Додека Европа и САД се борат со порастот на етничкиот национализам како сила која ги дели нациите, поделената Босна нуди мрачни лекција за тоа дека поделените страни во една земја кои влегле во конфликт, многу долго потоа не можат да заборават дека биле разделени
ЕНДРЈУ ХИГИНС
Кога ќе избие пожар во босанскиот град Мостар, Сабит Голош, пожарникар ветеран, знае дека не мора да се грижи додека огнот не допре до муслиманската страна на градот, кој е 1992-1994 беше сцена на ужасен етнички конфликт.
Причината е тоа што во Мостар, иако мирот владее долго време Владата организирала две одделни противпожарните бригади – една составени главно од муслиманите како Голош, кои се одговорни за гаснење на пожар на источната страна од некогашната линијата на фронтот, а другата, составена од католици си ги гаснат пожарите на својата страна на градот. Линијата на фронтот одамна престана да биде граниоцата на завојуваните заедници и официјално не постои ама се уште е жива во сечиј ум, како амблем на етнонационалиситчките неесогласувања кои продолжуваат да го парализираат целиот Мостар и Босна.
Додека Европа и САД се борат со порастот на етничкиот национализам како сила која ги дели нациите, поделената Босна нуди мрачни лекција за тоа дека поделените страни во една земја кои влегле во конфликт, многу долго потоа не можат да заборават дека биле разделени.
Прекинатиот раскин тука беше видлив и на неодамнешните национални избори, обележани со националистичка реторика и со отворената дилема дилема за продолженото постоење на Босна како држава воопшто.
„Европа е овие денови загрижени за порастот на десницата, ама овој град е далеку понапред од сите, кога станува збор за покажување на негативни емоции кон „другиот“ односно емитирање на знаци на долготраен етно-национализам”, вели Тим Кленси, Американец кој живее во БиХ и кој има работено во Мостар за време војна и помагање на жртвите на конфликтот.
Овие противпожарни бригади во Мостар се дел од истото општинско преотивпожарно одделение – како и две компании за собирање на сметот, двете болници, двете дистрибуции на електрична енергија, двете автобуски станици, двата популарни ноќни клубови и двете екипи технички служи кои го поркиваат истиот град. Но, всушност, тие беа всушност нацртани зад линијата на фронмтот кој постоеше четвртина век во најлошиот европски конфликт по Втората светска војна.
„Сè во овој град е многу јасно. Секој знае кој е која територија се наоѓа”, вели Голош и додава дека диспечерот никогаш не испраќа неговата бригада да го изгасне пожарот во „погрешниот“ дел од градот, кој за време на војната бил контролиран од страна на хрватските сили, дури и ако тие се можеби поблиску.
„Ова е вашата иднина”, вели Аднан Хускиќ, професор по политички науки и меѓународни односи на Факултетот за наука и технологија во Сараево. „Ние се соочуваме со подемот на националистичкиот популизам со години”.
Наместо создавање на обединета држава, мировниот договор од 1995 година со кој беше прекината босанското крвопролевање – потпишан во Дејтон, Охајо од страна на лидерите на Босна, Србија и Хрватска – само ги воспостави националистичките елити од војната. Тој ја сподели Босна со два „ентитети” – мнозинскиот српски во Република Српска и муслиманско-хрватската Федерација на Босна и Херцеговина. Оваа кревка, распрскана држава ја предводат тројца избрани претставници на босанските Срби, Хрвати и муслимани, исто така познати како Бошњаци.
Владата е поделена по етнички линии со формирање дополнителни 10 единици на локалната самоуправа, од кои секој има свој претседател и голем број министри кои извршуваат многу слаби функции на националната влада.
Голос, муслиманските пожарникар, вели дека има многу пријатели зад етничката граница и дека не чувствува непријателство кон Србите кои ја започнаа војната и кои се сега претежно иселени од градот или на Хрватите кои за време на војната од неговото соседство испраќале гранати и снајперски оган кон него.
Тој се грижи дека, наместо да бидат заборавени, воените поделби само ќе се зајакнат. Причинатае во тоа што децвата си учат во етнички раздвоени училишта и секој знае само за својата етнички групи во Мостар. „Ние се вративме наместо да одиме напред”, вели Голош.
Неговата 20-годишната ќерка Амила оди во средно училиште во истата зграда каде што одат и хрватските ученици, но никогаш не се меша со нив, бидејќи децата одат на часови во одделни смени – муслимани од 7 наутро а Хрвати од 14 часот, часовни зони кои важат во цела Босна.
Таа вели дека нема хрватски пријатели, но познава неколку Срби. За време на викендите, додава тој, младите муслимани одат на забава во ноќен клуб од источната страна од градот, додека Хрватите сакаат да се забавуваат во „Пинк Пантер“ на другата страна на градот. “Не сакам да бидам дел од ова, но мора да прифатиме дека постојат поделби”, вели таа.
Како и многу млади Босанци, а таа размислува за емиграција во Западна Европа, бидејќи таму е полесно да се најде работа, платите се подобро и така може да избега од очај што многумина од врсниците го чувствуваат.
Економијата се опоравува благодарение на меѓународната помош, но невработеноста кај младите луѓе е речиси 60 проценти. По повеќе од две децении кризни кризи, кревок општествен поредок на Босна преживеал и покрај предвидувањата дека ќе пропадне секој час. Оваа способност да преживее и покрај сите шанси сега е сериозно компромитирана, вели Педи Ешдаун, британски политичар кој од 2002 до 2006 година беше висок претставник во Босна. Неговата турбулентна прогноза се одржа и по изборите во октомври, кога доминираше племенската лојалност, особено во Република Српска.
Резултатот од гласањето – избор на стврднати националисти да се одржи српски член на босанското претседателство, предизвика гнев кај Хрватите, кои се жалат дека изборите за нивните претставници се насликани етнички нечист гласачите: многу муслимани гласаа за Хрватската победник, умерена Хрвати кои се тврдокорните националисти се откаже затоа што е поддржано од друго етничко мнозинство.
Резултатот од гласањето – избор на закоравен националист како да српски член на босанското претседателство, предизвика гнев кај Хрватите, кои се жалат дека при изборите за нивните претставници се насликани„ етнички нечисти“ гласачите: многу муслимани гласаа за хрватската победник, умеренаХрват од кого тврдокорните националисти се откажаа затоа што е поддржано од друго етничко мнозинство.
„Без разлика на тоа дали ова ќе доведе до конфликт? Веројатно не. Но, меѓународната заедница ескивира постојано за да нема повторно катастрофа од огромни размери”, рече Ешдаун. Проблемот не е во тоа што Босна се уште е поделена, туку дека Европа и САД се толку поларизирани што проблемите на Босна не се премногу интересни. Вакуумот што се пополнува со Русија и со Турција, кои сакаат да ги зацврстат своите позиции на Балканот – Русија како заштитник на Србите и турските покровители за муслиманите. “Ова ме потсетува на сè на доцните триесетти години, сè се распаѓа, а центарот не може да преживее”, рече Ешдаун.
Руперт Смит, британскиот генерал кој командуваше со силите на ОН во Босна за време на Дејтонскиот договор, рече дека договорот што Американците го избоксирале никогаш не бил наменет како долгорочно решение, туку како „примирје”, кое се рефлектира и низ ненамерно зајакната етничката поделба во реалноста.
Тој, сепак, смета дека Клинтоновата администрација направила голема грешка со форсирање на предвремени избори во Босна кои само ја „зацементираа поделбата”, бидејќи тие се играчите кои одат на рака на националистички групи кои се создадени од конфликтот.
Две децении подоцна, истите партии или нивните наследници играат на истата карта на етничка припадност доминирана од националната и локалната политика. Во Мостар, владеат припадници на хрватскиот ХДЗ и босанската СДА, истите партии што го уништија центарот на градот.
„Често се вели дека војната е продолжување на политиката, но со други средства, но тука во Босна, политиката е мир како продолжување на војната”, вели Адис Максиќ, претседател на Одделот за меѓународни односи и европски студии на Меѓународниот универзитет Бурч, приватен колеџ во близина на Сараево. Босна, додаде тој, „ова не личи на мир, туку на состојба на не-војна“.
Додека конфликтите во секојдневниот живот се ретки, Амна Поповац, активист од Мостар и член на Наша странка, мулти-етничка партија која работи да се срушат бариерите, вели дека националистичките политички водачи, постојано играат на картата на конфликтот во цел да се добие поддршка и да се избегне преокупација со вистинскмите проблеми. „Тестостеронот игра голема улога во нашата политика”, рече таа.
Во неодамнешниот извештај за Босна и Херцеговина во Обединетите нации, актуелниот висок претставник во Сараево, Валентин Инцко даде мрачна преглед на хаосот во Босна. Во пресрет на изборите во октомври се пожали дека босанските политичари и партии „се фокусираше првенствено на меѓусебна критика и критика на меѓународната заедница, наместо тоа, ефикасно да управуваат и да ги извршат потребните реформи.”
Овој став, влошените соостојби во економските систем, каде што работните места и корупцијата одат по поделените етнички линии, го нарушуваат функционирањето на босанската држава. Со години мораше да врши притисок Светската банка и другите организации за Мостар да формираат заедничка депонија, каде што ѓубрето го донесуваат две претпријатија на градот – еднон муслиманско и друго хрватско. Дури и сега, вели Невен Херцег, претседавач на кантоналчната влада, заедничка депонија која се наоѓа во претежно муслимански дел од градот, понекогаш не сака да го прима хрватското ѓубре.
Воената претходна линии оди по Неретва, преку која повторнофункционира реновираниот Стар мост, направен со отомански камен од 16-тиот век. Симбол на отоманската архитектура која хрватските сили го уиштија за време на војната и потоа го спречија комуникацијата на другата страна на реката. Неколку стотина метри на територијата на западниот брег, по должината на булеварите, се уште се наредени урнатини и објекти на кои се уште има дупки за бомбардирање. Дури и денес, централната улица има две имиња: Муслиманите тоа е Булевар на националната револуција, а за другата страна тоа е Булевар на хрв атскиите бранители.
Разликите меѓу Бошњаците, Хрватите и Србите се мали – зборуваат на ист јазик, изгледа исто и најчесто јадат иста храна – затоа некои кои ја проучуваа војната се завртеа кон Фројд и неговиот „нарцизам на малите разлики“, со цел да ја објасни причината за толку многу национализам. Единствената разлика е во религија: тука живеат католичките Хрвати, Бошњаците кои се муслимани и православните Срби, беа обединети додека имаше малку вистински верници и сите заедно си пиеја кафе.
Најголемата проклетството на Босна, вели Поповац, активистка од Мостар, што би нермало етничка и верска нетрпеливост ако тоа не го создаваат националистичките политички лидери, кои така одржуваат системи во кои расте нивната корупција. „Едноставно следете ги парите”, рече таа.