Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИЦКОВСКИ СИ ДАЛ АВТОГОЛ: ГО СЛЕДЕЛ ТОЈ ДО НЕГО!

October 14, 2025 Filed Under: Македонија

Не знам дали му кажале или не, ама едниот од тие што го спомна, а го следеле, е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а другиот соработник на најмоќната странска служба, објасни Пендаровски во „Политиканти“

КОЈ ГО СЛЕДЕЛ Мицковски стана издриблан дриблер во аферата со користењето на тајните служби против него

Мицкоски разоткрил агент на „најмоќната странска служба“?! Тој што „го следел“ му е раководство во партија,открива Пендаровски во подкастот „Политиканти“. На Мицкоски не му кажале дека тие соработници на тајните служби, кои ги цитираше со кодните имиња „Цилиндар“ и „Џокер“, едниот е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, вели во гостување поранешниот претседател, Стево Пендаровски во врска со наводниот скандал за следење на Мицкоски како лидер на опозицијата.

– Не знам какво е тоа следење, да те следат дека дигаш тегови или да одиш на Водно со семејството, каков разузнавачки податок ќе добиеш од тоа? Не знам дали му кажале или не, ама едниот од тие што го спомна, а го следеле, е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а другиот соработник на најмоќната странска служба, објасни Пендаровски. Инаку ова е потврдено и низ наглото прекинување на оваа тема од страна на прогандата на ВМРО ДПМНЕ а ние би додале дека и по ова прашање е видливо колку медиумите се послушни кон ПР-от на црвено-црните.

Во мојот мандат никогаш не се разговарало за носење на мигранти од Британија, истакна во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски.

При гостувањето беа допрени многу чувствителни прашања. Едното е врзано за преговорите со Британија за прием на одреден број на емигранти во земјава, во специјални центри. Водителот Сашо Орданоски спомена дека му е познато дека кај нас се готват дури четири центри и се знаат нивните локации.

Во моите пет години, рече Пендаровски, со мене од страна на Велика Британија никогаш не се разговарало за мигранти. Имам слушано дека на пониско ниво се тестирал теренот, но никогаш не е дојдено до фаза да дојде на Влада, па да се прават концепти како да се изведе тоа. Јас кажав претходно, ние немаме потпишано стратегиски договор со Обединетото Кралство, ајде дајте ни го текстот на договорот да го видиме. Поводот беше најден во моментно гостување на Муцунски во Лондон, каде сегако е разговарано околу некои детали за меѓусебната соработка.

„Засега немаат договорено кампови за бегалци, но според моите информации се разговара за тоа“, вели Пендаровски, кој сепак смета дека нема да бидат договорени прифатни кампови, но сепак недостига транспарентност.

Во врска со средствата кои Македонија ги добива од Британија, Пендаровски појаснува дека се работи за кредит.

– Тие милијарди не се помош, туку кредит кој ќе треба да се враќа, а проектите кои ќе се прават ќе ги работат Британци, објасни поранешниот претседател.

Во инсистирањето да каже нешто за нговото семејство и потекло, Пендаровски кажа дека потекнува од Галичник (по татко) додека мајка му е од кратовско. Се запознале кога студирале во Учителската школа. Живеел (како сосед со Орданоски) на улицара „Ферид Бајрам“, за оние кои не знаат главната и фрекфентна но тесна улица во Бутел 2. Кажа дека сакал да студира на Правниот факултет б идејќи тој со себе ја имал и одредницата дека и факултет за политикологија.

Интересен беше деталот кога кажуваше дека бил записничар на средбата меѓу Груевски и Црвенковски непосредно пред самитот на НАТО во 2008 година кога требало да се разговара за приемот на земјава во НАТО. По половина час разговор Црвенковски прашал дали да го прифатиме предлогот за името да биде Македонија со додавка во заграда Скопје а Груевски побарал Пендаропвски како записничар да излезе од собата. Што е договорено не се знае ама е факт дека грувски одбегнува да има сведоци во пресудни моменти. Напомена дека како премиер Груевски не сакал да го потпише признавањето на Косово како независна држава, туку одбрал друг соработник да го стори тоа Слично било и со одлуката на Владата за амнестија на хашките случаи, рече Пендаровски во гостувањето во „Политиканти“.

Filed Under: Македонија

ГRAЃАНИТЕ ПРАШУВААТ ЛИ НЕШТО?
ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЛГРАД НАЧНА СОМНЕЖ ЗА АНГАЖМАН НА МАКЕДОНЕЦ ВО СОМНИТЕЛНА МИСИЈА
СMРТТА МОЖЕ ДА ГО ОДНЕСЕ ГРАДИНАРОТ, НО НЕ И ГРАДИНАТА
МОНТГОМЕРИ: СТУДЕНТСКИОТ ПРОТЕСТ ВО СРБИЈА НЕ Е ИНИЦИРАН ОДНАДВОР
ГРАДОТ Е РЕФЛЕКСИЈА НА ОПШТЕСТВОТО ВО ПРОСТОРОТ, ОДРАЗ ОДНОСИТЕ НА МОЌНИТЕ

Најново

  • ГRAЃАНИТЕ ПРАШУВААТ ЛИ НЕШТО?
  • ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЕЛГРАД НАЧНА СОМНЕЖ ЗА АНГАЖМАН НА МАКЕДОНЕЦ ВО СОМНИТЕЛНА МИСИЈА
  • СMРТТА МОЖЕ ДА ГО ОДНЕСЕ ГРАДИНАРОТ, НО НЕ И ГРАДИНАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet