Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МОБИЛИЗИРАЊЕ НА КАПИТАЛОТ ЗА ЗАБРЗАН РАЗВОЈ

February 15, 2022 Filed Under: Колумни

ФАТМИР БЕСИМИ

Придонесот на финансиските пазари за економскиот развој во економската историја бил карактеризиран како „значаен“ од страна на Штиглиц, „круцијален“ од страна на Шумпетер, додека за Милер бил „премногу очигледен, за да се дискутира“.  

Финансиите се крвотокот на економијата – често знаат да кажат економистите објаснувајќи го значењето на финансискиот сектор за економскиот раст. Како што крвта ги храни органите за да можат да функционираат, така финансиите го овозможуваат спроведувањето на економската активност. Оттаму, достапноста до финансиите е поврзана со виталноста на економијата, односно нивото на економска активност, а со тоа и со економскиот раст и развој. Придонесот на финансиските пазари за економскиот развој во економската историја бил карактеризиран како „значаен“ од страна на Штиглиц, „круцијален“ од страна на Шумпетер, додека за Милер бил „премногу очигледен, за да се дискутира“.

Уште од почетокот на мојот мандат како министер за финансии, како јасна цел за развој на нашата економија го истакнувам забрзувањето на економскиот раст. Преку континуирано повисоки стапки на економски раст, од околу 5% годишно, ќе  можеме да го постигнеме посакуваниот и потребниот економски развој и да обезбедиме подобар животен стандард за нашите граѓани.

Имаме јасна визија и план како да ја постигнеме целта. Станува збор за Планот за забрзување на економскиот раст, со кој предлагаме сеопфатна и издржана стратегија за побрз и одржлив економски раст.

Во Планот за забрзан економски раст исклучително значајно место има пристапот до капитал, со кој би се финансирале проектите во јавниот и приватниот сектор, со цел да се зголемат вкупните инвестиции, да се подобри конкурентноста на економијата и да се стимулира растот.

Преку мобилизирање на капиталот и негово алоцирање кон попродуктивни позиции: нови проекти, стартапи, извозни компании, мали и средни претпријатија, се поддржува економската активност и поттикнува растот. Оттаму, развојот на пазарот на капитал ќе одигра многу важна улога во забрзувањето на економскиот раст.

Во тој контекст неделава, Владата, на предлог на Министерството за финансии, ја усвои Стратегијата за развој на финансиски пазари во земјава, со чие спроведување очекуваме креирање на повеќе можности за финансирање на проектите на компаниите, зголемување на понудата на инструменти за инвестирање, како и привлекување странски инвеститори.  Стратегијата e подготвена низ инклузивен процес на размена на идеи и консултации во рамките на Советот за развој на пазарот на капитал,  со кој раководи Министерството за финансии, а во кој членуваат и Министерството за економија, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Централниот депозитар на хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување, МАПАС, Македонската берза, Македонската банкарска асоцијација, како и преставници на инвестициски фондови, претставници од пензиски друштва од стопанските комори и инвеститорската јавност.

Стратегијата има за цел да гo динамизира пазарот на капитал до ниво на просекот во ЕУ. Вакви стратегии имаат многу земји кои се развиени или пак се во развој. Во последните години, вакви стратегии во Европа имаат усвоено Ирска, Луксембург, Латвија, Унгарија, Словачка и Бугарија.

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet