Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МКЦ: АЛАРМ ЗА НЕКОГАШ КУЛТНОТО МЕСТО

July 9, 2025 Filed Under: Македонија

Многу почетоци за многу познати и признати културни дејц и се в о оваа институција. Некои  и не се меѓу живите, други се во поодминати годин и а секако веста за финансиските состојби во МКЦ непријатно ја примија.

ШТО СЕ СЛУЛЧУВА СО МКЦ Некогаш беше доволно и да се стои пред оваа зграда, младите се чувствуваа пријатно

Дваесетина млади хонорарци во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје три месеци немаат земено плата и се очекува наскоро да се затвори бифето, велат извори од оваа институција за САКАМДАКАЖАМ.МК. Плата немаат земено ангажираните со договор за дело од Детскиот креативен центар, од Планетариумот, од киното Милениум и од бифето.

„На сопствена сметка сме под постојан удар на извршители, а проценката е дека сме минимиум 15 милиони денари (над 240.000 евра) во долг, во кое не се вклучени сметките за струја, вода и парно. На преминот од 2021 – 2022 кога градоначалничката Данела Арсовска го назначи Ванчо Богоев на местото на Русе Арсов како в. д. директор, институцијата беше со 5 милиони денари (80.000 евра) на сопствена сметка во позитива.  Добивме назнаки дека наскоро ќе ни биде исклучена и струјата“, велат нашите извори, кои сакаат да останат анонимни бидејќи не се овластени за официјални изјави.

Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК на 30 јуни испрати прашања до директорот на МКЦ, Арбен Бени Шаќири, и до Одделот за сметководство зошто ангажираните со договор за дело немаат земено плата, кога ќе земат плата, колкав е долгот на МКЦ и дали наскоро ќе им биде исклучена струјата, но до објавувањето на текстот не добивме одговори.

Киното Милениум е затворено од 2 април, а уште нема информации кога ќе се отвори. Како што велат нашите извори, бидејќи продукцијата на настани во организација на МКЦ е скоро нула, загрозени се членувањата во меѓународните мрежи како ЛајвЈуроп (LiveEurope), ФИАПФ и Еуропа Синемас, под закана дека ќе бидат исклучени. Тие мрежи, велат тие, значат живот за МКЦ, бидејќи без нивна поддршка, ќе ги снема снема од европската мапа.

„И ова се само дел од огромните проблеми со кои се соочува институцијата, која од позитивен пример на функционалост и прибежиште на културниот живот во Скопје, се ближи кон стечајна постапка во период од само три години лош менаџмент и непостоечка поддршка од Градот Скопје. Како за илустрација, во 2021 година буџетот за програма на МКЦ изнесуваше 23 милиони денари (над 370.000 евра) од Градот Скопје, за во 2025 да спадне на 5 милиони денари (80.000 евра), а планираме Скопје да биде Европска престолнина на културата во 2028 година“, алармираат нашите извори.

Сличен проблем имаше во март 2024, кога поради изборите не им беа продолжени договорите на хонорарно ангажираните лица во МКЦ, а тогаш Шаќири рече дека после изборите и кога ќе биде дозволено според законските прописи, повторно ќе бидат со работен ангажман хонорарно ангажираните лица.

САКАМДАКАЖАМ.МК лани на 1 март објави дека 30 хонорарци се избркани од МКЦ, Шаќири тогаш ни рече дека не се работи за отпуштања, туку договорите на хонорарните вработувања, според правилникот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во врска со изборите, се прекинуваат до моментот на завршување на изборниот процес.

Инаку, според моморијата на члнови на Глобус оваа инсттуција од основањето, во декември 1972 година (одиме кон 53-та годишнина) а прв директор беше Ѓорѓи Симеонов. Тој претходно беше младински активист, уште в о 60-тите, задолжен за младинските акции, потоас прв човек на Градска младина а на стартот на новата функција имаше доста проблеми таа зграда да биде „исполнета“.

Секако, со годините, стануваше центар на културните збиднувања – Сиенастичките вечери беа значаен показател за она што значеше вистински филм. МОТ секако имаше етаблиран простор а за развојот на рокот во неговите пазуви да не говориме. Таму беше стартот на Скопско лето, на Скопскиот џез фестивал, на Фестивалот Синедејс и други манифестации. Впрочем, оние од возраста за која беше наменет ако не знаеја некоја вечер што да прават со себе ќе заминеа за „25 мај“, таму секако имаше нешто интересно.

Треба да се одбележи дека Домот е изграден со пари од солидарниот фонд за изградба на град Скопје, а најстарата гимназија во градот  – „Цветан Димов“, претходно Машка гимназија во српско а основана во турско од Џинот беше срушена за овој објект да никне.

„Џез фестивалот е сопственост на оваа куќа. Тоа беше и заштитено име. Меѓутоа тогашниот директор регистрираше нешто како сопствена фирма со Оливер Белопета. Меѓуоа, сепак сметам дека сега фестивалот е во вистински раца, мислам на човекот кој што го води “.

„Некои од нив станале многу славни, некои се практично првенци во македонскиот рок енд рол, некои биле случајни минувачи, но како и да е низ таа манифестација поминале над 700 групи ” – св0евремено во сеќавање изнесено за Би-Би-Си ќе рече музичкиот новинар Љубомир Грбевски.

„Сме настапувале по оние школски сцени за приредби. Доаѓавме овде и на оваа сцена гледавме како на нешто, на кое незнам што треба да направиме за да стигнеме тука. Си велевме ‘ќе настапиме ли ние еднаш во таа дансинг сала’. Гледавме како на нешто величествено, како на врв на нашата кариера, која што се уште не започнала ” – ќе се потсети и Ристо Самарџиев, денес еден од уредниците на забавна програма на ТВ Сител.

Јаков Дренковски истот ака за Би-Би-Си се сеќава на датумот и на часот кога во 1978 година на бината во дансинг салата ја отпеал ‘Скитник ‘ :

„Беше трети април, точно на полноќ. Го памтам овој датум и овој час затоа што за мене тоа беше огнено крштевање, дали ќе останам на тоа бојно поле, условно речено, или пак ќе се занимавам со сосема нешто друго”.

Во 1996 година Домот на млади ’25 Мај’ го променува името и станува Младински културен центар. Ерозијата дојде постепено а големо прашање е колку кадровските замисли на актуелната градоначалничка не кумуваа на оваа ситуација, но и други институции од нејзина надлежност (Зоолошката, на пример).

(Р.Г.)

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet