Четворица од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се членови на иста партија. Сите се сликаат и колнат под знамето на Вергина. И една од жртвите – Жежовски е член на истата партија, која во еден миг се претвора во дружина која треба да заработува низ уцена на богати скопски семејства, претворајќи се во одвратни џелати. Вио мигот сме во фаза на „хемиско чистење“, кога политичарите а и новинарите ќе се обидуваат да го симнат од себе минатото поврзано со некогаш моќниот Љупчо Палевски
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Дали се сеќавате на оној говор со кој експремиерот Заев се прости од политиката? Тоа се случи во оној миг кога СДСМ го призна поразот на локалните избори одржани пред две години а шефот на партијата ова, меѓу другото, го објасни со влогот како што рече на градежната мафија од 200 милиони евра во трката за градоначалничките места. Јасно, за таа иста мафија кога имаат свои градоначалници тоа значи нови плацеви за градба, особено кога после кризата со ковидот цените на становите достигнаа енормни височини! Локалните избори беа вистински „риболов“ за искусните „рибари“ на енормните профити. Згора локалните функционери од страна на сегашната парламентарната опозиција во изминатиопт период, кога пак беа врзани и со централната власт (2006 – 2017 г.) се покажаа како податливи за коруптивните мамци на градежната мафија. Знаете ли за она „џабалак“ на Груиевски, нели?
ПАЛЧО: ВЛОЖУВА И БАРА ДА МУ СЕ ВРАТИ СО КАМАТА Моделот на Палчевото политичко – градежно опстојување е доста воедначен: се држи до владеачката партија како годиначе за мајчиното здолниште; помага кога ќе згусти во касата на покровителите и бара потоа привилегирана позиција сосе камата. Во јавноста на крајот на 90-тите стана познат по тоа што после падот на новинарското царство кај печатените медиуми (НИП „Нова Македонија“) го презема на себе одржувањето на еден сегмент кој поразениот СДСМ (во 1998 г.) што се процени како интелектуално највреден. Тоа беше поголем дел од некогашниот неделник „Пулс“. Беше проценето дека неделникот може да е поевтин како производ ама поефикасен во пласирањето на одредена политика која би довела до нејзино враќање на власт. Ја купи и телевизијата „Скопје“ (во неа беше вработена Оливера Трајковска!) ама немаше сила да ја активира во полна сила.
Палчо, како и еден сегашен најмоќен могул – Орце Камчев, имаше и политичка функција кај социјал-демократите а тоа беше „круната“ во кадровската политика: претседател на градската организација на Скопје. Ова го направи главен инвеститор во „најплодната нива“, во централното градско подрачје како што се Дебар маало и Буњаковец, од другата страна на Партизанска
По менувањето на власта, после 2006 година, со многу помпа и сензации се уриваше дел од неговите изградени објекти. „Курбан“ отиде Петра Митева од УЈП Скопје заради тоа што ја откупи зградата Тифани, изградена од УПА Ентеропрајз за потребите на јавната установа, секако под убедување од врвот за на најбрз начин да си го врати влогот, иако спорот за легалноста на објектот траеше. Може да се рече дека во мигот кога легалноста на Тифани беше потврдена Палчо можеп да се смири и евентуално да се посвети на бизнисот. Ама со испуштен континуитет…
Палчо пушташе во јавност пак делови од прислушкуваните разговори, познати како „бомби“ на Ју-тјуб под прекарот Никола Тесла. Во нив се присутни со гласот и политичари и новинари, негови омилени статисти со чија помош тој едноставно им даваше на знаење на противниците дека лесно може да им смести некоја аферичка. Проблемите во она време беа во тоа што бројот на новинари подготвени за такви ролји беше голем, па секој на секого од политичкиот пејсаж можеше да му создаде непријатни ситуации.
ПАТУВАЊЕ КОН ШВЕРЦОТ Кога и како Палчевски се претвори во проруски телал, во содејство во ВМ;РО ДПМНЕ можете да прочитате поопширно на (https://gradska.mk/%d1%99upcho-palevski-palcho-uchesnik-vo-proruskite-propagandni-kampa%d1%9ai-so-dezinformaczii-od-2017-navamu/?fbclid=IwAR3cIM_pxuFvaIFIgh4Lo_iqx81QAdb1KdsHVAaCjK9DnYbvGGqLcYEC9Xg).
Таа негова позиција секако укажуваше дека му е изместено неговото чувство за стабилност и веројатно му ги намалила приходите (или тој можеби и премногу трошел). Па така во 2019 година е притворен во Белград во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва (види поопширно https://fokus.mk/vo-belgrad-pritvoren-lupcho-palevski-palcho-po-poternitsa-od-hrvatska/). Индикативно е дека по него имало потерница од Хрватска во 2015 година, каде останал задолжен, веројатно како сопственик на фирма за правење на палети, колку што се знае за него. Тој наводно како бизнисмен требал со авион да отпатува во Москва (!) а токму тогаш е активирана потерницата а не на македонско –српската граница, макар и од другата стѕрана (!). Не е сосема јасно како и зошто е ослободен по само неколку месеци!
Но доаѓаме до сегашноста – Палчо или бил шворц, што ја објансува неговата последна авантура со киднапирањето на девојчето Вања. Индикативно е дека тој во својот поткаст каде држи говори (се работи за монолози) најчести ги споменува банкарите како најголемо зло на ова општество а тоа значи дека веројатно е презадолжен кај нив, па и ова објаснува зошто овие институции му се најголемио зло, како на јунакот од романот „Поклонението на Арсение Његован“ на Борислав Пекиќ.
И фактот дека патот за Москва не се реализирал секако говори дека неговите планови не се остваруваат. Солза Грчева од „Глас за Македонија“ тогаш се оградуваше од ова патување и вели дека тој заминал какко бзнисмен а не како активист на нејзината партија каде се уште се водел само како активист
И ПОД РУСКОТО ЗНАМЕ Откако беше пуштен на слобода по притвор што го спречи неговото „поклонение“ таму каде што треба тој уште пожестоко ја напаѓаше власта на Заев. Веројатно под притисок на руските интереси дошло до спојување на малите политички субјекти Резултатот е „нула плус нула е рамно на нула“ ама по тепањето на Палчо на улица од анонимни моторџии се огласи најнапред ДПМНЕ со ставот на својот шеф дека сторителите на таквиот грозоморен чии се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта. Тепањето веднаш го осудија и другите „нули“ од списокот на десни партии.
Палевски исто така во мај годинава бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица, каде со неколку лица барале злато (https://vecer.mk/makedonija/ljupcho-palevski-faten-od-mvr-so-pishtol-go-nosel-bez-dozvola-barale-zlato-kaj-tunelite-demir-kapija). Копањето било изведување ноќе а при оваа акција на полицијата му бил одземен пиштол марка „валтер“ кој нелегално го држел кај себе.- имал дозвола да го поседува ама не и да го носи овде-онде. Ова е важно бидејќи се отора темата дека со тој пиштол тој неодамна ги убил Вања и Панче (да речеме во Студо 10 на 5 декември!). Овие работи се проверуваат, па се изнесуваат во јавност. Пиштолот во акцијата е доземен!
И така дојдовме до актуелниот настан Љупчо Палески-Палчо е убиецот на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Фатен е при бегство започната пред власта да има индиции за сторители, уште помалку дека се работи за членови на една партија! Мотивите сами се лепат, иако никако не можат да го оправдаат епилогот. Палчо немал средства за да живее како што живеел. Говори филипики против банките што значи дека е должиник пар екселанс (тоа нема да се дознае заради банкарската тајна) или барем е осиромашен до степен што ги инхибира неговите навики на живеење. Има и амбиции да прави партија со која на следните парламентарни избори ќе ја подобри својата позиција на пазарење. Со кого? Па со десницата нели. Веќе имаше укажувања дека Мицковски се видел најмалку три пати дома (значи во дискреција) со Палчо. И првиот човек на Гром при гостување во Студиот 10 (на 6 декември) спомена дека негов пријател лично два пати го носел во домот на Мицкопвски. „ И јас сум пријател со Мицковски ама никогаш не сум му одел дома“ – забележува тој првото утро по објавувањето на веста за Палчовото апсење во Турција, првиот ден на „хемиското чистење“ на совеста на политичарите и новинарите колку што можеше да се свати во разговерот со водителот Мишко Иванов. А поводи не да има (поопширно види на civilmedia.mk/lavina-dezinformatsii-i-obidi-za-politichka-zloupotreba-na-sluchajot-so-monstruoznoto-ubistvo-na-14-godishnoto-devojche/).
Руската балканска политика, чиј експонент е и екс-бизнисменот од „Упа ентерпрајс“ е многу јасна во своите намери а тукашните рубљови секако треба да играат по таа музика. Тој, со оглед на настаните решил да ја промени ситуацијата користејќи го орудието што го има – своите најверни членови на „Десница“. Сите актери во акцијата „пари за животот на Вања“ се членови на таа партија. И она што се одбегнува да се каже – и Панче Жежеовски е нивни „соборец“ а дури и активен копач во барањето на злато на Палчо, како очајна форма да се „добие на лото“ и да се поправи финансиската ситуација. За лидерот ама и за животот на партијата. Практично се вели дека Жежовски – по една од хипотезите на професорката Ременски, што треба да се респектира, станал „недоверлив“ – знаел за акцијата и можел да ја провали. Во корист на оваа теза оди сведочењето на Страшо Ангеловски од МААК во „Само вистина“ (https://kanal5.com.mk/angelovski-lichno-se-poznavav-so-panche-zhezhovski-mravka-ne-bi-zgazil/a614632) кој вели дека ги чува пораките од Жежовски кој се жалел на состојбите во неговата партија и сакал да се види со него! Дали ваквите разговори, ако се вистинити, не говорат веќе за „нелојалноста“ на еден од ударната група на Палчо?! И дека не се работи ниту за 500 евра борч, ниту за користење на неговиот автомобил, кој и онака во еден миг останал без стопан.
СЕКОЈ ДЕН НОВИ МОМЕНТИ ОД ИСТРАГА А ГЛАВЕН ПРОДОНЕС ЗА ВИСТИНАТА СЕКАКО ЌЕ ДОБИЕМЕ ПО ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЧЕВСКИ Истрагата за убиството од криминалистички аспект има свои слаби страни. Истите веројатно многу бргу по екстрадицијата на Палчо од Турција ќе добијат „драгоцен камен“ на истрагата. За верување е дека ќе започнат и меѓусебните обвинувања на актерите во убиствата, бидејќи претходно бегството на клучниот организатор од земјава им даваше простор сите клучни дејствија од криманлно- правно значење да ги префрлуваат на него. И обратно – тој ќе посочува кој од сопартијците направил значајно дејствие, посебно кон убиството на Жежовски во Велес, бидејќи двајца од оние кои се под истрага се од овој град.
Факт е секако дека Палчевски ја изградил големата и лусузна станбена зграда во која живееше малата Вања, претходно и починатите родители на мајката, а наводно (истрагата треба да провери во катастарот) тој се’ уште имал мали делови од зградата во сопственост. Значи за него вратите би биле во тој случај отворливи а грабнувачите би имале поголема комиоција за акција.ако жртвата ја одвеле во некоја посебна просторија и ја подготвиле за носење во вреќа за спиење кон (како што се смета) викендичката на родителите на Палевски во Бразда. Споменувањето на Бразда на пресот на обвинителството и МВР од страна на Спасовски наиде на мрморење на Гаврил Бубевски, веројатно заради сокривањето на овој детал од амбиентот во кој е сторено убиството на Вања Ѓорчевска. Ова е секако се’ уште претпоставка, бидејќи таа викендичка би асоцирала на намера за организирање на подолготраен престој на киднапираното лице. Ова јасно одново става акцент на дилемата – зошто грабнатата Вања е убиена толку бргу: И ја осмислува тезата дека таа можеби била задушена при превозот, онака заврзана, со крпа во устата и ставена во вреќа за спиење (теза на професорката Ременски од Факултетот за безбедност, да се потсетиме).
Улогата на таткото на една од жртите – Вања Ѓорчевска веднаш беше најслабата карика во сите теории. Секој ќе се запраша – па ако се монструми оние кои се учесници во грабнувањето на девојчето Вања што ли ќе се рече за наведувачот кој е нејзин родител? Токму тој факт беше шокантен и за регионот – белградските новинари се прашуваат „како татко да ја ’типува’ својата ќерка“? Инаку секој скопски таксист ќе ви кажеше веднаш и пред осознавањето на осомничените дека токму родителот има биографија која укажува на неговата вмешаност. Засега да кажеме толку, со тоа што се чини дека сликата за наводната семејната хармонија (на разделените родители!) што доаѓаше од домот на жртвата можеше да влијае на брзината на истрагата и на неможноста понавреме да се редуцираат насоките на трагачите!
Снимките на носењето на осомничените во истражниот затвор покажа дека тие лица се во затворски одела. Зошто? Па велат од затворот тие инсистирале пред камерите да носат маички на кои стои амблемот на нивната партија! Инаку, движењето „Десна“, на средината на месецов требало да слави една година постоење. Веќе доста е говорено за јазикот и програмата а тие се дел од некои други партии од истиот калибар што по овој настан тешко дека ќе ги освојуваат симпатиите на гласачите!
„ДЕСНА … јасно става до знаење дека треба и мора да се преуреди законот за користење на симболи и знамиња на начин што не само местото, туку ќе ја уреди и количината на нивно користење, секако и ДИМЕНЗИИТЕ на сите знамиња кои се употребуваат во државава.. За ДЕСНА, оваа провокација е уште една причина и доказ дека поништувањето на договорот со Грција е неопходност без која Македонскиот народ нема шанса да преживее и дека треба многу по сериозно да се надгради политичкото делување на сите политички субјекти надвор од СИСТЕМОТ на КУ**ОиМУРТО. Политичкото делување мора да се дислоцира од СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи затоа што токму тие, социјалните мрежи се нај силниот издувен вентиул на Македонската емоција и бес, но под комплетна контрола на Атлантистиве и нивните вистински газди , ЦИОНИЗМОТ. Провокацијата е само логичен след на проектов во кој живееме и исчезнуваме како Македонци, како мнозински народ, без сопствена политика или пак со политика во раѓање со име Политичка партија ДЕСНА“, објавил Палчо. Пренесено е како што тој пшишува и се изразува. На својот поткаст „Крш“ (се изгубија од видливоста деновиве кога беше во бегство) ги изнесе. Го гледав како говори во т.н. емисија на тој поткаст во вторникот, ден после убиството на Вања (настапот беше одложен од Палчо во понеделникот, бидејќи говорникот си дал себе си други, крвави ангажмани) и тој не одаваше човек кој се кае за нешто или има грижа на совеста. Ова само толку засега. Ќе има набргу нови поводи да ги откериеме сирте детали кои го испровоцираа овој настан. Сторен под знамето до Вергина, да не заборавиме.