Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИЦКОВСКИ ПОД КРИТИКИ И ОД ОПОЗИЦИЈАТАИ ОД ФРАКЦИЈАТА ВО ВМРО -ДПМНЕ

October 8, 2026 Filed Under: Македонија

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

МАЛКУ ПОЉУБЕЗЕН ТОН Гостинката од Брисел остана на преходните услови за напредок на земјава кон Унијата ама употреби подипломатски тон од обично

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје предизвика остри реакции и од СДСМ и од Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ. Иако доаѓаат од различни политички позиции, заменик-претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска и Оливер Андонов од фракцијата во ВМРО-ДПМНЕ ја насочија критиката кон политиката на премиерот Христијан Мицкоски во однос на евроинтеграциите.

Фон дер Лајен во Скопје повтори дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и дека Унијата ја очекува со нејзиниот идентитет и јазик, но и дека останува клучниот чекор потребен за продолжување на пристапниот процес. Европската комисија ја води актуелната политика на проширување како процес заснован на исполнување услови и реформи.

Каранфилова Пановска оцени дека посетата ги демантира претходните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ дека европскиот процес го загрозува македонскиот идентитет. Таа потсети и на предизборните ветувања за Преспанскиот договор и за „подобри преговарачки позиции“, оценувајќи дека резултатот е спротивен.

„Наместо европеизација добивме билатеризација. Колку повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува“, рече Каранфилова Пановска, посочувајќи на најавените нови разговори со Софија. Таа во политичкиот напад врз ВМРО-ДПМНЕ го отвори и прашањето за бугарските пасоши и деловните врски со Бугарија на лица од партиските редови.

Од друга страна, Андонов ја критикуваше трансформацијата на реториката на Мицкоски: од претходните резерви и критики кон ЕУ до прифаќањето на пораките и советите од претседателката на Европската комисија.

Од анти ЕУ реторика, „следење на состојбите во ЕУ” преку Исланд, АфД Лепен и слични раскази за домашна политикантска употреба од страна на Мицкоски, кои „укажуваа” на утрешен распад на ЕУ до прифаќање на совети и МИЈАУУУ пред претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен.

Јасните пораки се кажани од страна на претседателката на ЕУ.
Нивната реализација која ќе заврши со полноправно членство на Македонија во ЕУ, МОРА да започне со уставните промени и Бугарите

Според Андонов, пораката од Скопје е недвосмислена: продолжувањето на пристапниот процес подразбира исполнување на обврските од преговарачката рамка, вклучително и уставните измени.

Андонов предупреди дека новата дипломатска иницијатива кон Софија не треба да се користи за дополнително одложување на одлуките и потсети дека фракцијата во ВМРО-ДПМНЕ подолго време јавно се залага за уставните измени и продолжување на европскиот процес. Таквата позиција фракцијата ја застапува уште од 2023 година, кога јавно ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат измените.

Двете реакции имаат различен политички контекст, но се среќаваат во една точка: посетата на Фон дер Лајен не донесе нова европска формула што би ги заменила постојните обврски. Политичката расправа сега повторно се враќа на прашањето дали Владата ќе бара начин за нивно исполнување или ќе продолжи да бара поинаква рамка.

(civilmedia.mk)

Filed Under: Македонија

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД
ЛОШИ ПЕРСПЕКТИВИ: ГЕНЕРАЦИЈАТА Z САКА МИЛЕН ИУМЦИТЕ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ ЗА ДА ИМААТ РАБОТНИ МЕСТА
ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД МЕМОРАНДУМОТ НА САНУ: СРБИЈА НА ПАТ ИЛИ НА ЗАОБИКОЛЕН ПАТ

Најново

  • МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
  • МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
  • ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet