Телевизискиот мрак не му одговара никому – ниту на уценетата политика, ниту на гледачите, секако не и на кабловските дистрибутери ама и на монополистите, големите пет тв куќи со национална фрекенција, кои „се претераа“, што би рекол газдата на А1 Велија Рамковски. Во меѓувреме пораснаа генерации кои не ни пуштаат телевизор и ним овој апарат им е вишок. Ова само покажува со колку конзервативни ситуации и начини на размислување се соочуваме во кризата која настана а за чија вина не треба многу да се мислиме кој ја отвори
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
На првата јавна распрва за имените на Законот за медиуми, после смената на власта во 2017 година (фактички) кои се тегавеа речиси две години, која се одржа во Александар палас, присуствуваа голем, би се рекло и огромен број заинтересирани. Не, не беа тука некои новинари во прашање, што би се очекувало, туку бројноста се должеше на присуството на луѓето од естрадата. Ова имплициаше дека во прашање е интерес и тоа значаен на оние кои во претхоната владиуна постава (ВМРО ДПМНЕ – ДУИ) побараа зашптита на авторските права од Илинденска број 2 и ја добија со интервенција на министерката Канчева Милеска беа пред лошо последици за себе. И навистина, пред да почне расправата збор побара претставникот на ММА (мислам дека беше директорот на Телма) и рече дека што и да се расправа на оваа средба тие и власта веќе се договориле за работите за кои се заинтересирани. Демек, што и да сакате дискутирајте, тие и власта се договориле и бадијала е дискусијат! Ова секако ја покажува силувачката моќ на оваа групација која од старт умее да се договара со оние што треба. Ова со своето молчење го потврди и министерот Роберт Поповски, кој седеше на чело на столот, на големо и бурно реагирање на луѓето од естрадата (продуценти, композитори, изведувачи). Но, да се вратиме на првата јавна дебата. По изјавата на претставникот ММА, за веќе „потпишаниот пакт“ прилично зашеметено делуваше вториот министер – Дамјан Манчевски кој јасно покажа дека целосно е изненаден и нешто како да говореше „кој се догооворил, кога и што договорил…“. Овие од ММА успеа да ја тргнат својата прогамска обврска кон авторите во македонската музика. Потоа како што слушам договориле како креатива, која постои во Заон, да им се пресмета надсинхронизацијата на турските серии како авторство (денес Канал 5 на пример има „авторски придонес“ во траење од пет-шест часови!) и сега, еве, последната и секако најголема придобивка, со иништување на кабелските телевизии (во името на заштит на авторството!) добиена токму кога почнува предизборната камнпања а партиите се најранливи. Ним, на партиите очајно им требаат домашните телевизии во овој миг, можат во спротивно изборите и да пропаднат, па што се може, за што треба тука е министерот Поповски…
На пва сешпоптсетувам деновивве кога Уставниот суд на РСМ треба да одлучи дали последната измена на Законот за медиуми што пратениците на Собранието на РСМ ја денсоа во секунда до 12, непоосредно пред распуштањето, би ја замрзнал примената до конечната одлука за уставноста, со што до својата конечна одлука по тој предмет би ја одложил примената на измената. Само така, според кабловските оператори, е можно натамошно преговарање за прашањето кое значеше удар врз нивното рентабилно работење а што за радиодифузерите би донело нова димензија на нивната монополска позиција.
Во јавноста таа информација недостасуваше, па се стекна впечаток дека во преговорите меѓу заинтересирани страни, каде се вклучи привремениот премиер Оливер Спасовски и министерот за јавна администрација и информатичко општество Манчевски, кои ја „симнале топката“ и наводно е најдена некаква точка на спојување на интересите на спротивставените страни. Одложен е информацискиот мрак кој го најавија кабелските оператори на неодредено време, стоеше во веста.
Таа не сосема обична дефицитарност во веста е еден израз на оние кои го имаат монополот во светот на информациите, како и на релативната индифирентност на светот на печатените медиуми, и онака скуден и сега со зависност од владините дотации, го покажа своето сеирџиство во овој конфликт.
Во овој спор има еден голем дисбаланс на моќта меѓу Македонската медиумска асоцијација (ММА), петте тв куќи – Телма, Канал 5, Алфа, Сител и Алсат и сите останати заинтересирани во овој случај на потенцијалниот медиумски мрак, освен кај хипотетчкиот но можен последен чин на дрмаата, кога некој навистина ќе го чкрапне прекинувачот!
За моќта на ММА говори и фактот дека парламентарците не се загрижија многу околу можноста да донесат, да речеме дел од законите кои беа очевидно поприоритетни, но ја немаа таа среќа зад нив да стојат големите партии. Овој пат иницијаторите надвор од Парламентот успаа во тој маневар: со уцена дека нема да учествуваат во предизборние активности да дојдат до „мој термин“ во Парламентот, иако објективно целиот Закон за медиуми е во аут, што белким е само по себе поприоритетно, ако веќе се симнуваме на ноиво на функционалноста на медиумскиот систем.
Здружението на информатичко-комуникациски технологии што ги обединува сите оператори донесе едногласна одлука за прекин на реемитување на сите домашни и странски ТВ канали, а како единствени содржини остануваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Ваквата одлука на операторите дојде – како што споменавме – по новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, непосредно пред распуштање на Собранието по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа. Ова го издвои и диекторот н аавму Зоран Трајчевски, со што им се замери на членките на ММА. Одлуката за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде на сила сѐдодека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон сила спорните законски одредби. Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени. При тоа операторите нема да го наплатат користењето на ТВ услугите за периодот додека трае прекинот.
„За оваа принудна одлука за прекинување на реемитувањето на домашните и на странските ТВ канали, се информирани Претседателот на РСМ, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност“, се вели во соопштението на Здружението на ИКТ
Причината за ваквиот чекор се законските измени со кои на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми што тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. На овие измени инсистираа од Македонската медиумска асоцијација (ММА) за што добија политичка поддршка и од владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ чии пратеници Костадин Ацевски и Артан Груби беа подносители на измените на Законот за медиуми.
Една од измените е дека сега е потребна изјава за морална, материјална и кривична одговорност не само од кабелскиот оператор како што беше досега, туку и од емитувачот на самиот канал кој го реемитува а кабелскиот оператор го презема, со што ќе се гарантира дека се откупени авторските права за територијата на Македонија.
„Националните телевизии подолг период укажуваат дека сме мека за пиратерија во државата во однос на кабелските телевизии. Ние сме единствена земја во која, на пример, ако влезете во хотел ќе пуштите ТВ и ќе видите сто канали. Проблемот е во тоа што досега нашата држава не направи систем на селекција кои канали може да се реемитуваат. Она што ние го посочувавме е дека државата не врши проверка на авторските и на сродни права. Кабелските оператори мора да внимаваат кои права ги реемитуваат во Македонија. Продаваат нешто за кое што не смееле да го претстават како свое“, велат за НОВА извори од ММА.
Домицилните телевизии во секоја земја, додава тој извор, купуваат права само за својата држава. За било што, дали е фудбал, дали се тоа серии, филмови тие ги купуваат само за територија на Македонија
„Тоа не ограничува да не може да зрачиме надвор од територијата на нашата земја. Се јавувале 20 кабелски оператори од БиХ и од Србија за реемитување на една наша национална телевизија. Тоа не го правиме затоа што ги немаме правата. Имало примери кога националните телевизии плаќале за авторски права за спортски натпревари, а операторите истите настани ги пренесувале преку странските канали без да платат за авторски права. Приходите од реклами за минатата година се намалени за двојно, а за тоа вината ја сносат кабелските оператори“, смета тој анонимен (!) соговорник за Нова.
Според него, недозволено е да се реемитуваат сто канали и за тоа истовремено да се наплатуваат пари. Истовремено се чуди зошто националните телевизии се вклучени во одлуката на ИКТ, односно исклучени од програмата, со оглед на тоа што поседуваат авторски права.
„Кабелските нам ни велеа „ајде пратете ни нас кои филмови и серии од која телевизија ги имате купено, па ние тоа ке го затемниме“. Но, тие не може да емитуваат ништо зашто немаат право. Независно дали ние го имаме правото во моментот, можеби за нешто ќе сакам утре да го купам. „Фокс Лајф“ на пример на пауза има словенечки реклами. Тоа е доказ дека го крадат сигналот од Словенија и уфрлуваат македонски титл. Согласно Законот, сега ќе мора да обезбедат договор во кој, на пример, самиот РТЛ ќе гарантира дека ги имаат правата. Ја гледаме вината и кај Регулаторот бидејќи во законот не ставиле дека мора да има директен однос меѓу телевизијата и операторот што го реемитува тој канал тука. Операторите имаат некакви договори, наоаѓаат т.н „мидл мен“. Постои, на пример, еден Словенец кој претставува десет канали од Балканот. И тој ви вели дека јас ги имама првата за РТЛ, „Хајат“, „Нова“ и кабелските викаат „еве го договорот со лицето“. Во законот не стоеше дека мора да има изјава од одговорното лице на каналот со што би се гарантирало дека ги имаат правата. Домицилните и терестријални канали, како што кажав добиваат лиценци/дозволи за работа само за таа територија. Зошто и како РТЛ Хрватска се реемитува во Македонија, Хајат БИХ, РТС1, РТС2, Нова…? Се емитуваат пиратски зашто програмата која не е нивна сопственост ја набавуваат само за својата територија“, посочува нашиот соговорник и упатува на членот 157 б од Кривичниот законик.
Во него меѓудрогото се вели дека тој што репродуцира, увезува, дистрибуира…или на друг начин противправно го користи аудиовизуелното дело ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
Од Асоцијацијата во која членуваат „Канал 5“, Алсат М“, „Телма“, „Сител“ и „Алфа“ пред еден месец најавија бојкот на активностите на Владата и на министрите без да ги образложат причините за „симнување на камерите“. Тоа во јавноста беше протолкувано како своевиден условување и притисок пред носење на законската регулатива.
осле донесувањето на тој закон ќе биде невозможно да се регистрира странски канал во Македонија,сметаат од ова здружение. Тоа ќе донесе до таква ситуација да се вратиме 50 години наназад, кога се гледаше јавниот сервис. Она што се договориме да реагираме и доколку не се изменат тие делови од законот, ќе преземеме мерки ситре кабловски оператори ќе почнеме со комплетно исклучување по неколку часа на ден со нашите програмски сервиси.“ – вели Никола Тасев, здружение на информатичко-комуникациски технологии при СКМ.
Новина во законот е тоа што се оди до таму што ќе се бара морална и кривична одговорност од директорите на операторите, но и на странските радиодифузери доколку не се регулирани правата за реемитување во земјава. А судија ќе биде АВМУ. За нив ова е упад во правниот систем, а ваквото решение е неприменливо и го нема никаде. Тврдат предлогот нема зелено светло ниту од Европската Унија.
„Вакво законско решение не постои во светот, ова е уникатно решение кое го видовме. Постојат други модели, но не вакви. Постои модел кадешто странецот испраќа соодветна документација до некое регулаторно тело, со која документација докажува дека е некаде регистриран, дека работи во склад со законот, но да дава изјава, под полна морална, матерјална и кривична одгоиворност во овој случај, може само пред македонски нотар, не може тоа да го направи во странство. Прашање е дали директорот на Дискавери ќе дојде од Америка и ќе даде изјава во Скопје. Тоа е она што зборуваме неприменливост на одредбата. Ова е тотален апсурн ова решение и од тие впричини сметаме дека истото е многу избрзано и ќе создаде дополнителен хаос во медиумската сфера. сето тоа ќе донесе ситуација да бидат исклучени сите странски канали, а со тоа ќе одат и домашните канали, па така граѓаните на Македонија повторно ќе бидат најоштетени од целата оваа регулатива.“ – вели Лидија Голубовска, адвокат на Асоцијација АКО.
„Она што е чудно и првпат видено во нашево законодавство е тоа што се обидува да се наметне обврска одреден правен субјект да одговара за некое непочитување од некој друг правен субјект во случајот станува збор и за кривично дело. Домашниот оператор треба да одговара кривично доколку некој странски канал пиратира. Во нашите закони е предвидено одговорност на правното лице, но, таа одговорност како кривична на едно правно лице може да биде само ако некој субјект од самото правно лице направи некаков прекршок на законот. не може едно правно лице да одговара за прекршок на друг правен субјект“ – вели Голубовска.
„Одлично е да се почитуваат авторските права, но во пракса тешко ќе биде спроведливо ваквото законско решение без граѓаните да бидат колатерална штета. Еве, на пример ќе побараш од одговорните лица на Дискавери од Лондон да ги потврдат авторските права. Реално е да се соочиш со опасноста тие воопшто да не се занимаваат со нас, бидејќи сме зрно во песокта и барањето да заврши во некој кош“, велат познавачите.
Адвокатката на Асоцијацијата на кабелски оператори, Лидија Голубовска, во изјава за МЕТА тврди дека во светот има модели каде странецот испраќа соодветна документација до некое регулаторно тело, со која докажува дека работи во согласност со законот, но да дава изјава, под морална, материјална и кривична одговорност, тоа може да го прави само пред македонски нотар.
„Како може ние да гарантираме за тоа дали Eurosport, CNN или Discovery се регулирани авторски права?! Затоа велиме дека законот е неприменлив. Овие измени се направени на неписмен начин, до толку што одредбите што стапуваат на сила немаат ни смисла. Тоа е тотален апсурд и ова решение ќе создаде дополнителен хаос во медиумската сфера“, смета Голубовска и додава дека поради тоа може да се исклучат сите странски канали, а граѓаните да бидат најоштетени.
Според неа, невидено е да се наметне обврска одреден правен субјект да одговара кривично за некое непочитување од друг правен субјект.
„Домашниот оператор треба да одговара кривично доколку некој странски канал пиратира. Не може едно правно лице да одговара за прекршок на друг правен субјект“, објаснува Голубовска.
Според законското решение директорите на кабелските оператори ќе сносат морална и кривична одговорност, не само за непочитување на авторските права за реемитување на каналите што ги пренесуваат, туку и за непочитување на истите права од страна на странските радиодифузери што ги реемитуваат. Санкции за непочитување на авторските права и сродни права од кабелските оператори ќе изрекува медиумскиот регулатор, кој ќе треба да донесе подзаконски акт, каде ќе се регулира постапката за утврдување на одговорност.
Ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите. Здружението на информатичко-комуникациски технологии поднесе и барање до Уставниот суд за донесување на времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност.
„Операторите се заинтересирани и подготвени, како и до сега, да го вложат целиот свој капацитет и знаење, во изнаоѓање на прифатливо решение во најкраток рок, со што би сеизбегнале натамошните штети и би се заштитиле корисниците на услуги и целата јавност. И во изминатиот период, Здружението на информатичко-комуникациски технологии укажуваше на штетноста од ваквите измени и ги искористи сите механизми пред сите релевантни домашни и странски институции. Сепак, и покрај подготвеноста на Здружението да биде партнер во процесот на дефинирање на законските решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни, а пред сè на корисниците, измените на АВМУ беа донесени на сосема спротивен начин“, велат од ИКТ.
Ваквата обврска дефинирана со Законот, нагласуваат, е спротивна на ЕУ-Директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава. ЕУ во суштина се залага да се збогатува понудата на програмски содржини на целата нејзина територија преку реемитување на програмски сервиси од странство преку кабелски оператори.
Целта во суштина е демократизација на јавниот простор, односно граѓаните да имаат пристап да слушнат различни мислења за одредени настани и случувања како на домашен така и на меѓународен план. Во меѓувреме ја имаме и опасност од корона вирусот за која граѓаните се живо заинтересирани.
Во меѓувреме пораснаа генерации кои не ни пуштаат телевизор и ним овој апарат им е вишок. Ова само покажува со колку конзервативни ситуации и начини на размислување се соочуваме во кризата која настана а за чија вина не треба многу да се мислиме кој ја отвори.