Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МНОГУ НЕШТА СЕ ПРОМЕНИЈА, ПА ЗГАСНА И ОРЕОЛОТ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ

September 2, 2021 Filed Under: Ревија

Во рамките на шест деценискиот фестивал, Државниот архив од Охрид, ја презеде целокупнатата документација на Струшките вечери во периодот од 1963-та година до1990-тата година

ИЗГУБЕН СЈАЈ Некогаш цел град дишеше со Вечерите а денес…

МИКИ ТРАЈКОСКИ

„Што беше она што создаваше масовност. По организации, за службеници, професори, здравствени работници, школството и другите установи се испраќаа покани. Ако добиев јас покана, а во моето членство има пет-шест луѓе, ќе си ги понесев сите. Кај народот се создаде една традиција да се присуствува“, вели Др. Климент Матоски, хроничар на Струга.

Стружанецот Климент Матоски, лекар во пензија и хроничар, се потсетува дека некогаш цела Струга дишела како едно за Струшките вечери на поезијата. Вели дека првите години до изградбата на Домот на културата, фестивалот се одржувал пред платото на хотел Галеб.

Матоски и во неговата книга, „Струга во мојата душа“, во еден дел внимание посветува и на Струшките вечери на поезијата.

„Со секоја година се намалува интерсот кај луѓето. Инаку, навистина беше масовно. Особено вистински празник за Струга и стружани, беше завршната манфестација „Мостови“. Илјадници народ се собираше на тоа“, додава Матоски.

Причината за тоа ја гледа во општествените промени и промената на системот. Тој и покрај се и понатаму редовно го посетува фестивалот, по кој Струга е препознатлива во светски рамки.

КЛИМЕНТ МАТОСКИ Лекар и ревносен хроничар на Вечерите

„Премногу нешта во општественото живеење се променија. Долги години се негуваше истата концепција на оваа манифестација“, додава тој.

Вели дека зачетоците на денешниот фестивал, кој годинава слави 60 години постоње е едно литературно читање во 1961-ва година, во чест на 100 годишната од излегувањето на зборникот на струшките браќа Димитар и Константин Миладинови. Тогаш се родила идејата тоа да премине во поголема манифестација, како што е денешниот фестивал.

Во пресрет на големиот јубилеј 60 години постоење, Државниот архив од Охрид, ја презеде целокупнатата документација на фестивалот во периодот од 1963-та година до1990-тата година. Станува збор за 54 архивски кутии. Истата сега е достапна на целокупната јавност и за научна истражувачка дејност.

„Низ овие документи кои навистина претставуваат една историја, една вредност, едно богатство кое го поседуваме се гледа и растот на самата манифестација. Од начинот како се пречекувале гостите, од начинот како се отварала самата манифестација, каде се одвивала самата манифестација итн.“, вели Никола Митровиќ, директор на Државен архив Охрид.

НИКОЛА МИТРОВИЌ Директорот на Архивот во Охрид ја презеде збирката на докиументѕи за Фестивалот

Станува збор за пишани документи, микро филмови, ленти, илјадници фотографии, новнарски текстови, како и документи за сите учесници.

„Можат да се согледаат многу работи, па и аспектот на масовност може да се согледа. Развојот на посетеноста, па и падот на посетеноста“, додава Митровиќ.

Митровиќ очекува оваа документација да биде збогатена и во иднина.

(ВОА њуз – опремата е на Глобус)

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet