Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИЦКОВСКИ, ЧОВЕК СО ИДЕЈНИ КАПАЦИ

April 10, 2018 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Викни конгрес на кој ќе го прочиташ својот хрушчовљев реферат против вмровскиот Сталин. Против неговата идеологија и политики, демаскирај го злосторството што го има направено врз два милиони луѓе, прозбори за методите и формите на злото. Кажи се што знаеш за пљачките, пучевите, убиствата. Престани да го браниш тоа што не може да се одбрани. Многумина нема да тргнат по тебе, но тие што ќе тргнат ќе бидат нормални, нема да бидат луди, чипирани и прости

И додека комплетното раководство од претходниот мандат излегува од судниците на Кривичниот суд само по мочање и голема нужда, новиот лидер на чипираните идиоти се обидува да ја освои простата маса со раскошниот талент на својата ограниченост и со постојаното дотерување на тоа што јас го гледам како очни капаци какви што обично носат коњите. Имам впечаток дека ужива во тесниот сноп на светлост и плиткиот и тесен хоризонт што му го формираат тие културни штитниц. Како да е од родот на влекачите.
Македонија немала среќа со политичката елита, тоа е факт, но по триесет години транзиција, во капиталната драма низ која минуваат државата и општеството, на политичката сцена да се јави ваква примитивна интерпретација на политиката каква што демонстрира Христијан Мицковски и без срам и страв да парадира и да се претставува, не како алтернатива, туку како спасоносна алтернатива за Македонија, тоа е малку ту мач. Помина доста време од неговото востоличување во злосторничката инсталација, а граѓаните немаат други знаци за тоа како човекот ја гледа Македонија освен: улица, протести, блокади, предвремени избори што ќе си ги организирале како дел од владата, хахаха, интерпелација како мастурбација, Заев како киднапер на државата, бла бла бла.
Ретардирана, ридикулозна, тажна парада!
Сакам да му порачам, сосема бесплатно, хахаха, неколку работи кои се темелат на следнава филозофија: банда, глупаци, кретени, примитивци и лузери, можеш да собереш во секое време, но ако сакаш од една бандитска, мафиотска, антимакедонска котерија да направиш партија и да ја водиш во победи, мораш да направиш најмалку три работи:
1. Излези од симболот на пљачката и злото, на тоа што не е твое ниту е на вмро, од тоа што е најголем срам, од зградурината од која би избегал и Боко Харам, од гламурот кој ви стои како фатирани гаќи на Моника Белучи, значи од штабквартирата, предај ја со се сите свињарии внатре, од сликите до теписите и дрвенаријата на државата или на некоја добротворна или културна институција, најдобро да ги викнеш луѓето од старо купујем, само не се јавувај кај втората злосторничка организација: Емпецето!
2. Викни конгрес на кој ќе го прочиташ својот хрушчовљев реферат против вмровскиот Сталин. Против неговата идеологија и политики, демаскирај го злосторството што го има направено врз два милиони луѓе, прозбори за методите и формите на злото. Кажи се што знаеш за пљачките, пучевите, убиствата. Престани да го браниш тоа што не може да се одбрани.
Многумина нема да тргнат по тебе, но тие што ќе тргнат ќе бидат нормални, нема да бидат луди, чипирани и прости.
3. Формулирај три, четири или пет постулати на новата политика. Јас ќе ти го кажам првиот: епскиот судир со СДСМ е потрошен циклус. Тоа не значи дека ќе престане конфронтацијата со СДСМ, туку значи дека епиката е испарена и дека битката ќе се води за други работи и теми, а не за идентитетските прашања, зашто луѓето разбраа дека идентитетските прашања ги исклучуваат нивните аларми што им овозможува на акционерските друштва за пљачка односно на партиите да оперираат непречено.
Јас знам дека никој нема да ме послуша, но тоа не е причина да не се соопштуваат вакви работи. Обратно колку се помали шансите нашите обврски се поголеми

Filed Under: Колумни

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet