Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МНР ГО МЕНУВА РЕЧИСИ ЦЕЛИОТ ДИПЛОМАТСКИ СОСТАВ ЗА САМО ОСУМ МЕСЕЦИ

March 5, 2025 Filed Under: Македонија

Дилемата не е дали се сменети седум или осум амбаадори, бидејќи реално таа бројка е двоцифрена! По просто броење на разрешените дипломати ги има 18, од кои еден сам си поднесе оставка, јасно забрзувајќи ја постапката која беше поведена кон него. Тоа се вика – чиста!

НЕМАМЕ ИСКУСЕН ПОЛИТИЧАР ВО ООН Во многу драматични мигови со доста пресврти во Њујорк го немаме Фрчковски а место него копчето за гласање го притиска она „одлучивме“

По автентичното толкување на Собранието и владината одлука, повлечени се осум амбасадори кои биле назначени од поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски. Причината за нивното враќање е наводното неисполнувањето на член 39 од Законот за надворешни работи затоа што не ги претставиле дипломатските тези пред собраниската Комисија за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени македонски амбасадори.

Овие амбасадори ги поврзува фактот дека не успеаја пред собраниската комисија да ги бранат тезите пред да заминат во земјите каде што била испратени за амбасадори, бидејќи тогашниот председател на собраниската комисија Антонио Милошевски  не закануваше седници на кои тие би ги бранеле тезите. Во таква ситуација председателот Пендаровски за да го прекине самоволието на Милошовски потпиша укази за нивно заминување во дипломатските преставништва за кои беа избрани.

Од нив се бараше да се вратат во Македонија до крајот на март оваа година. Нема образложение во стандардната порака која обично се испраќа при завршување на амбасадорскиот мандат

Отповикани се амбасадорите Мето Белески од Брисел, Катерина Ставревска од Лондон, Зеќир Рамчиловиќ од Подгорица, Пајо Авировиќ при ОБСЕ, Емил Крстевски од Прага, Јакуп Реџепи од Сараево, Агнеза Руси од Софија, Џенк Сејфула од Стокхолм.

Претходно беше вратен и Андреј Жерновски, кој беше амбасадор во Букурешт, Романија а кој за повлекувањето дознал од Службен весник!

Како што наведуваат и појаснуваат од МНР, досега преку официјалниот интерен комуникациски систем, девет амбасадори се известени за завршување на нивниот мандат и дека во наредниот период се очекува претседателката на државата да ги потпише указите за нивно отповикување.

Од Министерството нагласуваат дека целата институционална координација и комуникација, вклучително и онаа со дипломатско-конзуларните претставништва, се одвива преку заштитен интерен систем, а не преку електронска пошта.

Дополнително, оттаму укажуваат дека во последниот период на социјалните мрежи и во некои медиуми зачестено се појавуваат, како што велат, фабрикувани и неточни фотографии од наводна мејл-комуникација меѓу вработените во Министерството.

СОУЧЕСНИК Претседателката Давкова-Силјановска е соучесник во деструкцијата на нашата дипломатија, како што и се очекуваше од неа

„Со цел расчистување и соодветно процесуирање на овие појави, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија веќе достави пријава и побара интервенција од Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи“, се вели во соопштението.

На крајот од соопштението, од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повикуваат медиумите пред објавување на каква било информација поврзана со надлежностите и работата на Министерството, претходно да ја проверат нејзината автентичност и веродостојност.

Дел од информативните портали пак објавија вест дека повеќемина амбасадори назначени од претходниот претседател на државата се отповикани од страна на Министерството за надворешни работи низ вест со идентична содржина варираше само во однос на бројката на отповикани дипломати. Дел од порталите наведуваа бројка од осум, други од девет амбасадори. Но тие бројки не се точни, ги има двојнио повеќе. Бидејќи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно, ги повлече амбасадорите на Северна Македонија во НАТО – Дане Талески, во Албанија – Данчо Марковски, во Данска – Фатон Бејта, во Казахстан – Сали Лимани и во Катар – Шабан Јашари. Отповикани беа и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која беше шефица на Постојната мисија на Северна Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.

Во август минатата година, оставка од функцијата амбасадор во Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк поднесе Љубомир Фрчкоски, кој претходно беше повикан на разговор во МНР поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото. До таков разговор не дојде поради здравствени причини на амбасадорот.

КОЧНИЧАР Антопнио Милошоски како претседател на собраниска комисија од опозициски редови ја рушеше нашата дипломатија

Но токму деновиве гледаме дека Владата на РСМ влече катастрофални потеџи во пресудни моменти, кога светот доживува стресни промени. Или на Мицкоски не му требаат искусни дипломати, туку потерзите се влечат на „далечински“. (Р.Г.)

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet