Белата куќа и саудискиот принц престолонаследник се борат да ја контролираат штетата после убиството на саудискиот новинар Џамал Кашогџи
БИЛ ЛОУ
„О, како замрсена мрежа плетеме кога за прв пат вежбаме да прелажуваме…“ ова се стихови кои се припишуват на Шекспир а всушност ги изговорил шкотскиот бард сер Волтер Скопт во 1808 година. Како добро заплеткана мрежа се опишува сега онаа која ја заплеткал саудискиот принц Мохамед Бин Салман (скусено МБС) во врска со бруталното убиство на новинарот Џамил Кашогџи во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври годинава.
На 3-ти октомври, во сеопфатно интервју со Блумберг, МБС беше запрашан за исчезнувањето на Хашогџи. Неговиот одговор стана првиот саудиски наратив: „Моето сознание е дека тој влезе во конзулатот и излезе по неколку минути или по еден час”. После тоа, саудиските власти ја раширија приказната дека Хашогџи исчезнал. Тие наводно немаа идеја каде е тој. Кога Блумберг побара од МБС дали е се уште во конзулатот, принцот на круната одговори: „Тој не е внатре”. Така ќе покажат и настаните, тоа беше вистина.
ТУРСКА КАМПАЊА „КАПКА ПО КАПКА“ Саудиските власти планираа нарација дека не знаат каде се наоѓа Хашоџги, додека го исмејува неговото име во домашниот печат, а пријателските новинари на Запад се обидоа да го сторат истото. Но, турските власти ја започнаа кампања „капка по капка”, врз основа на тајни снимки и слики од видео надзорот што беа во нивна сопственост и кои наскоро го поткопаа овој оригинален наратив. Така, Саудијците почнаа да користат друг наратив: дека случајно бил убиен Хашогџи, по расправата и борбата со тупаници кои избувнале во конзулатот. Оваа верзија, исто така, се распадна под тежината на Турција, безмилосно пресметана во низата на постепено објавување на информации.
Потоа дојде трета приказна: Кашоггџи го задушил оддбегнат агент и неговото тело му било дадено на мистериозен турски соработник за да се ослободи од него. Потоа следеше сменет наратив – убиството било направено со предумисла а одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. И 18 осомничени се несомнено уапсени. Никој не е именуван. Потоа, на 15 ноември јавниот обвинител, повторно без никакви имиња, објави дека се обвинети 11 луѓе и дека побарал смртна казна за петмина мажи кои се држат во притвор. Причината за одметнатиот агент беше повторно оживеана. Но, наместо дека новинарот е задавен се тврдеше дека го убиле со смртоносна доза на седативи.
За неколку часа, американското Министерство за финансии објави список од 17 саудиски државјани кои се соочуваат со санкции, врз основа на Законот Магнитцки. Сауд ал-Катани, висок советник и многу близок соработник на МБС, како и Махер Мутреб, висок официјален претставник за безбедност, беа во списокот и за нив се рече дека го предводеле нападот врз Кашогџи. Мутреб честопати го придружуваше принцот на круната на патувањата во странство. Сето ова беше дел од истата сцена: Саудијците ќе ги казнат оние кои тврдат дека се сторители, а Соединетите Држави ќе го следат нивниот пример со санкции, постојано се придржуваат кон приказната дека МБС не е вклучен.
НАВИСТИНА СПЕКТАКУЛАРЕН СОЈУЗНИК Заради сигурност дека планот тече непречено, Белата куќа, исто така го именуваше амбасадор на САД во Ријад, откако местото беше слободно речиси две години. Но, големите пукнатини во соработката меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Саудијците остануваат. На пример, се чини дека Катани не беше еден од оние кои го гонни саудискиот правен систем, но е на листата на Министерството за финансии на САД, поради тоа што се смета за еден од клучните заговорници. Ахмед ал Асири, друго лице во близина на МБС, не е во листата, иако саудиска јавен обвинител тврди дека тој, без знаење на МБС, го одобрил планот да се донесе во Ријад Кашогџи – со моќта на убедувањето или со сила. Значи, еден е на листата на санкции на САД, а другиот не е, и повторно – и двете лица биле длабоко вмешани во убиството.
Во исто време, турската влада не покажува знаци на откажување. Само еден ден по објавувањето на саудискиот јавен обвинител, турскиот весник Хуриет објави колумна каде се тврди дека властите имаат уште необјавени факти за она што се случувало во саудискиот конзулат на 2-ри октомври. Потоа истиот ден голем број на американските медиуми објавија дека Централната разузнавачка агенција заклучила дека МБС лично го наредил убиството на Кашогџи. Претседателот најави дека ќе се размислува и за работи според кои Саудиска Арабија „е навистина спектакуларен сојузник”. Сите овие напори ја тргаат одговорноста која американската страна би ја барала лично од МБС, бидејќи Трамп навистина би сакал да се задржи на власт. Постојат три причини за ова.
Првиот е т.н. договор на векот кој направи зет Џаред, израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху и МБС. Саудијците сметаат дека тоа е од суштинска важност за привлекување на Палестинците да го прифатат овој договор. Другата причина е сојузот против Иран. Советникот за национална безбедност на претседателот Џон Болтон долго време се залага за промена на режимот во Техеран, но Американците не сакаат да се повтори дебаклот во Ирак, и тие сакаат регионални играчи – и то Израелците, Саудиска Арабија и Емиратите, за да се добие огромна воена сила. Третиот фактор во пресметки на Трамп е неговата желба да се осигура дека МБС ќе управува со цените на нафтата и дека економијата нема да страда од негативните последици на санкциите врз Иран за нафта, како што тој вети кога ја започна неговата кампања за реизбор на членови на Сенатот и Конгресот.
ПАК БИ ЈА ПОВОРИЛ ИСТАТА ГРЕШКА Меѓутоа, постојат потенцијално смртоносни последици за политичката кариера на Трамп ако тој инсистира да го поддржи принцот. Т.н. среднорочни избори ИМ ЈА предадоа контролата на Конгресот на демократите, кои не сакаат да се изврши притисок врз претседателот поради начинот на кој тој се ракува случај на убиството на Кашогџи. Изборите покажаа дека републиканците ја имаат изгубено клучна поддршка во предградијата на Америка – Републиканската партија би можела да почне да проценува дека Трамп навистина и не би можел да се победи на следните претседателски избори.
Во меѓувреме, европскиот притисок врз Саудиска Арабија расте. Германија најави дека ќе престанат со продажба на оружје на Саудиска Арабија и воведе забрана за влез на 18 Саудијци, осомничени дека биле директно инволвирани во убиството. Сепак, во корист на МБС е фактот дека сите сериозни конкуренти за тронот како што е поранешниот престолонаследник и министер за внатрешни работи Мохамед бин Најеф и поранешен шеф на Националната гарда Митеб бин Абдула, се маргинализирани, додека други, како што се неговиот чичко Ахмед бин Абдулазиз се сметаат за премногу слаби и неефикасни да се направи промена во внатрешноста на куќата на Сауд.
Без оглед, репутацијата на МБС е во длабока криа и во голема мера непоправлива. Западните медиуми, странски бизнисмени и политичари нема да биде во можност да го слават како голем модернизатор и визионер кој го повлекува неговото пустинско царство во 21 век. Сега засекогаш ќе се гледа на него како на тип кој е несовесен авторитарен убиец, со користење на убиството како оружје за да ги замолчи оние кои го критикуваат. Ако МБС може да го врати времето, се прашувам дали ќе ја повтори истата грешка? Дали ќе ја користи истата мрежа? За жал, одговорот е да, најверојатно.