Во уставните измени тој не гледа никаков ризик или закани. Откако тие ќе се направат, нагласува, државата ќе помине во втората фаза на преговорите и затоа ова прашање треба да се реши што е можно побргу.
Фуше тоа го нарекува национален интерес и се надева дека ќе се најде доволно мудрост и далекувидост за да се донесат таквите одлуки
Познатиот француски дипломат и експерт за геополитика, Мишел Фуше, во интервју за државната агенција МИА порачува дека уставните измени кои треба да ги направи Северна Македонија за вметнување на Бугарите и другите заедници во Уставот се само техничко прашање, бидејќи во него веќе имаме дузина малцинства.
„Во вашиот Устав има веќе гаранции за околу половина дузина на малцинства кои се наоѓаат тука. Недостигаат две или три – Црногорците, Бугарите, Хрватите. Бугарите се 3 500 лица. Тука не говорам за пасошите. Искрено во ова не гледам никаков ризик, ниту закана. Моето мислење за амандманите, да ви одговарам на прашањето, иако не би сакал да се мешам во вашите внатрешни работи е дека се работи за технички проблем. Би можеле од него да направиме голем политички проблем од политикантски причини. Технички проблем е бидејќи во Уставот веќе постои тој статус на малцинства. Откако тие амандмани ќе влезат во Уставот вие автоматски поминувате на втората фаза на преговорите. Значи, треба да се реши тоа прашање што е можно побргу и тоа го нарекувам национален интерес. Јас не сум Македонец, ова е само пријателски совет“, вели Фуше кој е професор по применета геополитика.
Тој очекува во земјава да се најде доволно мудрост за да се направи тој чекор бидејќи државата веќе изгубила 15 години поради Грција, а сега ризик постои тоа да биде случај и со Грција.
„Северна Македонија изгуби 15 години, во пристапувањето кон НАТО, не поради лична вина, туку поради јужниот сосед. Тоа е геополитиката на името и ризикот е да се изгуби време со уште еден друг сосед, Бугарија. Се надевам дека во оваа земја ќе се најде доволно мудрост, прагматизам и далекувидост за да се преземат одлуките коишто соодветствуваат на националниот интерес. Од една страна во ваш интерес е да се консолидира тој типично македонски, граѓански модел на мултиетничко општество и да се додаде на него уште една друга димензија на припадност, припадноста кон ЕУ, кон европскиот идентитет“, вели Фуше.
Во однос на тоа дека од 2013 година, кога членка стана Хрватска нема напредок во однос на проширувањето, францускиот геополитичар дециден дека напредокот не зависи од Брисел, туку произлегува од стагнацијата на реформите на земјите кандидати.
За новата методологија, смета дека е поволна за државите кандидати затоа што може да се мери нивниот напредок, етапа по етапа, но вели, и во ЕУ исто така има потреба од внатрешни реформи, а тоа беше ставот на Франција во 2019 година.
„Тука спаѓа особено прашањето за едногласното одлучување, околу фискалните прашања, околу прашањата од областа на надворешната политика и одбраната. За повеќе земји од Европа, тоа е приоритет. Ако го укинеме правото на едногласно одлучување во однос на надворешната политика, немаше да има бугарско вето. Значи, имаме потреба да го реформираме системот на донесување одлуки којшто е сега во сила во ЕУ. Имаме потреба да одиме многу побрзо во проширувањето, меѓутоа во земјите кандидатки треба да дојде до вистински реформи. Суштинската реформа е во поглед на правната држава. Независноста на судството“, вели Фуше.
Фуше деновиве беше во посета на Северна Македонија на покана на Францускиот институт по повод промоција на неговата нова книга. Тој е специјалист во доменот на геополитиката, а особено за поимот „граници“. Во 60-тина публикации, тој ги објаснува глобалните геополитички прашања, применувајќи иновантна метода која соединува различни нивоа на аналитика и временски периоди. Бил амбасадор на Франција во Латвија (2002-2006), советник на францускиот министер за надворешни работи (1997-2002), шеф на штабот за планирање политика (1999-2002) и специјален пратеник на Балканот и Кавказот (1999), а во 2007 година и амбасадор за европски прашања.
Познатиот француски дипломат и експерт за геополитика, Мишел Фуше, во интервју за државната агенција МИА порачува дека уставните измени кои треба да ги направи Северна Македонија за вметнување на Бугарите и другите заедници во Уставот се само техничко прашање, бидејќи во него веќе имаме дузина малцинства.
„Во вашиот Устав има веќе гаранции за околу половина дузина на малцинства кои се наоѓаат тука. Недостигаат две или три – Црногорците, Бугарите, Хрватите. Бугарите се 3 500 лица. Тука не говорам за пасошите. Искрено во ова не гледам никаков ризик, ниту закана. Моето мислење за амандманите, да ви одговарам на прашањето, иако не би сакал да се мешам во вашите внатрешни работи е дека се работи за технички проблем. Би можеле од него да направиме голем политички проблем од политикантски причини. Технички проблем е бидејќи во Уставот веќе постои тој статус на малцинства. Откако тие амандмани ќе влезат во Уставот вие автоматски поминувате на втората фаза на преговорите. Значи, треба да се реши тоа прашање што е можно побргу и тоа го нарекувам национален интерес. Јас не сум Македонец, ова е само пријателски совет“, вели Фуше кој е професор по применета геополитика.
Тој очекува во земјава да се најде доволно мудрост за да се направи тој чекор бидејќи државата веќе изгубила 15 години поради Грција, а сега ризик постои тоа да биде случај и со Грција