Жалбите по однос на постапките во однос на купување на службени воила на МВР се одбивани за време на викенд а Комисијата тогаш не работела, кажува еден од сведоците во судењето за случајот „300“. На судењето свој записник правеа од невладината „Зелена лупа“
Невладината Зелена лупа следи судења за кои постои поширок интерес. Во кругот на нивниот интерес е и случајот „Триста”, чие последно рочиште беше на 12 април. Во судницата, според невладината, се појавиле сведоците на кои во претходното рочиште им била изречена казна од 300 евра. Рочиште за случајот го водела судијката Добрила Кацарска. При тоа обвинетиот Ѓоко Поповски бил на време спроведен од затворот Идризово до Кривичниот суд Скопје.
На тоа рочиште биле сослушани двајца сведоци на кои судијката Добрила Кацарска претходно им изрекла парична казна од 300 евра за нивното отсуство кое истото не го оправдале.
Првиот сведок бил Илија Михајловски, вработен во МВР.
Јавниот обвинител Стефчо Донев директно го испитувал сведокот.
Тој во 2008 бил вработен како началник на одделението за возен парк.
Бил член на Комисијата за набавка како техничко лице и од него се барало мислење за типот на возила кои требало да бидат набавени за потребите на службите во МВР. Овој сведок беше директно испитуван и од одбраната.
Сведокот во неговата изјава нагласил дека секако имало потреба за набавка на нови возила во МВР, бидејќи, како вработен во Министерството потврдил дека и денес се соочуваат со недостаток на возила за извршување на работните задачи.
Вториот сведок бил Зоран Трајановски, вработен во Државна комисија по жалби за јавни набавки. Сведокот изјави дека во 2007 бил именуван како заменик член на Владината комисија за жалби на јавни набавки.
Во тој период имале голем број на заостанати предмети, меѓу 800 до 900 и конкретно за овој предмет точно не се сеќавал.
Сведокот ја објасни постапката од распределба на предметите на членовите и замениците, потоа се свикувале седници на кои секој на кратко реферирал за својот предмет и се пристапувало кон гласање.
На тие седници се воделе и записници во кои се впишувале податоци за релеватните податоци за предметот, но укажа дека не се сеќава дали се вметнувале и донесени одлуки, поставени прашања или издвоени мислења.
Одлуките ги носела Стручната служба на Владата.
Решенијата по жалбените наводи најчесто гласеле:
– ЖАЛБАТА СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Одлуките биле кратко образложувани, без детали врз кои била донесена таа одлука.
На прашање од судот – дали треба да се уважи или отфрли жалба доколку понудувач со помали бодови испорачува повеќе возила, а понудувач со повеќе бодови испорачува помал број на возила, сведокот одговори дека таквата жалба треба ДА СЕ УВАЖИ.
На следно прашање од судот – жалба за која е поднесена во петок а по истата била донесена одлука во понеделник, дали Комисијата ја работела и за време на викенди, сведокот одговори дека само во еден случај работеле сабота и недела, но тоа не било конкретно за овој случај!
Јавниот обвинител Стефчо Донев пристапил потоа кон изведување на доказ под реден број 30, аудиоснимка за која побарал од судот да не ја исклучува јавноста,, бидејќи, снимката не содржи деловна или државна тајна, а истата е во интерес на целата јавност да знае како некои функционери ги користеле парите од Буџетот.
Судот донел решение со кое и боло дозволено на јавноста да присуствува на изведувањето на овој доказ од обвинителството.
Но од Зекена клупа информираат дека се преслушала една аудиоснимка која била телефонски разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски, но рзговорот за јавноста или дел од неа не бил разбирлив, освен гласното смеење помеѓу соговорниците.
Од нашиот секојдневен мониторинг, велат од Зелена лупа, може да укажеме дека многу често се соочувааме во повеќе предмети со вакви проблеми, некои судии забораваат да ги вклучат микрофоните при нивното обраќање, во некои судници нема озвучување а дел од судиите тивко зборуваат и едвај допира информацијата до медиумите, кога станува збор за аудиоматеријали.
Следното рочиште е закажано за 17 април, кога ќе се изведуваат писмените докази на обвинителството.
Да ги потсетиме читателите дека ова е повторено судење по овој предмет. Лани во мај поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, за случајот „Триста“ беше осуден на девет години затвор за незаконска набавка на 300 возила во периодот од 2008 до 2012 година, при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка.
Истата оваа судијка претходно му ја изрече истата судијка од Основниот суд Скопје 1, по обвинението на СЈО.
Поповски со одлука за најповолна понуда извршил избор на понуди од Порше, Кадис, Бохемија, Колевски и Автокуќа, иако тие не биле утврдени како најповолни понуди. Со ваквиот начин, од страна на МВР биле исплатени над 318 милиони денари или над 27 милиони денари повеќе од збирот на прворангираните на понудата.
Со ваквиот начин, оцени Судот, нанесена е штета на МВР од оглеми размери – 27 894 502 денари. Вештаците утврдиле дека проврангираните дале поповолни понуди, но и покрај тоа, извршена е набавката со помалку поволните.
Поповски требаше да ја надомести нансесената штета на МВР во износ од 27.894.522 денари во рок од 15 дена. Исто така, судот го задолжи Поповски да плати и за останатите трошоци, вклучуваќки ги и вештачењата, во вкупен износ од 506.000 денари.
Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека постои опасност од бегство на сега осудениот, а поради овие виоски износи надамест на штета, особено релативно високата изречена затворска казна, но и околноста на други двајца овиниети во предмет на СЈО се дале во бегство во соедна држава и до ден денешен не може да се води постапка против нив. Фетаи предложи против обвинетиот Поповски да се одреди мерка притвор како единствен механизам кој нуди доволна гаранција за обезбедување на негово присуство при водење на постапката.