Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МОСКВА ЌЕ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА АКТИВНОСТ НА БАЛКАНОТ СО НОВИ МЕТОДИ

November 20, 2018 Filed Under: Македонија

На научен симпозиум во Белград деновиве заклучено од страна на меѓународни експерти дека следните антизападни чекори на Москва ќе одат од силна политичка реторика до саботирање и уривање на западните демократски вредности, а сето тоа како сопка за Македонија и за останатите земји од регионот кои имаат јасна евроатланстка определба

И ДА БИДЕ СМЕНЕТ И да биде сменет Путин од претседателската функција, системот нема да се промени

Иако Кремљ нема што да понуди, Русија нема да се откаже од Западен Балкан и ќе продолжи со реторичка борба за уништување на европскиот и евроатлантскиот интегритет во очите на земјите аспиранти за членство како Македонија, Србија, Бих…, коментираат аналитичарите.

Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора… имаат право сами да одлучуваат на која организација ќе ѝ се придружат, но Русија тоа не го прифаќа, а тоа е нешто околу што нема компромис, се согласија учесниците на панелот во Белград, насловен „Надвор од идеологијата – Односите на Западот и Русија и политичкиот прагматизам“. И затоа, рекоа учесниците, директно ја прашуваме Москва – Што има проблематично во тоа што ЕУ и НАТО сакаат повеќе стабилност, мир и слобода во Западен Балкан?

Еден од учесниците на панелот, научникот Штефан Лене, од Карнеги Европа, вели дека Русија има малку што да им понуди на Македонија, Србија и на другите земји од Западен Балкан, и затоа „се обидува да фрустрира и да саботира, иако нема средства да го преземе кормилото во регионот“. Оттаму, дополнија другите учесници, произлегува заклучокот дека Русија сака со мала акција да постигне многу регионот.

„ЕУ ги привлекува земјите од Западен Балкан, што е фрустрирачко за Русија, и затоа таа и во наредниот период ќе се обидува да ги опструира акциите на Брисел колку што може повеќе“, вели Лене.

Иако снемува сили за политичка борба со Западот, Кремљ нема да се откаже, вели и аналитичарот на Викистрат, специјлистот за Русија, Павел Лужин. Според него реторичката борба на Русија ќе биде во насока на уништување на европскиот и евроатлантскиот интегритет во очите на земјите аспиранти за членство.

ПАВЕЛ ЛУЖИН Реторичката борба на Русија ќе биде во насока на уништување на европскиот и евроатлантскиот интегритет

Со политикологот Павел Лужин се сложуваат и голем број други меѓународни експерти кои очекуваат следните антизападни чекори на Москва да одат од силна политичка реторика до саботирање и уривање на западните демократски вредности, а сето тоа како сопка за Македонија и за останатите земји од регионот кои имаат јасна евроатланстка определба.

Дека во наредниот период, кога Македонија е сериозно на прагот на ЕУ и НАТО, Русија постепено ќе снемува сила, но дека ќе ја заострува својата антизападна реторика се сложуваат и дел од македонските експерти, или како што вели за РСЕ политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, Москва ќе го засили наративот.

„Мислам дека Русија во наредниот период повеќе ќе се префрла на наративот отколку на некакви дејствија. Ние сме свесни дека такви дејствија имало, особено пред 27 април. Видовме дека една Русија која била инертна 20 години, од 2013 година стана поактивна, па дури и нивната дипломатија почна да укажува на одредени процеси во Македонија и да се ориентира кон оние кои беа во критиките на нашите западни партнери“, вели Муслиу за РСЕ.

ШТЕФАН ЛЕНЕ Претставникот на Карнеги еднаш дојд во земјава, во време на претходниот министер за надворешни Попоски

Решението за подобрување на односите на Русија со Западот, а со тоа и со земјите од Западен Балкан, лежи во позитивните промени на рускиот политички систем, бидејќи како што на белградскиот панел рече аналитичарот Павел Лужин од Викистрат, „ниту хипотетичкото повлекување на Путин не би било доволно, бидејќи рускиот политички систем е многу пософистициран од класичните диктаторски режими“.

(Текстот е преземен од Радио слободна Европа, опремата е на Глобус)

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet