пак може да издржи ново, евидентно траење на короната макар уште едно полугодие, не се многу на број. Во основа се работи за зголемување на социјалните давачки во услови на рапидно намален прилив на средства во буџетот и со намален општествен бруто производ што може да се врзува за покрупни хаварии. Тоа се мерки кои значат горе-долу задолжување на идните генерации за да се одржи носот на опстанокот над водата на короната.
Веројатно е значи дека секаде опозицијата сака да „штрбне“ во јакнење на своите ветувања во овие турбулентни времиња. Но само ние си ја имаме ВМРО ДПМНЕ која чува камен за да го вметне во чевелот на мерките за спас без за тоа да има објективно објаснување и истото да е покриено со макар мало зрно на рационалност! Тоа се случуваше навистина и пред појавата на ковидот-19, но сега, кога опасноста по животот и здравјето на народот е загрозен во толкава мерка партијата на Мицковски едноставно комплетно се става на страна на најцрната иднина по народот!
РЕБАЛАНС НАПАЃАН СО 170 АМАНДМАНИ Така, Владата понуди четврт пакет на мерки за спас а за тоа е неопходен втор ребаланс на буџетот; но тој предлог ВМРО ДПМНЕ го напаѓа со 170 амандмани. Дури има закана дека среде финансиска, да се креира и политичка криза. Најава за тоа е фактот дека ковидот ги напаѓа и пратениците, па се јавува и шанса опозицијата да прави и формална опструкција, сметајќи дека може да си дозволи да прави владина криза, но не заради спас од вирусот, туку само како зрак на надеж на целата армада на тешки криминалци кои се или во затвор или се во чекалницата за Идризово!
„За комисиската расправа имаме вкупно 186 амандмани од кои 176 се поднесени од страна на ВМРО ДПМНЕ “, изјави за Дојче веле Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.
Што конкретно содржат амандманите детали нема, но она што најавуваат од опозицијата е дека тие ќе бидат насочени кон дополнителна поддршка на здравството, но и за справување со проблемот со загадување, кој допрва се очекува да добие на актуелност. Дали ќе има слух кај власта допрва ќе се види, но од тоа ќе зависи и поддршката на опозицијата за предлогот:
ЗАКОНСКИТЕ РОКОВИ СЕ ЈАСНИ Од пратеничката група на СДСМ не сакаат да коментираат ништо поконкретно пред да започне расправата. Законските рокови се јасни и очекуваат дека законот ќе биде изгласан навреме, бидејќи расправата трае десет дена според деловникот, без разлика колку амандмани има поднесено. Така што нема што да се зборува за конструктивност. Што и да се случува, до десетиот ден на полноќ завршува амандманската расправа и потоа се оди на пленарна седница. Како и да е до крајот на месецов би требало да заврши се`, вели за Дојче веле,
Значи ребалансот влегува во собраниска расправа во услови кога владејачкото мнозинство бара седниците да се водат онлајн, а не со физичко присуство, поради проблеми со масовното заеразување. „Во Парламентот имаме три или четири наши позитивни пратеници. Ова го прави големиот проблем, а тоа е столбот на демократијата да биде ставен надвор од системот, да не работи, а тоа ќе значи неможност да се носат одлуките кои што значат плати социјална помош поддршка на здравствените работници“, предупреди премиерот Заев.
Опозицијата засега е против онлајн собрание и бара седниците да се одвиваат со физичко присуство.
Со ребалансот треба да се обезбедат 70 милиони евра поддршка за исплата на плати, околу 27 милиони евра ќе чини мерката за домашната платежна картичка. Викендот без ДДВ кој се спроведе за време на продолжениот празничен викенд се финансираше со 17 милиони евра. За Државна гарантна шема и царинска гаранција – 13 милиони евра. Околу 5,5 милиони евра грантови ќе се доделат за игротеки, туристички агенции, ресторани за свадби.
Да се потсетиме дека со вториот ребаланс годинава, прв на новиот владин состав, државата ќе добие рекорден буџетски дефицит од дури 920 милиони евра или 8,4 проценти од БДП. Дополнителната дупка која што се отвора е во износ од 170 милиони евра. Владата наводно планира овој нов минус да не се покрива со ново задолжување од надвор, туку со комбинација од депозитите на државата и од задолжување со хартии од вредност на домашниот пазар. Владата го крои овој ребаланс со прогноза за пад на БДП за 4,4 процентни поени, што е пониско остварување од првично очекуваното. Пред два дена ММФ не предупреди дека македонската економија годинава ќе ја заврши во минус од 5,4%.
ВИКЕНД БЕЗ ДДВ Првата проба на импакт на средства во домашната економија беа трите дена на продажба на производи без ДДВ. Продажбата беше насочена на ком0пјутерска опрема, максимирана е на цех од 30 илјади денари а во барабанот влегуваат само оние кои и до сега скенирале сметки. Впечатоците кај граѓаните околу успехот на акцијата се различни. Моето искуство покажа дека голема гужва имаше во „Меркур“, каде се продаваа главно словенечка стока. Таму немаше попуст по основа на ДДВ, туку со екстремниот попуст на основната цена кој го дадоа на своите производи. Па, државата во овие трансакции ќе си го земе ДДВ-то ама импутот главно ќе отиде настрана.
Надлежните најавија засилено присуство на терен од страна на сите инспекции. Ќе се контролира примената на здравствените протоколи, но и евентуалните манипулации со цените на производите. Очекувањата се дека преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните требаа де бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.
Последните вести говорат дека во викендот без ДДВ е остварен промет од 558 милиони денари, со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66 милиони денари (околу еден милион евра), соопшти УЈП.. Тоа е, ако може да забележиме сооднос од 1:17 во однос на очекуваниот промет. Дали е тоа неуспех. Формално да, но трговците во голема мерка не ги обележија домашните производи, или пак ги обележуваа ама ги немаше на сметките кои ги добиваа на касата во продавниците каде пазареа. Така, на една белешка во познат синџир на самопослужување во Скопје Скопско пиво не е отчукано како домашен произво, слично е со вината на Тиквеш. Кај овошјето и зелеччукот стои дека се од домашно потекло ана касиерките и тоа не го виделе, бидејќи тие производи немаат свој еквивалент во компјутерскиот систем. Со други зборови трговците измамија повеќе купувачи, не кој знае колку ама ниту тие, во крајна линија не добија токлкав импут колку што беше потребно а државта заштеди во ДДВ-то кое го требаше да го прости. Ова е само доказ дека Владата има многу наивни потези и дека оние кои даваат економски совети не се на ниво на задачата!
Викендот без ДДВ се спроведува за првпат во С. Македонија. Таа е една од првите оперативни мерки предвидени во четвртиот пакет антикризни мерки кој неодамна беше усвоен. За да може да стапи на сила, беа направени и законски измени кои беа изгласани во парламентот. Најголем дел од пратениците на опозицијата беа воздржани.
СУБВЕНЦИИ Субвенциите за плати и директната поддршка за пензионерите и најсиромашните е клучниот сегмент и во четвртиот пакет антикризни мерки. Сепак, за разлика од првите три, овој пат македонската Влада го шири фронтот за поддршка со активирање на дури 31 поединечна мерка. Пари ќе има за сите, а фокусот е насочен кон директна поддршка за економска и социјална сигурност на граѓаните, но и поттикнување на приватната потрошувачка.
Само за исплата на плати до крајот на годината се обезбедува поддршка од 70 милиони евра. Со овие пари ќе се поддржат дури 250.000 работни места. Новина овој пат е што поддршката ќе биде скалеста од 14.500 до 21.776 денари месечно: Владата повторно ќе даде платежни картички „Купувам домашно” на 283.000 граѓани. Вкупната вредност на оваа мерка изнесува 27,6 милиони евра. По 6.000 денари на картичка ќе добијат пензионерите, граѓани од ранливи категории, студентите. Синдикалците се генерално задоволни иако дел од нивните предлози не поминаа:
„Има за невработени, има за пензионери има и за стопанството. Но зошто нема пролонгирање на кредитите за обичните граѓани, оти гледаме тоа го има за фирмите. Дополнително што со овој пакет мерки не се уреди е да се пролонгираат обврските и кон извршителите. Џабе ви е помош за пензионер што зема 15.000 денари ако на врат му виси извршител кој ќе му зема по 6.000 денари. Ќе видиме, ова некако да го избуткаме”, коментира Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации. (Во заднината на оваа мерка се и турбуленциите во Здружението на извршителите!).
Синдикалците опопменуваат дека подобро е субвенциите директно да одат на сметките на работниците, но сепак ќе се оди по стариот рецепт, директно на сметка на фирмите.
– Добро е што дури и помошта е поголема односно скалеста. Многу пари се во игра, безмалку половина милијарда евра. Дај боже да мрднат работите, сите тоа и го очекуваме. Гледаме дека работодавачите и коморите се задоволни, па ајде да видиме”, сметаат синдикалците..
Бизнисмените пак се изненадени од големината на пакетот. Очекуваат многу бргу да стартува и имплементацијата на мерките, иако за добар дел од нив ќе бидат потребни сериозни подготовки и широки консултации:
„Поголем е сетот на мерки, а изненадувачки, опфатени се и некои категории за кои не очекувавме дека може да се сети владата. Опширно е мислено на се`, но клучно е сега од каде и како до парите. Тоа е најважната работа. Сепак се` нема да се случува од утре, целиот сет на мерки и предлози ќе треба да помине низ една структура на дијалог. На економско социјалниот совет, креирање на мерките, измена на системски закони кои ќе бидат неопходни, гласање во Парламентот. Но она што е важно е мерката за платата на работниците, добро е што ќе биде испорачана до оние до кои што навистина што ќе имаат потреба. Секако и изворите од каде ќе се обезбедат парите”, коментира Миле Бошков претседател на Бизнис Кофедерација на Македонија
Добар дел од мерките нема да започнат веднаш. За дел од нив ќе бидат потребни законски, но и системски измени. Оттука според Бошков е многу важно во процесот на усогласување и имплементирање да бидат вклучени сите засегнати страни:
МИЦКОВСКИ НЕМА АЛАДИНОВА ЛАМБА „Сето ова убаво звучи, но ќе видиме како ќе изгледа кога ќе излеземе со маски и ракавици да ги бркаме работите, како тоа ќе изгледа во реалниот живот. Некои мерки се однесуваат и на помош во вонредна состојба и ако го мериме тоа така, може да претпоставиме влошување на состојбата со пандемијата. Овие мерки не би биле на сила доколку не се очекува некаква ескалација. А тоа значи дека економијата ќе има ограничен маневарски простор. Ќе има и системски работи кои ќе бараат системско дигитално поврзување на регистри, државата има преку 30 регистри кои ќе треба да работат едновремено за да може да се олесни процедура на дигитално поднесување документи што е посебно важно во услови на пандемија”, укажува Бошков.
Да се вратиме на почетокот на текстов. На отпорот шо го прави Мицковски, на оној камен што ни го става на сите во чевелот. За лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, мерките на власта се задоцнети, популистички и ќе влијаат на продлабочување на и онака тешката состојба во државата. Човбекот кој бара лидерска средба ја ословува Владата како „мафија“ (а очекува средби и договори со неа!). Говори за „последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа“, без да се забележи дека тој самиот поседува некаква Аладинова ламба со која би направил пресврт, за што секако би можел да добие и Нобелова награда.. Премиерот Зоран Заев пак порача дека е многу важно што во креирањето на мерките учествувале сите засегнати страни. Првите три пакети спречиле драматични и долгорочни економски последици. Сега, со четвртиот пакет мерки се помага на максимален број граѓани:
„Вкупниот износ на овој пакет е во висина од 470 милиони евра и заедно со претходните три пакети помошта надминува една милијарда евра. Во процесот на креирање на овие мерки учествуваа стопанските комори, синдикалните организации, организациите на работодавачи со цел да бидат опфатени максимален број на граѓани засегнати од кризата. И затоа е голем севкупниот број на мерки”, изјави Заев. И навистина – кој колку добива? Па со овој пакет платежна картичка во износ од 6.000 денари ќе добијат 5.726 самохрани родители, над 18.000 пензионери со со пензии до 15.000 денари, 8.5108 пасивни баратели на работа, 520 самостојни уметници. Исто така и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи. Дополнително и 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички.
За покривање на тој цех, барем за една третина од потребните пари ќе се обезбедат од буџетот, кој допрва треба да претрпи ребаланс. На располагање на владата и стојат неискористени средства од задолжувањето, но јасно е дека ќе биде потребно и наоѓање на други средства. До нив со камен во чевелот тешко се стигнува.