Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МНОГУ НЕВИСТИНИ И ПРОИЗВОЛНОСТИ ОКОЛУ ПРЕНОСОТ НА ФИНАЛЕТО ВО РАКОМЕТ

June 17, 2019 Filed Under: Македонија

Повикувајќи се на пост на профилот на експратеничката Весна Бендевска, направен е обвинувачки текст против МРТВ заради фaктот што финалето во Лигата на шампионите во ракомет не е пренесувана на националниот сервис

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

БЕНДЕВСКА Порталот Лидер искористил пост на Бендевска, во стилот „ако оваа функционерка на СДСМ вели така“…

Веројатно вистинската мамка во текстот во однос на публиката е само тоа што се работи за некогашна функционерка на СДСМ, независно што таа си дозволува да даде простор за размислување кое е полно со произволности и невистини.

Па нели е бре срамно што утре финалето на ЛШ во ракомет нема да се пренесува преку јавниот сервис – МРТВ? Кога ’дојде животот’ за сите, прво бевме ‘ослободени’ од 190 денари за РДТ. Каков ’успех’! По некое време бевме принудени на приватниците да им плаќаме по 100-150 денари повеќе за тв и интернет-услуги!!! „Ни ќар- ни зијан!“ – за нас, ама и тоа како ЌАР за приватниците како Роби-Телекабел! Наместо во државно, во приватно ќесе да придонесуваме! И сега – немаме можност преку ТВ да гледаме врвен ракомет каде учествува нашиот државен првак?! Па, дали е ова нормално, бре??!“ – вака гласи тој пост на Бендевска.

Најпрвин, ослободувањето на плаќањето на радиодифузна такса се однесува за сите, без оглед дали некои од ослободените воопшто имаат телевизор, имаат стари, црно-бели приемници и можат да примаат само аналоген сигнал и никогаш не чуле што е тоа кабелска телевизија, или, пак, се работи за најскапи приемници големи колку ѕидот во дневната! Тука не може да се примени она „ни ќар ни зијан“, а згора не може да се искорсти (посочува) името на само еден провајдер на кабелски сигнал, бидејќи конкуренцијата е голема, цените и условите се шаренолики, а секаде, без оглед на изборот, се примаат повеќе од стотина програми во домот, што секако не може да се пренебрегне како добиена услуга. Вака, како што е нагласено името, се сугерира дека споменатиот провајдер е од нечиј посебен (политички) интерес. Тоа е манипулативно тврдење, како и она дека имало поскапување на услугите на кабелската.

НАДОЛНА ЛИНИЈА Проценивме пред една година дека нашите клубови се во надолна линија а цената (ризикот) беше преголем – вели Драган Николвски, уредник на спортска редакција во МРТВ

На Бендевска, секако, треба да ѝ е јасно, како и на оној кој ја пренесува информацијата која нема никаква вредност за јавниот интерес, освен политиканство, дека деловните потези на МРТВ ги кројат старите кадри, поставени таму од пред деценија, кои не можат да се сменат заради фактот што во Собранието се блокира носењето на Законот за медиуми преку умножувани амандмани на предложениот текст. И тоа се случува од доаѓањето на власт на новата коалиција, без оглед на товарот на скандали во јавниот сектор од секаква природа. На ист начин во бесконечност се продолжува мандатот на членовите на ААВМУ, односно се сопираат реформите во секторот на информирањето и медиумите.

Исто така, познати се проблемите околу преносите на атрактивните спортови во Македонија меѓу нашите телевизии со национален предзнак и Т-хоум, како корисник на екслузивните права во европскиот фудбал (Лига на шампионите) и во некои сегменти на ракометот. За тоа се води спор кој во прв степен е добиен од здружението на телевизии, а во втор (Управен суд) се  одолговлекува.  Проблемот е во оценката за – монополизација, за што се обвинува Т-хоум.  МРТВ до сезоната 2017/2018 ги имал правата за пренос од мечевите во Лига на шампионите за ракомет, но не ги продолжил бидејќи од МРТВ било барано од носителот на правата во тој домен (ЕХО медија) да се потпише нов договор само ако се плати за три сезони однапред. Дотогашните права истекнале на крајот на 2018 година, купени претходно. Цената била ексклузивна, а  настапот на македонските клубови не бил извесен, особено не за три години однапред. Женскиот ракомет веќе бил издишан, а иднината на Металург и Вардар не била извесна (таква е и денес). Под кои услови Т-хоум влегол во дилот (преку програмата на каналите Арена) сигурно не е познато. Секако дека се тоа пазарни преговори, во нив може да влезат и други пакети (ако веќе се земени правата за фудбал, за ракометот ќе добиеш попуст, на пример), но никој не ја испушта ексклузивата од раце. Без да се знаат деталите не може да се говори за глобалната слика. Особено не „пазарџиски“.

СПОРТ Засега прекосите од врвните натпревари во удбал и ракомет монополски ги држи Т-хоум

Кога сето ова ќе се собере може да се приближиме до вистинската слика зошто немало пренос. Причини за нервоза постојат, ама емотивната објава на Бендевска, а со пренесувањето на нејзиниот пост и текстот што го рецензираме, прави замена на тези и форсирање на невистинитите факти.

(критинк)

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet