Д-Р Фаучи ја отфрли студијата за ефикасноста на вакцината на Модерна. Инаку тој до сега цврсто стоеше зад проектите на оваа фармацеутска фирма
Водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи ја отфрли премлиминарната студија во која се наведува дека вакцината Модерна е поефикасна во спречување на делта сојот од вакцината на Фајзер.
Тој додаде дека студијата се уште не е рецензирана.
– Не се сомневам во тоа што истражувачите го виделе, но постојат многу збунувачки варијабили. Јасно е дека мораме да ги убедиме луѓето да добијат бустер доза вакцина што веќе ја примиле, посочи Фаучи.
Студијата објавена на „ medRxiv.org” и се уште не е рецензирана, изработена е на примерок од 25.000 жители на Минесота, во период од јануари до јули.
Вакцината на Фајзер е најпопуларна и е аплицирана 197 милиони пати од декември 2020 година, откако беше одобрена од американската администрација за храна и лекови, додека вакцината на Модерна е аплицирана 140 милиони пати, а на Џонсон и Џонсон – 13,7 милиони пати
Истражувачите од клиниката „Мајо“ во Рочестер, Минесота, утврдија дека вакцината на „Фајзер“, која е најраспространета во САД, е 42 проценти ефикасна во спречувањето на инфекцијата, додека вакцината на „Модерна“ е 76 проценти ефикасна.
Мора да се каже дека д-р Енони Фаучи, лани, на 23 декември јавно ја прими вакцината на Модерна како сопствена заштита. Тогаш рече дека оваа вакцина обезбедува стоотстиотна заштита најмалку три месеци,. Додаде дека смета дека заштитата веројатно ќе трае и 6 месеци, но дека тој како научник верува само во докази а за нив е потребно – време!
Самиот Фаучи во март годинава најави дека оваа компанија ќе започне производство на вакцина против јужноафриканскиот сој. Сега ја оспорува постојната студија за поопасниот, индиски сој, бидејжи смета дека резултатите треба да минат рецензија. Тоа е научник од крв и месо.
Научниците од Националниот институт за здравје ги испитуваа нивоата на два типа антитела на коронавирусот 90 дена по втората доза од вакцината која се зема 28 дена по првата. Тие забележале „лесен“ и очекуван пад на нивото на антитела кај вакцинираните учесници, но и натаму таа била висока. Во т.н. прва фаза на испитувањето кое започна во март, не е забележан некаков сериозен несакан ефект.
Антителата се само дел од имунолошкиот одговор во кој учествуваат Б-лимфоцитите кои создаваат мемориски клетки, како и Т-лимфоцити и клетки убијци. Научниците нагласуваат дека податоците за мемориските клетки сѐ уште не се познати, но претходни студии покажале дека вакцината навистина ги поттикнува клетките убијци.