Екатерина Захариева изјави деновиве дека треба да ги учиме младите на вистината и истакна дека „Историски прашања за нас се камен-темелник во Договорот за добрососедство“. Го поздравува напредокот што е постигнат, рече таа. Очевидно на меѓусебното пријателство се гледа од различна временска позиција – од аспект на минтото или низ перспективите на иднината?
Деновиве бугарскиот премиер Борисов изјави дека очекува нов (лево)!македонскиот простор. Членката на НАТО, Бугарија, може да помогне во заштитата на воздушниот простор на Македонија ако го доврши договорот за купување на осум авиони „Ф-16“ од САД. Бугарија се обидува да ги замени своите стари ловци од советското време „МИГ-29“ и да ја подобри усогласеноста со стандардите на НАТО.
Агенцијата на Пентагон минатата недела соопшти дека Стејт департментот ја одобри можноста за продажба на осум авиони „Ф-16“ и дополнителна опрема на Бугарија за цена од 1,67 милијарда долари.
Сепак, Бугарија очекува САД да понудат да продадат авиони за нејзините воздухопловни сили по намалена цена од 1,2 милијарда долари. „Разговаравме со мојот колега Зоран Заев минатата недела… да го заштитиме воздушниот простор на Северна Македонија кога ќе ги добиеме новите авиони“, изјави Борисов за новинарите.
Ова е секако уште една изјава која говори за настојувањето на Борисов за се подобри односи меѓу двата соседи. Сепак, во неговата екипа се наоѓа и министерката за надворешни односи Екатерина Захариева која одврме-навреме фрла сенка со своите изјави врз договорот меѓу двете земји, навалувајќи го својот вординг кон оној на познатиот мегаломан кога е во прашање историјата – Каракачанов, за волја на вистината вицепремиер во Владата кои овој пат заедно си поставија некои црвени линии од типот „Или Гоце Делчев е наш или ја прекинува ме работата на Комисијата за усогласување на историските теми“.
Иако од Бугарија пристигнаа заканувачки пораки дека ако не се прогласи Гоце Делчев за Бугарин ќе го попречат евроинтегративниот пат на Македонија, нашата Влада, во соодветна изјава, испровоцџирана, се надева на пријателско решение преку заедничката комисија во духот на договорот за соработка и добрососедство.
Вицепремиерот на бугарската влада Каракачанов рече дека ако сакаме влез во Европската Унија, немаме друг избор освен да ја прифатиме, според него, вистинската историја. За него, со историјата за Гоце Делчев се минира процесот на подобрување на односите помеѓу двете земји.
Во меѓувреме, бугарските медиуми прават анализи за историјата на Гоце Делчев, во кој тврдат дека е Бугарин.
– Гoце Dелчев е идол не помал од Левски, никогаш тој не кажал дека е Македонец. Најпознатата девиза која го карактеризира овој мој предок е „Jас го разбирам светот како поле за културен наптпревар меѓу народите”.
Да потсетиме прашањето од каде потекнува Гоце Делчев се отвори по состанокот на македонско-бугарската комисија, кога соседите рекоа дека не прифаќаат заедничко чествување на револуционерот на 7-ми октомври. Според шефицата на бугарската дипломатија Захариева пак овој предлог е неприфатлив бидејќи на овој датум се извршило предавство кон Бугарија преку предавањето на коските на Гоце Делчев.
Темата инаку ненајавено беше нафрлена малку порано, на состанок на таа комисија (демек кога ни е најжешко) ама беше отфрлена како ненајавена. Потоа имаше уште една средба со најава, кога темата не се разреши а сега и на последната сеанса, која ја разготре реториката на Шеќерова изгледа темата „излегла од коритото“ на научна дебата. Дали темата на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе може да се покрие со прашања од соработката кај безбедноста? Или со отворање на темата за забрзување на изградбата на Коридор 8?
Оваа последна тема посебно ја нагласи нашиот министер за надворешни односи Никола Димитров кој среде Софија акцентот на соработката и пријателството го става на меѓусебното поврзување со модерни сообраќајници.
Всушност, Бугарија и Северна Македонија со заеднички повик за брза изградба на транспортната и енергетската инфраструктура меѓу двете земји. Тоа стана јасно по заседанието на Заедничката меѓувладина комисија со учество на министрите за надворешни работи Екатерина Захариева и Никола Димитров. Во изјавите двајцата министри за надворешни работи ја нагласија потребата од забрзана изградба на транспортниот коридор 8, кој ќе обезбеди подобра поврзаност во регионот. „Треба да го забрзаме проектот на транспортниот коридор број 8“, рече министерот Захариева. Таа потсети дека двете земји имаат воспоставено заедничка работна група која ќе работи на изградба на Паневропскиот транспортен коридор 8, како и дека Бугарија и Македонија се уште немаат железничка поврзаност меѓу себе. „ Тоа не се едноставни инфраструктурни проекти „, истакна Захариева. Нејзиниот македонски колега, исто така, се фокусираше на енергетските проекти. „Работата на енергетските проекти меѓу двете земји продолжува“, додаде Никола Димитров. Тој истакна дека меѓу двете земји царува атмосфера на пријателство, разбирање и взаемно почитување. Министерот Димитров изјави дека има области во кои соработката меѓу двете држави забележува голем напредок и една од нив е туризмот. Двете земји го потпишаа официјалниот протокол од денешното заседание, чија главна цел е биде направен преглед на спроведувањето на потпишаниот на 1 август 2017 година Договор за пријателство. Освен пленарни разговори меѓу членовите на комисијата, двајцата министри одржаа и разговор во четири очи. Министерката Захариева истакна дека темите се многу, меѓу кои економијата, културата, образованието, како и работата на заедничката историска комисија. Таа забележа дека политичките односи меѓу двете земји бележат голем напредок, а како пример за тоа ги даде разменетите вкупно 8 посети меѓу премиерите за последните две години, како и мноштвото делегации и средби на различни форуми. „Има конструктивен, добрососедски и пријателски дух меѓу двете држави“, истакна Захариева. Бугарија и Македонија бележат и раст во стоковата размена меѓу себе во 2017 и 2018 година. Забележана е сепак мал во пад во првиот квартал на оваа година, но економските министерства на двете држави почнуваат работа за надминување на овој тренд. Од своја страна министер Димитров изјави дека влегувањето на Македонија во ЕУ е важно како за државата, така и за регионот. Во однос на работата на заедничката комисија за историските прашања, кој во петокот постигна сериозен напредок, откако Бугарија и Македонија се договорија за антиката и средниот век, македонскиот министер изјави: „Преземам одговорност да ја завршиме со мудрост и пријателство работата на заедничката историска комисија“. Екатерина Захариева изјави дека треба да ги учиме младите на вистината и истакна дека „Историски прашања за нас се камен-темелник во Договорот за добрососедство“. Го поздравува напредокот што е постигнат.
Очевиднио на меѓусебното пријателство е гледа од различна временска позиција – минтото или иднината? (Р.Г.)