Претседателката на судечкиот совет во Кривичен, судијката Џенета Бегтовиќ, при изрекувањето на првостепената пресуда рече дека со овој случај се испраќаат и неколку пораки, но.тие не дојдоа до ушите на нејзините колеги во Апелација
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Земјата со последната пресуда на Апелација за слулчајот „Таргет Тврдина“ се врати седум години назад. Како да не се сруши „колнатата авлија“ која ја имавме со која управуваше Фамилијата во декември 2016 година! Па визурата на сите оние гневни граѓани од Шарената револуција кои по улиците беа водени од сликата која ја даде „Сваровски судството“, сега немаме толку свиленкасто мазење на судството одф страна на Фамилијата, туку само грубоб тропање на масата во стилот – доста ве трпевме?! Колку сме сега далеку од тоа опкружување кога во земјава истите конци на моќта ги држат оние кои дејствуваат преку судиите од типот на Јани Нича?
Мора да речеме дека истата таа групировка веќе неколку пати имаше моќ да ја пресврти судбината на земјата. После појавата на бомбите од прислушкуваните разговори и т.н. пржински процеси со кои раководеше ЕУ дојдоа кумановските настани, режирани од Мијалков и Јанкуловска. Ова беше понатаму спречено со директен притисок за оставки на двајцата. Или ќе си заминете од функциите или ќе кажеме како течела организацијата на она крвопролевање во кое страдаа припадници на македонската полиција – веројатно им е речено на овие актери од зад сцената! Потоа тоа се случи со оние профашистички демонстрации пред ДИК во кои една актерка говореше за „ноќта на долгите ножеви“ (се разбира, без последици и ден-денес) кога неуспехот на ВМРО ДПМНЕ на изборите се претворија, за малку, во – победа! Па потоа дојдоа атаците врз СЈО, корумпирањето на главната специјална обвинителка, падот на СЈО… При тоа изгубената власт во форма на неверојатно богата политичка класа си ги задржа сите конци на владеењето, медиумите пред се и практично без исклучок и се’ оди кон повремени обиди за реституција на врвот. Треба ли да кажеме во колку јадна ситуација беше владата на Заев кога побегна Груевски? Или кога беше побегнат тајкунот Кочан ? А врвот на тој комплот беше бегството на Мијалков и неговото директно преговарање со главната обвинителка за организиран криминал со еден новинар од ТВ 24, како сведок на тој настан, по кој се’ се сведе на старите позиции – олигархијата го држи Водно и натаму, обивинтелството само се заканува дека судиите-послушници „ќе ги истресе од гаќи“ а новинарите тоа ќе го следат со молчалива „наивност без заштита“.
Во тој контекст се како се вклопува и последната одлука на Апелација за предметот „Таргет-Тврдина“, По првите реакции на дел од јавноста (поголемиот дел се бавеше со Светското првенство во Катар) тоа е главен предмет од аферата за масовните нелегални прислушувања, а со првостепената пресуда, покрај Мијалков, на затворска казна од четири години беше осудена поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Највисоки казни од по 15 години затвор добија двајцата избегани контраразузнавачи од т.н. Петта управа на тогашната УБК, Никола Бошковски и Горан Грујовски
Во случајот беа обвинети вкупно 11 лица, кои со првостепената пресуда, која Апелација сега ја укина, беа осудени на вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор. Апелацискиот суд Скопје минатата недела соопшти дека ги уважил жалбите на седуммина обвинети во случајот, односно на сите осудени на затворски казни, со исклучок на Владимир Варелов кој доби условна казна од две години.
Апелациониот суд Скопје да кажеме заради контионуитет дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-81/21, во јавноста познат како „Таргет-Тврдина“ , по одржана јавна седница, донел решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Г.Г од С., Т.Ј од О., Г.Ј. од С., Н.Б. од С., С.М.од С., Н.Н. од С. и В.В. од В., изјавени преку нивните бранители и по повод жалбите и по службена должност ја укинува првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја смета за беспредметна“ стои во соопштението на Апелација.
Инаку, со петчлениот судечки совет на Апелацискиот суд, кој одлучуваше по жалбите на седумтемина обвинети, претседаваше судијата Јани Нича. Покрај него, членови на судечкиот совет кој одлучуваше по овој предмет беа судиите Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева и Лидија Чачева.
Инаку, првостепената пресуда Основниот кривичен суд Скопје ја изрекол на 26 февруари 2021 година. Јавна седница во Апелација за жалбите се одржала во март годинава, па за минотенеделната одлука истата чќекала повеќе од девет месеци, факт за кој треба да одлучуѕва Советот на судии во пионеделник, денот кога обично го затвораме бројот!
Д абиде се tutto completo. Данема случајно жалби од Мијалков и компанијхата, Апелација, исто така, ја укина и пресудата за „Трезор“ за начинот на набавка на британска опрема за следење на комуникации, каде што Мијалков првостепено беше осуден на уште една висока затворска казна од осум години.
Покрај затворските казни, со првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“, која сега е укината, Основниот кривичен суд Скопје ги задолжи Мијалков, Јанкулоска, Грујевски и Бошковски да ја надоместат штетата за уништената опрема за прислушување во УБК, во висина од околу 1, 4 милион евра. Но, тоа ќе се случеше доколку Апелација ја потврдеше пресудата.
Претседателката на судечкиот совет во Кривичен, судијката Џенета Бегтовиќ, при изрекувањето на пресудата рече дека со овој случај се испраќаат и неколку пораки. Обвинетите, рече таа, биле високи функционери на власта и со своето однесување покажале став дека се над законот создавајќи слика за себе дека се недопирливи, а сето тоа ги урива темелите на правната држава. Таа додаде дека со пресудата се упатува порака и во иднина никогаш повеќе некој функционер, особено од безбедносните структури, да не се осмели да злоупотребува. А сега?
Случајот „Таргет-Тврдина“ Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, го презеде од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) откако во септември 2019 година предметите од СЈО преминаа во рацете на редовните обвинителства. Меѓутоа, обвинителите што постапуваат во нив останаа исти, па така „Таргет-Тврдина“ пред судот продолжија да го застапуваат Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов.
Од каде името на предметот „Таргет – Тврдина“? Овој предмет претходно беше поделен во два. На 29 март 2016 година, тогашното СЈО прво отвори истрага „Тврдина“ за уништување на системите за следење на комуникациите во УБК, а на 17 ноември истата година отвори и истрагата со кодно име „Таргет“. Поради нивната поврзаност, кога поднесе обвинение, СЈО ги спои двата предмета во еден.
СЈО во обвинението посочи дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20 000 граѓани. Незаконски биле следени 4 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. На други 1 541 број, пак, комуникацијата била следена и пред и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Или, вкупно биле следени 5 827 телефонски броеви. Да се потсетиме –
22 декември 2017 беше датумот за кога беше закажан и стартот на судењето. По повеќе од три години судење, процесот влезе во финалето од првостепената постапка.
Во текот на судењето и во завршните зборови, обвинителите докажуваа дека незаконското прислушување во земјава во вршеле службите во УБК.
Ленче Ристоска, во завршните зборови ги посочи Мијалков, Грујевски и Николиќ како создавачи на групата која го вршела прислушувањето, па затоа побара и максимални казни за тројцата. Чинот на прислушување го нарече крајно дрзок и безобразен.
„Дали одговорните лица во системот, во УБК конкретно, не ја научија лекцијата од минатите искуства и повторно посегнаа по приватните животи на луѓето, дали тоа што отсуствуваше правна разрешница и одговорност во претходните скандали со прислушување е причина да ни се случи овој трет најголем во обем скандал за прислушување во кој до крајна дрскост и безобразност се поместени граници на почитување на правата на другите?“,рече Ристоска во завршните зборови на 16 февруари 2021.
Адвокатите и обвинетите, пак, застапуваа сосема спротивна теза – прислушувањето не го правеле тие, туку некој друг. Мијалков не даваше завршни зборови, но кога даваше исказ претходно отфрли каква било вмешаност во аферата со прислушувањето и уништувањето на опремата за следење на комуникациите. Тој ја држеше тезата дека во земјата имало и други системи за прислушување, освен тие на УБК, и раскажуваше дека во 2014 година израелска компанија презентирала опрема во неговата канцеларија, па, кога ја вклучила, детектирала дека има уште три други системи.
Премиерот Ковачевски е разочаран од укинатата пресуда за „Трагет Тврдина“, но вели не може да се меша во судски одлуки. Последниот чекор на Апелација само докажува зошто довербата во судството е на очајни 8%, но судот сам треба да се избори да ја промени ваквата слика кај граѓаните.
Билатералниот скрининг со ЕУ ќе постави многу прашања и правосудните органи ќе мора да дадат таму одговори, рече Ковачевски.
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев со реакција на Фејсбук по одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја укине пресудата за предметот „Таргет-тврдина“ што беше отворен за масовното нелегално прислушување во земјата.
„Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам“, наведе, меѓу другото, Заев во објавата на Фејсбук.
Во врска со „Таргет-Тврдина“, директорот на невладината вели дека во нивните извештаи тој е издвоен поради невообичаено долгото траење на постапката за овој предмет пред Апелацискиот суд од речиси две години
Застарување на делата за масовното прислушување опфатени во предметот „Таргет-Тврдина“ би требало да настапи во 2025 година
По одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја укине првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“ и да го врати предметот на повторно судење, директорот на невладината Коалиција „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, смета дека повторно може да се очекува долга првостепена постапка во Основниот кривичен суд Скопје и оти е веројатно дека ќе настапи застарување на предметот.