Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МИЦКОСКИ – „ПОАМЕРИКАНЕЦ“ И ОД АМЕРИКАНЦИТЕ, ПОМАЛКУ ЕВРОПЈАНИН И ОД ЕВРОСКЕПТИЦИТЕ

March 5, 2025 Filed Under: Колумни

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Играњето „ќеф на Американците, за инает на Европјаните, па обратно“ како што тоа го замислува Мицкоски (со Вучиќ, Додик, Фицо и Орбан) е виц. Замислата дека со тоа ќе му се додвори на Вашингтон кој активно разговара со Париз, Лондон, Рим, Варшава, Берлин е комедија. Обидот тоа да го прави на грбот на Украинците е трагедија.

Дипломатијата е повеќе од партиски Пи-аР, а ВМРО-ДПМНЕ со ваква политика допрва ќе ја внесува Северна Македонија во меѓународен процеп и домашен амбис.

Тоа ќе биде последица на пристапот на Мицкоски: „Поамериканец“ и од Американците, помалку Европјанин и од евроскептиците, „посуверенист“ и од Кремљ – замислувајќи дека може да ја проектира Северна Македонија во „неврзана Југославија“.

Играњето „ќеф на Американците, за инает на Европјаните, па обратно“ како што тоа го замислува Мицкоски (со Вучиќ, Додик, Фицо и Орбан) е виц. Замислата дека со тоа ќе му се додвори на Вашингтон кој активно разговара со Париз, Лондон, Рим, Варшава, Берлин е комедија. Обидот тоа да го прави на грбот на Украинците е трагедија.

Фактите не се исклучуваат меѓусебно: Северна Македонија е членка на НАТО, има стратешко партнерство со САД и – бара членство во ЕУ.

Од Париз, Лондон, Брисел и Берлин преку Атина, Приштина, Софија и Тирана до вистинската опозиција во Скопје концентрирана надвор од Собранието – јасно е дека премиерот, министерот за надворешни работи, претседателот на Републиката… – следат политика Северна Македонија да биде дел од линијата на прекин на градењето заедничка одбранбена целина и структура од Атлантикот (вклучително обете страни на Ла Манш) до Уралот и Источниот Медитеран.

Конкретно, „линијата Северна Македонија, Србија, Република Српска, Унгарија, Словачка“ има за цел да ја попречи заедничката европска одбранбена политичка целина од Обединетото Кралство, Ирска, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Холандија, Белгија, Луксембург, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Косово – преку Германија, Чешка кон Полска, Литванија, Летонија, Естонија и Финска, преку Романија и Бугарија до Молдова и Украина и преку Грција и Турција до Источниот Медитеран – за да го прекине процесот на одбранбено структурирање и континентално и транс-континентално.

Владејачкото мнозинство низ владината политика, парламентарната опозиција бегајќи од својата политика и заложби – тоа заеднички го поддржуваат.

Ако официјално Скопје молчи – ние немаме право да молчиме. Затоа, да ја соопштиме вистината пред граѓаните на Северна Македонија и особено до Македонците затворени во полуинформациите на југо-скопските медиуми и совјетско-партиските портали.

Срдечниот прес на Трамп и Макрон исцртува основа на идните односи не само меѓу Вашингтон и Париз, туку и меѓу САД и ЕУ, вклучително во одбранбената политика и окончувањето на агресијата врз Украина.

За очекување е по средбите на американскиот претседател со италијанскиот премиер минатиот месец, францускиот претседател денес и британскиот премиер следната недела ова да биде уште појасно. Краткотрајно изземајќи ја Германија до креирањето на следната влада, а со позитивни сигнали на Вашингтон кон Варшава, излегува дека односите од двете страни на Атлантикот добиваат се појасна форма.

Пресот најави трансатланска согласноста дека ЕУ може да игра мисија на одржување на мирот – и тоа е непријатна вест за Москва. Според поведението на Мицкоски – ќе да биде дека тоа е неповолна вест и за Белата палата? За ЗНАМ и ВЛЕН нема потреба да се прашуваме – нив и онака очигледно никој ништо не ги прашува во Владата. За ЛВ и СДСМ исто така.

На амплитудите во вестите, емоциите и настаните во следниот период веќе предупредив(ме).

Но, југословенско-политичките раководства на набројаните партии на БЈРМ секако мора да се помират дека:

Југославија пропадна во моментот кога одби да прифати дека е европска земја и евроатлански сојузник и дека така треба да се устрои, во 1970-тите, а само формално ја снема 1991.

Независноста на екс-југословенските, балтичките републики и Украина, државите од оваа страна на Уралот е одраз на нивната природна европска припадност и традиција – општествена, историска, економска и политичка. Американската поддршка за сите набројани датира уште од почетокот на ХХ век.

Нашата национална и етничка одржливост е поврзана со целосноста на внимателната архитектура на Европа од формирањето на ЕЕЗ, преку спојот на суверенитетите во ЕУ, до следната фаза на наднационално компримирање на земјите-членки (сегашни и идни) на Унијата во претстојните години, чекор по чекор, област по област.

ЕУ во досегашните и идните форми на организирање беше и ќе остане поврзана со САД, кои цел век инвестираа во своите транс-атлански сојузници и во европскиот простор. Ние немаме ниту право ниту потреба да играме на нивна „кавга“.

Ние несистемските Македонци сфаќаме каков влог во одржливоста и државноста на Северна Македонија во име на Европа и во координација со САД има направено „францускиот предлог“.

Кој, „види чудо“, дојде од администрацијата на Макрон – драгиот гостин на Белата куќа и Трамп денес.

Албанците, Бошњаците, Власите, Ромите, Србите, Турците… Бугарите, Евреите, Египќанците, Словенците, Торбеште, Хрватите, Црногорците – сите во Северна Македонија, но и во соседството тоа го сфатија и го почитуваат.

Зарем ние треба да се жртвуваме затоа што политичко Скопје „одработува“ за Белград, а не за нас граѓаните на Северна Македонија, преферирајќи го пред Брисел и Вашингтон?

(текстот е објавен на Фејсбук профилот на авторот)

Filed Under: Колумни

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet