Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МОЖЕ ЛИ ЗЕМЈАВА ДА ОСТАНЕ БЕЗ МАТИЧНИ ЛЕКАРИ?

September 10, 2025 Filed Under: Македонија

Итно носење на системско решпение или за 5 години ќе нема кој да го лекува населението.  Старосната граница на матичните е 58 години, ретки се младите кои сакаат да работат во примарна здравствена заштита а во некои градови пациенти прегледуваат и 70 годишни доктори со продолжување на работниот век

МАТИЧНИ Ги има се’ помалкуа големи територии немаат ниту еден!

Од април годинава се зголеми капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, а тоа значеше повисоки плати и помотивирани лекари – ова беше констатирано во една од неговите фалби од страна на премирот Христијан Мицкоски. Согласно со оваа одлука, вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставуваше зголемување од 33%, односно 23%.

„Ова зголемување доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот 2019-2022 година кога бодот изнесуваше 63 денари и 48 денари.Ако погледнеме наназад, од 2015 до сега, капитацијата за општа медицина порасна од 50 на 100 денари-удвојување на вредноста за една деценија. За гинекологијата исто така имаме раст од 50 на 100 денари, додека за стоматологија од 35 на 75 денари, што е зголемување за 114%“..

Според здруженијата на матичните лекари ниту еден министер не тргнал кон реформа на овој сектор. Ова претпоставува дека ќе се направи стратегија веднаш како ќе завршат младите доктори веднаш да се вработат во региони каде што нема здравствена заштита а постои народ што плаќа здравствено осигурување. Да има систем каде по 3 години ќе им се дава специјализација и правилно да се распределат онаму каде што треба, не може сите за Скопје. Во 2024 бил намален бројот на амбуланти во споредба со 2023, за 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а над стотина помалку амбуланти по општа медицина има сега во однос на 2015 година.

КАЛИНА ГРИВЧЕВА СТАРДЕЛОВА И во регионот проблемот со матичните е идентичен

Проблем во територијалната распределба на матичните постои. Ресен е еден од градовите каде во последните 15 години нема нови матични лекари, бројот на ординации се намалува и во Кавадарци, Валандово нема педијатар а во Тетово младите доктори сите сакаат да работат во секундарна здравствена заштита. Но освен намалување на бројот на опрдинации има населени места со поголем број на жители а нема кој да им измери крвен притисок.

Стареењето на докторите не е проблем само во Македонија туку и во повеќе европски земји. Оваа тема беше една од точките на годишниот состанок на лекарски комори од Централна и Југоисточна Европа што се одржа во Скопје.

– Она што е реална ситуација е дека здравствените работници во сите овие држави стареат. И што треба да се направи – сериозно да бидат подмладени, да повеќе луѓе бидат заинтересирани не само како лекари, ние имаме сериозен проблем и со медицински сестри и други здравствени работници, вели д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на ЛКМ.

Засега зголемувањето на капитацијата на матичните го спречи процесот на заминување во странство. Но тоа е далеку од решение за подмладување на примарната здравствена заштита која треба да биде столб на здравството.

 

Filed Under: Македонија

БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН
ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА
СОВРШЕНИ ЖРТВИ (2)

Најново

  • БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
  • АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
  • ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet