Врховниот суд не вели дека прашањето за државјанството не може да биде поставено, туку оти е недоволно образложението на администрацијата на Трамп за да се направи такво нешто
Неодамна во Глобус објавивме текст на авторката Сабина Тавернис за амриканскиот попис истравот кај луѓето за тоа дека зад оваа операција ќе се настојува да се „врати“ супремацијата на белиот човек во САД.
Во овој текст (http://globusmagazin.mk/ попис-во-сад-како-да-се-препознае-бел/)
Во текстот авторката констатираше дека американската проекција од претходниот попис „ги исплаши луѓето”. Многу академици се многу вознемирени. Тие укажуваат на неодамнешна анкета што покажува дека податоците имаат моќ да ја обликуваат перцепцијата. Некои ги противречат претпоставките на Бирото, поврзани со расата, а други се прашуваат дали проекциите на американското население имаат некоја намера во време на брзи демократски промени, кога самите категории ќе се променат.
Трендот кој го покажа последниот попис беше дека е неизбежен моментот во иднината на Америка: во 2044 година белите Американци би станале помалку од половина од населението, а што значи дека би станале малцинство.
Презентацијата на овие податоци беше дадена преку вознемирена изјава од Кенет Привит, поранешен директор на Бирото. Шемата на демографските промени личеше на игра во која белите Американци губат, и под тоа се мислеше дека може да има политички последици.
Затоа, по објавувањето на извештајот пред три години, беше организиран состанок со Кетрин Валман која тогаш беше главен статистичар на САД.
„И реков дека сум многу загрижен”, вели д-р Привит, сега професор на јавните работи во Колумбија. „Статистика е моќна. Тоа не опишува како држава. Ако ви кажам за тоа мнозинскиот профил ќе стане малцинство, ова станува важен факт во националниот дискурс”, додаде тој.
Во земја окупирана од расниот поглед, моментот кога белите Американци веќе нема да сочинуваат половина од населението, фасцинира многу.
За бели националисти, ова е еден вид часовник што го брои времето до крајот на расната и културната доминација. За прогресивците кои сакаат да ги извлечат републиканците од власта, таа година го означува моментот кога, се надеваат, обоените гласачи ќе станат и ќе ги изберат демократите.
И сега медиумите јавуваат дека американскиот Врховен суд ги блокира напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во формуларот за пописот на населението во 2020 година да се додаде прашањето: „Дали лицето кое го пополнува има американско државјанство“. Противниците велат дека нема време за ревидирање, бидејќи за идната недела е закажано печатењето на пописните формулари.
Веднаш по одлуката, претседателот Трамп на Твитер напиша дека ги запрашал неговите адвокати дали можат да го „одложат Пописот, без оглед на колку долго, се додека Врховниот суд не добие дополнителни информации од кои може да донесе конечна одлука за прашањето“.
Според федералниот закон, пописот мора да започне на 1 април догодина.
„Може ли некој навистина да верува дека како голема земја не можеме да прашаме дали некој е нејзин граѓанин или не“, праша Трамп на Твитер, одговорајќи:
„Само во Америка!“
Врховниот суд не вели дека прашањето не може да биде поставено, туку оти е недоволно образложението на администрацијата на Трамп за да се направи такво нешто.
Ник Кац од Хиспанската имигрантска адвокатура изјави:
„Денес, добивме одлука од Врховниот суд за нашиот случај и мислам дека тоа во голема мера е победа за нас“.
Противниците на идејата велат дека додавањето на прашањето ќе одврати многумина кои немаат американско државјанство да ги пополнуваат пописните формулари, поради што би имале помала застапеност во Конгресот.
Имено, пописот се корсити за одредување на бројот на местата на секоја сојузна држава во Претставничкиот дом, но и за распоредувањето на федералните фондови.
Администрацијата на Трамп претходно образложи дека прашањето се додава во пописниот формулар со цел подобро спроведување на Законот за право на глас, кој го штити пристапот на гласачите на малцинствата на изборите.
Но, Министерството за правда никогаш во 54-годишната историја на Законот за право на глас не побарало поставување на прашање за државјанство.