Еколозите велат дека повеќе од 25 проценти од сите мочуришни површини и животни се изложени на ризик од истребување. Научниците велат дека без био-диверзитет, нема иднина за човештвото. Тоа е затоа што воздухот, кој го дишат луѓето, водата што ја пијат и храната што ја јадат, на крајот се потпираат на биодиверзитетот во неговите различни форми
Мочуриштата исчезнуваат три пати побрзо од светските шуми, со сериозни последици за човечкиот и за целиот живот на планетата Земја.
Рамсарската конвенција е глобален договор ратификуван во 1971-та од 170 земји, со цел заштита на водните живеалишта, кои претставуваат екосистеми преплавени со вода, како што се мочуриштата, влажните земјишта и поплавените површини.
За жал, целта на овој договор е загрозена. Официјалните претставници на Рамсарската конвенција објавија дека околу 35 проценти од светските мочуришта се загубени помеѓу 1970 и 2015-та.
Ако ситуацијата итно не се промени, генералната секретарка на Рамсарската конвенција, Марта Роја Урего, предупредува дека светот ќе биде во криза, бидејќи мочуриштата се важни за сите аспекти на животот.
„Целата вода што ја користиме за потрошувачка, наводнување и за хидро-електрична енергија доаѓа директно или индиректно од мочуриштата. Мочуриштата, исто така, имаат главна функција во филтрирањето на отпадот и загадувачите, така што тие дејствуваат како бубрези на светот. Го филтрираат отпадот” – вели генералната секретарка на Рамсарската конвенција, Марта Роја Урего.
Таа вели дека мочуриштата, исто така, се од суштинско значење за регулирање на глобалната клима, бидејќи наслагите од тресет складираат двапати повеќе јаглерод од шумите во светот.
Во извештајот се наведува дека загубата на мочуриштата е главно предизвикана од фактори како што се климатските промени, зголемувањето на населението, промената на обрасците на потрошувачката и урбанизацијата, особено во крајбрежните зони и речните делти.
Авторите на извештајот велат дека биодиверзитетот, исто така, е во состојба на криза. Тие велат дека повеќе од 25 проценти од сите мочуришни површини и животни се изложени на ризик од истребување.
Научниците велат дека без био-диверзитет, нема иднина за човештвото. Тоа е затоа што воздухот, кој го дишат луѓето, водата што ја пијат и храната што ја јадат, на крајот се потпираат на биодиверзитетот во неговите различни форми.
Мочуриште или блато по дефиниција е влажно подрачје со шумска вегетација. Многу мочуришта се јавуваат покрај поголеми реки, каде суштински зависат од нивниот водостој.Други пак, се јавуваат на бреговите на поголемите езера. Некои имаат изолирани делчиња со нормална вегетација, додека пак други имаат суви возвишенија обраснати со водни растенија или растенија што трпат повремени поплавувања. Постојат два вида на мочуришта: „вистински“ барски шуми и „преодни“ мочуришта од честак. Водата во едно мочуриште може да bиде слатка, соленикава или солена (морска). Најголемите мочуришта во светот се среќаваат крај големите реки како што се Амазон, Мисисипи и Конго
Во минатото Македонија имала разни богати мочуришта со разновиден жив свет. Такви биле Катлановско, Моноспитовско, Пелагониско, Струшко, Негорско, Овчеполско и Студенчиште. Пред мелиорациските потфати, во Македонија имало 86.000 ха мочурливи површини, а по овие потфати се останати 22.000 ха.
Денес поважни мочуришта се Катлановско Блато, Моноспитовско Блато, Белчишко Блато. Моноспитовското се смета за последно големо мочуриште во земјата. Големи блатни површини постоеле во околината на Скопје, во подрачје наречено Скопска Блатија. Голем дел од нив во поново време се исцедени, и останати се само мали делови. Поскромните блата по котлините се предмет на проучување и заштита.
Пелагониската Општина Новаци гради стратегија да направи мочуриште за спас од поплавите на земјоделските површини во битолскиот дел на Пелагонија. Воедно, мочуриштето е замислено да се прави како туристичка атракција, со многу содржини.
Според плановите на Општина Новаци, мочуриштето ќе треба да биде во атарот на селото Гнеотино, каде земјоделските површини континуирано се под вода, што поради подземните води, што поради излевањето на Црна Река и на каналите.
– Имаме околу 40 хектари земјоделско земјиште кое речиси секогаш е под вода, затоа правиме стратегија да го направиме мочуриште. Секако тоа ќе биде со флора и со фауна и со придружни содржини кои ќе бидат актракција и ќе привлечат туристи. Во исто време, ќе имаме и издишен вентил за надојдената вода во случај на поплави во Пелагонија. Тука се работи за голема површина која допира до селата Гнеотино, Брод, Рибарци, места кои се лоцирани околу Црна Река – вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.
Во минатото во Пелагонија имало помали мочуришта со разновиден жив свет. Но, тие биле исушени и зафатени со мелиорацискиот систем. Од Општината Новаци велат дека сега ќе бараат помош од Владата повторно да се направи мочуриште во Пелагонија, како контрола на поплавувањето.
– Ќе бараме пари од Владата бидејќи само со наши средства не ќе можеме да го изградите мочуриштето. Затоа е потребна поголема инвестиција, но на крај ќе решиме многу проблеми со водата во полето и ќе ги намалиме штетите од евентуални поплави – рече Котевски.