БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Заложбите за девмровизација не се од естетска категорија, макар што е јасно дека таа грозота е неподнослива, туку од егзистенцијална природа. Не можеме да имаме држава и да бидеме пристојна нација и да сме вмрони, макар и само една третина.
Не знам зошто толку и се ежите на Бугарија кога истата работа што ја зборува Каракачанов, тука ја спроведува вмро-дпмне.
Тоа се истите цели и принципи кои дозволуваат на македонската нација и на македонската држава да се гледа како на жртви на антифашистичката и народноослободителната војна и на комунистичкиот режим!
Значи, не како на историски подвиг, туку како на неподнослива историска деформација.
Која мора да се елиминира.
Да се демонтира.
Не можеме да се расправаме со Бугрите, а половина од триесетгодишната транзиција на власт да го имаме вмро.
Заложбите за девмровизација не се од естетска категорија, макар што е јасно дека таа грозота е неподнослива, туку од егзистенцијална природа.
Не можеме да имаме држава и да бидеме пристојна нација и да сме вмрони, макар и само една третина.
Хахаха.
Вмро-дпмне ги девастираше системите и
институциите, посебно во
правосудството, здравството и образованието, го растури минималното единство на нацијата, ја растури неговата историска основа, ја опљачка државата и остави трајни урбани и архитектински и луди квазиартефакти кои потврдуваат дека група која можела да произведе или да си дозволи вакви свињарии, никогаш не можела да биде посебен национален историски и државен субјект.
Тоа е.
Вмро-дпмне е политичка концептуализација на митот за кој прикажува Каракачанов.
Тоа не мора нужно да значи свест кај просташтвото собрано во злосторничката инсталација. Но, ако малку подлабоко се согледаат сите аспекти ќе се види дека зад будалаштините, кретенизмите и лудостите, стојат изворните принципи на вмро, а тие налагаат на Македонија и на Македонците да се гледа како на врвно изневерување на основните постулати на борбата за слобода. А на растурањето, како на праведна одмазда. Затоа е и одбивањето да се прифати демократската политичка борба односно затоа се истрајува на епикта на општиот судир на се или ништо при што тие се за ништото. За десубјективизација на Македонија и за нејзино претворање во ништо.
Нашата ситуација е полоша отколку што ни се чини.
Прифаќањето на некои барања на Бугарија ќе не ослободи од внатрешното зло во ликот на вмро-дпмне. Со се националното потекло на Гоце и слични историски релации чија ревизија за Македонија не само што не е опасна, туку е и позитивна. За нас се опасни политичките концепти на тие релации. Мораме да се ослободиме од вмровизмот.